1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Алергија на аналгетици и бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од Taurus777, 1 јуни 2020.

  1. Taurus777

    Taurus777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2019
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Здраво, не знам дали има ваква тема ако има преместете ја. Алергична сум на аналгетици и ако земам таков лек настанува јака алергиска реакција (отекувам, се гушам, завршувам на системи). Сакам да прашам дали некоја од вас има вакво искуство, и како поминала на пораѓај, затоа што знаеме дека ставаат лекови против болки. Искрено се плашам баш тогаш да не ми се случи пак некоја таква реакција, бидејќи не смеам да примам дел од лековите за болки. Ве молам споделете искуство. Фала ❤
     
  2. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Те прашуваат на пораѓај какви алергии имаш. Зарем од сите типови аналгетици имаш алергија?
     
    На Taurus777 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Taurus777

    Taurus777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2019
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Кетонал, ибупрофен, аналгин, кафетин, аспирин...
     
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    На кои аналгетици си алергична?
    Јас мислам дека во епидуралот не влегуваат аналгетици кои се употребуваат секојдневно како на пример аналгин. Сакам да кажам како знаеш дека си алергична? Друга опција е да ти дадат само опоиди или наркотици без аналгетици, пример морфиум. Ќе ти го зголеми многу прагот на толеранција на болка па ќе издржуваш полесно.
     
    Последна измена: 1 јуни 2020
    На Taurus777 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Ќе ги наведеш сите кога ќе те прашаат, па тие си имаат процедура понатака.
    Ако не си алергична на парацетамол, тогаш тој ти е опција против болки за после пороѓај. Јас тоа пиев, и јас имам алергии на тие со ацетилсалицилна киселина во состав.
     
    На Taurus777 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Taurus777

    Taurus777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2019
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Имав реакции после пиење на овие лекови, и на алерготест даде дека сум алергична.
     
  7. Taurus777

    Taurus777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2019
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Женски
    Фала многу ❤
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Јас па имам алергија на парацетамол, а за бруфен не сум сигурна. Само аналгин сум пиела во животов и за било каква болка и за температура. Кога требаше да имам хируршки зафат, отидов на кожно во државна и испитав алергии на лекови од анестезиолошката листа, со скрач тест (на кожа). Кетонал на пример не беше на листата, ама видов во извештај после зафатот дека и тоа ми ставиле во инфузијата.

    @Taurus777 Моја препорака е да си одиш во анестезиолошка амбуланта и да ја побараш листата за лекови во анестезија-аналгетици и анестетици, да си извадиш упат преку матичен лекар за на кожно и да испиташ. Ако правиш, прашај дали прават испитувања посебно само за аналгетици и пиши баш.

    Ако си сигурна на што си алергична, ќе кажеш на анестезиологот на пораѓај, без гајле, они си знаат како да постапат.
     
    На Taurus777 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.696
    Пол:
    Женски
    види мила ја сум на цели групи антиинфламаторни лекарства алергична правев и алерготестови освен антибиотик и нимесулид во форма на ефридол ништо друго не пијам , пред година и 6 месеци имав мисед и пред киретажата не ме примија без не постар од 3 месеци алерго тест , правев и слични резултати добив со што се воочува пред интервенцијата со што и како можат да те третираат без тоа не те примаат , еве сега сум 10 + 3 и планирам секако да си направам после 30 та недела нови испитувања за да ги имам спремни на документ пред било што да не ме враќаат таму ..... инаку ти препорачувам да си направиш и ти зашто мислам дека не примаа на пораѓај тука во СК доколку немаш нов алерго тест :l: за се има замена и за се има решение само со правите информации :D
     
    На Taurus777 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.621
    Пол:
    Женски
    Пошто сум алергична на многу работи пред пораѓај докторот ме испрати да се тестирам на оние кои ги користат. И за анастезија и за болки. Покажа блага реакција на некои.
    Ги разгледаа и ми рекоа дека по добро да биде со спинална отколку целосно успивање.
     
    На Taurus777 му/ѝ се допаѓа ова.