1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Алергии кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 18 март 2011.

  1. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Алергии

    Стефи23, прави така како што ти кажала докторката, оти со алергиите нема зафрканција. Кога ќе се потсмири, давај му ги неделно по едно за да видиш кое ја прави алергијата. Нашите бебиња се разлика само 1-2 недели, а јас досега му имам дадено само компир, морков, ориз бел и интегрален, тиква, банана, јаболко и круша и мешавина од по две. Почнувам постепено и не брзам баш од тие причини, оти кога беше 1-2 месеци се исфрли и му правевме алерго тест од страв. Јајцето е многу јак алерген т.е белката и мислам дека до година се дава само жолчка оти она не прави алергија.
     
  2. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    Алергии

    јас почнав со 4 месеци прво сокчинја ги поминавме скоро сите вкусови а му воведував едно нешто на 4-5 дена па со овошни кашички па со полни 5 и зеленчук ама пак не му воведував ништо наеднаш чекав да помината неколку дена. е јајце и павлака пу дадов со полни 6
    првиот пат се нафрла од пудик од хумана и од тогаш нема престанато ете ноќеска и сабајлево нема ништо нигде ама попосле највероватно ќе се нафрли па пак ќе му исчезнам
    мене то ме буни оти се губат. ако е алергира нема да биди нафрлен цело време???
     
  3. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.766
    Пол:
    Женски
    Алергии

    Доколку исчезнуваат можеби е знак дека организмот се бори, најдобро ќе ти биде да не му даваш од таа храна поттикнувач, провери што има во составот на пудингот од Хумана, замени со некој друг пудинг и гледај храната што ќе му ја даваш да биде домашно подготвена барем за еден период додека да закрепне. Доколку му даваш и АД млеко, па да не е до него, пробај да го ставиш на диета со ориз, компир и сл.
     
  4. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    а дали е можно да му биди од млекото оти нели до 6 месеци се дава 1 а од 6 се дава 2
    е и тогаж почна да се нафрлува ко влезе во 6 ко почнав да му давам нан2..
    можи да му е многу јако млекото?????
     
  5. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.906
    Допаѓања:
    103.072
    Пол:
    Женски

    еве јас да се самоцитирам , на ќерка ми и се појавуваше алергијата се до почетокот на октомври и се бевме под Зиртек , само што ке престанеше со пиење одма се јавуваше. Имаше моменти и кога пиеше лек да и се појави алергијава. Ја однесовме на алерголог тоа последно ни остана и испитавме крв и ставија алергени како млеко , јајца и се покажа негативно. Јас ја држев и на диета , но и покрај тоа пак и се јавуваше. И да ви кажам ни рече лекарот да ја однесеме да и прават тест со боцкање по рацете - алерготест , но јас одбив зашто како прво мислам дека нема шанса дете од 19 месеци да седи и да го боцкаат..И дигнав раце си викам нешто и смета не е до храна , риба не и давам зашто еве пробав пак пред 2 месеца и пак поврати во млаз така да до 3 год не пробувам да и давам риба. Имаше денови пред да се појави алергијата и б еше затнат носот , цел ден киваше. Сега веќе фала му на Бога и се нема појавено пак алергија , н о по мое мислење некое дрво тогаш цветало септември/октомври и и сметало тоа..
     
  6. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    работата се вложи син ми беше многу нафрлан и го одесов на болница му кладоја инекција и ни дадоја zyrtec по пола лајце навечер.сега јадиме само ориз компир оризова вода и хипоалергено млеко. и док. на болница и матичната ми реце дека можи од кашичките од конзервансите
    понеделник ќе правиме крвна слика и ќе ни кажат како и што понатаму... ;( ;( ;( ;(
     
  7. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    мојата тогаш покажува мислам дека липата ни го еба мамето хахаххах сориии
     
  8. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Забележав дека мојот се исфрла по лицето од мед. И тоа само на левото обравче. Дали да му давам по малку мед, за да се навикне или ич да не му давам одреден периос?
     
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Блонд, те прочитав и во другата тема за намалениот имунитет и апетит.....мој предлог ти е да не му даваш воопшто некое време, барем додека не зајакни доволно да може да се бори сам со алергенот.
    Не го иритирај без потреба :shake:
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  10. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    не му давај никако а со медот се подразбира и прополисот и мојата е алергична на мед и прополис
     
  11. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    според мојата логика неможи од алергија да се губат и пак да се појавуваат зрнциња.
    а истото ми го имат кажано повеќе луѓе
    е утре ќе одам на педијатарпа ќе видам што ќе кажи.
    јас убедена сум дека е од млекото многу му е јако
    ете денес не му давам млеко и не е нафрлан.а не пие зиртекс
     
  12. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    епа феминки сепак било алергија и највероватно од ад млеката со бр2. е
    сега ќе си јади синчето скоро се ама си пие humana sl (млеко без млеко) :( :(
    другата недела ќе одиме на контрола.
    првпат бев во приватна болница и луѓето биле во право што се фалат од приватните болници и нивните доктори.
     
  13. dannaa

    dannaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    1
    Кај керка ми сега откривме алергија на казеинот во млекото а таа има 4 години, која се манифестира со бронхит. Малку ни е тешко сега зашто целосно исфливме млеко и млечни производи а тоа беше наша основна храна (нели се трудиме здраво да се храниме). Дали некој знае што значи она што го има на многу производи ,,може да содржи траги од млеко,,? Дали некој знае при повторно воведување на млеко во исхраната треба прво да се дава млеко или млечни производи?
     
  14. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Ајде тука да пишам, мислам дека во оваа тема ќе помогне на некого.

    Ќерка ми нема пробано кравјо млеко, ниту планирам некогаш да и` дадам. Со козјото беше до пред 1 недела, кога веќе и не може да се најди, зошто козите се трудни периодов, и не се препорачува нели пиење такво млеко оти е полно со хормони.
    За да можам да и` заменам соодветно, а да не е кравјо, направив бадемово млеко домашно, и супер си го прифати! Еве извадок за нутритивните вредности на тоа млеко:

    Извор

    Како јас го подготвив:

    250гр нелупени и непечени бадеми, се оставаат преку ноќ да отстојат во вода (или околу 8 саати)

    Се измиваат од водата во која стоеја, и се ставаат во блендер, заедно со 1л вода од филтер (за да не содржи бигор, хлор и слични глупости, а јас + ставив и скоро цело лажиче сода бикарбона, за да ја „неутрализира“) и се` заедно се блендира. Уште веднаш водата ќе се обои како млеко, ама продолжете да блендирате едно 5мин, за да се иситнат убаво бадемите.
    После тоа, млекото се процедува низ газа во друг сад (по можност поширок и подлабок, за да не ви протекува од страна) и на крај убаво се стиска „пирето“ од бадеми, за да ослободи уште повеќе течност.
    И толку :) Се чува во стаклено шише во фрижидер, можело да отстои и до неколку дена, кај нас ќерка ми го испи веќе 4от ден и пак си беше супер.
    Ако сакате, можете во смесата што ќе ја блендирате да ставите и малце ванила (има БИО во ДМ маркет, преубава е, нема врска со ванилиниот шеќер!) и така млекото ќе мириса на бадеми и ванила :) Малава моја си ја продолжи стандардната процедура - си го јади со житарки без проблем, ко цел живот вакво да пиела.
    Повеќе не планирам да и` давам друго млеко, сега сум во потрага по домашни бадеми, помагајте кој знае :D

    п.с. Пирето од бадеми си го замрзнав, ќе се најде за торта, морта, ова она :wasntme:
     
    На kravce, AIT, Mikako и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Домашни, македонски бадеми има во Лара Ви, продавницата за здрава храна во СП маркет Тафталиџе. На друго место не знам дали има наши. Исто, добра замена е лешниковото млеко (се прави на ист начин како бадемовото), само не трае толку долго. Од 100г бадеми излегува литар млеко, исплатливо е ептен. И син ми го пие, го јаде во каши, што не беше случај со кравјото.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    А бе види, грамажата на бадеми зависи од тоа колку сакаш да ти е концентрирано млекото нели. Вака од око, и на вкус - 250гр на 1л вода ми изгледа ОК...
    Иначе барам домашни бадеми, од некој кој има на нива ^_^
     
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    199.005
    Пол:
    Женски
    Е не знам некој што има дома бадеми... мајката му е да си купиме по еден плац и да садиме, нема друго чаре :D
     
  18. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    А какво е млекото на вкус? Има вкус на бадем или е неутрално? Да знам дали да пробам да му подметнам на мали наместо вода зошто млеко и сок не пие воопшто :)
     
  19. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    а од кога можи да се дава ваквото млеко???
     
  20. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Мора да си апсолутно сигурна дека малиот не ти е алергичен на бадеми.....прво таа дилема разреши ја, после прави го слободно млекото, оти не мириса многу на бадеми (колку што треба) + со малце ванила - ммммммм, не се осеќа :lol:

    Стефи, мало е твоето, како што кажав погоре - мора да сте сигурни дека не реагира на бадеми.
     
    На stefi23m и Mikako им се допаѓа ова.