1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Алергии кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 18 март 2011.

  1. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.628
    Допаѓања:
    251.209
    Пол:
    Женски
    Ќе прашам иако и јас не сум сигурна што сакам да прашам :D
    Малава веќе месец и нешто е болна, прво црвено грло-лечевме со прополис, мед, чај ама не успешно на крај пак сируп ипол антибиотик. Од кога го допи точно по недела дена повторно почна да кашла и и зарипна гласот, направивме брис од нос и грло и се беше ок. Матичната ми даде лоратадин. Со него ситуацијата се стабилизира, ми рече мин. 5 дена до 7 по потреба пак. Јас по една недела го прекинав и почна веќе следната ноќ пак да кашла. Значи најчесто кашла ноќе, преку ден е ок. Го продолжив Лоратадинот ама не сум сигурна дали пак да ја носам на др. Има еден куп вируси периодов ич не ми се оди по амбуланти.
    Муабетот ми е, имаат ли овој период децата кои страдаат од алергии проблем?
     
    На LUCERKA му/ѝ се допаѓа ова.
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.367
    Допаѓања:
    317.456
    Пол:
    Женски
    Ако не качува Т може и алергија да е.На пердуви од перница,кукна прашина,храна,нов прашак,козметички производ се.Направете алерго тест.Зошто антибиотик ако нема бактерија??За џабе го труете организамот на детето.
     
  3. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.628
    Допаѓања:
    251.209
    Пол:
    Женски
    Првиот пат беше со тт и многу црвено грло. Има огромни крајници кои ни кажаа дека ќе мора да ги извадиме.
    А ништо не сум променила во однос на прашини, перници, прашаци. Ќе видам како ќе се одвива деновиве.
     
  4. kostadinka24

    kostadinka24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Мајки да прашам нешто.Вака син ми е година и два месеци.Пред некое време воведов белка другиот ден ми се потпари и се нафрли на газето.Го однесов на доктор ми рекоа од мокрачата било.Помина тоа и сега пакму дадов белка образите му се вцрвенија и по некое брунче на телото му се појави.Што мислите алергија е или нешто друго?Патем не ни е примена вакцината што е на година наводно ако се појавела алергија на белка не требало да се прима и сега незнам што да правам.Совет???????????
     
  5. Menasss

    Menasss Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    39
    Здраво на сите:)син ми има 4 години и еве веке неколку месеци почесто е склон кон херпеси и црвенило на лицето и со чешање се појавуваат и брунчиња по лицето.на телото нема ништо ..тоа го приметувам дека кога во храната има мајонез тогаш веднаш почнува црвенилото а утредента и херпес..Докторката секогаш ми вика паднат имунитет..некој со сличен проблем ако е нека споделе искуство..поздрав
     
  6. Menasss

    Menasss Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    39
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Прво ќе те искарам зошто на толку мало дете даваш да јаде мајонез зашто е полн со конзерванси, адитиви и што ли уште не, но твој си е изборот. Факт е штом падне имунитетот се активираат алергиите кај децата. Треба многу да внимаваш на исхраната за да го подобриш имунитетот кај детето и организмот сам да се избори. Имам пишувано наназад да не се повторувам.
    Херпес е вирус кој сте го закачиле и очекувај при секој пад на имунитет да се појавува. Се лечи да моментално, не го гледаш но го носиш во организмот. Мора да работиш на имунитет.
     
    На Menasss и joy1 им се допаѓа ова.
  8. Menasss

    Menasss Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    39
    Благодарам јас сум најпротив мајонези и кечапи но кога тато и бабите го шетаат во тостот и мајонез има..:)би ви била благодарна ако ми помогните со нешто за јакнење на имунитет.поздрав
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Во глобала јас сум против хемии а сум ,,ЗА,, се што е на природна база. Знам дека одзема време (а не секогаш се има на претек) а и кошта. Според мене нема некое си магично стапче за јакнење на имунитетот туку суштината е во здрава исхрана. Е сега колку можеме да си дозволиме здрава исхрана е друга приказна. Тоа не значи да ги чуваме во стаклени ѕвона. Многу битен момент е чистиот воздух и физичка активност, значи повеќе во природа на чист воздух и прошетки.
    Гледај да во исхраната му воведеш барем 2 пати во неделата риба, 2 пати месо и што повеќе зеленчук бар сега еве почнува сезоната и го има во изобилие. Овошјето нека ти биде замена за ужина (цеди сокчиња, прави смути и сл.) или пак додаток кон доручек. За подобрување на крвна слика нема подобар од оној сок со цвекло, морков, јаболка или лимон со што јас додавам и ѓумбир. Цитрусните овошја исто така не смеат да се занемарат бидејќи витаминот Ц е антиоксидант и доколку го нема во организмот нема да може железото да се врзе во крвта. Избегнувај бел леб, доколку е осетлив на глутен малото избегнувај и храна што има глутен.
    Работа на имунитет си бара континуитет тоа не може за месец два да се реши, може да се подобри но не и да биде ок. Мислам дека кај нас е проблем во менување на навиките и начин на исхрана, доколку се надмине тоа тогаш мислам дека ќе нема никаков проблем.
     
    На makedonkamak и joy1 им се допаѓа ова.
  10. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Вчера синко пак имаше зачестени напади на кашлање, ова трае 3 недели и веќе навистина сум без памет.
    Ноќта за прв пат ја поминавме одлично, воопшто не кашлаше, ама затоа утрово од 7 до 8 не можеше да се смири.
    Го прекинавме лоратадинот и состојбата пак се влоши. Во понеделник ќе го носам повторно на лекар и ќе барам алерго тест да му се направи.
    Некоја мама да има искуство со алерго тест кај деца од 2 години? На кој начин го прават тестот? Со гребење на раката или преку крв? Препорака каде да го направиме?
    Ќе мора, барем да знам на што да обрнам внимание и како да го заштитатам. Уште нешто, во понеделникот го прекинав лоратадинот (му давав 7 дена) после колкава пауза можам повторно да почнам да му давам?
    @Annath можеби ти можеш да ми одговориш на прашањава?
     
  11. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    47.772
    Пол:
    Женски
    Мало е за алерго тест.После 3-тата година се прават алерго тестови.Се прави на инхалаторни и нутритивни алергени,со гребење или преку крв.
    Може слободно да продолжиш со Лоратидин,не е антибиотик па да се плашиш дали повторно ќе му делува.
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Значи, уште најмалку година да чекаме за алерго тест?! Што до тогаш?
    Ми е страв да не се искомплицира состојбата, што ако почне да се спушта на плуќа? Јас искрено најмногу од тоа стравувам.
    Лоратадинот го прекинав зошто педијатарот ми рече да го давам 7 до 10 дена и да го прекинам, а од него имаше подобрување.
     
  13. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    47.772
    Пол:
    Женски
    @Jagoda123 Лоратидинот може и со месеци да го пие.
    Ќе почекате за алерго тест,ако правите сега нема да биде веродостоен.Може е некаква моментална реакција на нешто,пролет е,обично тогаш алергиите се повеќе потенцирани.Мислам дека како ќе расте, така ќе му поминува.
    Некаде мислам дека те прочитав,Пиковит му даваш на малиот?Моето искуство ми кажува,иако е од поодамна,на син ми пиковитот му правеше уртикатија.Толкав беше,околу 3 год.Давај му за имунитет повеќе природни работи,овошје,природни сокови,зеленчук.Така растат,со многу стресови за мајките.
    Правел ли до сега опструкции на плуќа?
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Не, фала Богу до сега освен алергијава немал ништо посериозно. Не оди во градинка и не се разболува скоро воопшто. Јас сум алергична на многу работи меѓу кои полен од цвеќиња и дрвја. Изгледа е наследно. Инаку, кога почнав Пиковит да давам тој веќе имаше проблем со алергијава, освен подобрување на апетитот ништо друго не забележав.
    Ќе продолжам со Лоратадин штом така, зошто од него барем гледав дека има подобрување. Без него ептен се мачи. За алерго тест ќе почекаме. Во понеделник секако ми е во план да го носам пак на лекар. Да види грло и да го слушне. Чисто да си бидам мирна, зошто три недели трае кашлицава, а највеќе се плашам да не се спушта надоле па да си искомплицираме.
     
  15. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    2.416
    @Jagoda123 ќе ти одговорам врз основа на 7годишното искуството со син ми кој имаше докажана алергија на се и сешто, лежел неколку пати во Козле, не знаеме колку Лоратидини, Вентолини испил итн..
    Не знам каде до сега се лечете,но мој совет ти е да си отидеш во болницата во Козле, од која ја сум презадоволна и од пристап и од терапија. (еве ќе ја пофалам и тука нашата др Билјана Димчева, според мене најдобра др)
    Лоратидин, всушност Аериус тоа е Деслоратид (помалку хепатоксичен) по потреба сме пиеле и во текот на цела година.
     
    На mal.ecka и Jagoda123 им се допаѓа ова.
  16. pavlinka-daniela

    pavlinka-daniela Активен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2016
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Значи мојата е 14 месеци и правевме алерго тест во козле..и земаат крв од вена и резултатите ни беа готови за Една недела...излезе дека е алергична на млеко..така да јас мислим дека мозе да направите алерго тест..позз
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.367
    Допаѓања:
    317.456
    Пол:
    Женски
    Пулмологот мој го прашав ми рече може алерго тест и на помали деца.
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.015
    Допаѓања:
    198.829
    Пол:
    Женски
    @Jagoda123 прaвaт aлергoтестoви кaј мaли децa, oд венскa крв мислaм. Амa пo индикaцијa. Акo ништo другo бaрем ќе припaзите aкo имa некoи aлергени, или ќе ги решaвaте сo сooдветнa терaпијa. Вooбичaенo велaт декa не се верoдoстoјни тестoвите кaј пoмaли oд 3 гoдини, aмa тoa нaјмнoгу вaжи зa нутритивните aлергии бидејќи тие сo тек нa време исчезнувaaт кaкo штo рaсте дететo и јaкне имунитетoт. А зa друг вид aлергијa нaјдoбрo е дa се утврди кoнкретнo кoј е aлергенoт и дa се преземaт сooдветни чекoри.
    Акo дoсегa немaл oпструкции и не спуштaл нa грaди, не би требaлo дa е нештo стрaшнo, aмa сепaк твoетo е уште мaлo.

    Извини штo дoцнaм сo oдгoвoрoв.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Бевме денеска повторно на лекар. Чисти плуќа и грлото е супер. Крвна слика и урина исто така. Докторката вели дека е мал за алерго тест. Ни даде упат за микробиологија. Му земаа брис од грло и нос. Во среда резултати, па тогаш ќе видиме што понатака.
    Ви благодарам за советите.
     
    На ph.orhideja му/ѝ се допаѓа ова.
  20. pilenka

    pilenka Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2013
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    3.493
    Моето искуство е дека не се релевантни алерго тестовите на дете под три години. Мојата е алергична на млеко и млечни производи, а на алерго тест не покажа.
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.