1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Алергија

Дискусија во 'Бебе' започната од koritsaki, 5 декември 2011.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.897
    Допаѓања:
    103.021
    Пол:
    Женски
    Може ли да ми ги кажете симптомите на алергија? Ние имаме еден проблем , утре ке одиме на лекар , на малава веќе скоро 2 недели и е осипано вратчето и малку едниот образ , но не се чеша ниту кога ја пипкам ја боли. Незнам што може да биде. Прво почна на брадата па од брадата се прошири по вратот и само овде има. Пред неколку дена и се затна носето и ставам капки , и сега вадиме само секрет од носот. Педијатарот кога ја виде ни кажа ништо не и е од облеката е што ја допира итн ама и се раширија многу :@ Во аптека ни дадоа една крема завчера ја намачкав и и подпоминаа, но денес кога стана пак така многу црвено и беше. Сега е пак ок пак се повлекоа. Незнам што да мислам. Утре ке одиме на лекар. Инаку ние јадеме портокал , киви и во јадењето и додавам лимон ( по препорака од педијатар) но веке неколку дена ништо од ова не и давам но ете пак го има црвенилово. :sweat: А последно што воведовме е јогурт , кисело млеко и несолено сирење. Сега дали ова прави проблем , незнам , утре ке одиме на лекар. Ако има иста тема јас се извинувам.
     
  2. Milla9479

    Milla9479 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    21
    kortisaki без паника на моето синче му се случи вчера истото но он се нафрла над колкот и на брадата обично само по себе минуваат но бидејќи си вовела нова храна битребало да се консултираш со педијатар чисто да не се работи за нешто посериозно. Cамо намачкај ја со бебешки лосион и мислам дека битребало да помине. Cе надевам дека не е ништо сериозно па пиши што ти кажале на лекар
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.897
    Допаѓања:
    103.021
    Пол:
    Женски
    Незнам што да речам Мила , јас ако не ми кажеше педијатар ништо ново не и воведував. Инаку ја мачкам со лосион секогаш , по бањање , со Јекодерм и 2 недели истот е не поминува. Ајде ке видиме утре.
     
  4. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.897
    Допаѓања:
    103.021
    Пол:
    Женски
    Ние денес бевме на кожен лекар , дијагнозата е атопичен дерматитис. Имам прочитано многу на нет за ова и ме фаќа страв. Докторот не ни кажа ништо посебно во врска за исхраната , што да давам а што не. Прочитав дека најчесто се јавува поради алергија од млеко , јајца најчесто. Сега керка ми јаде креми ( со житарици) од Нестле , Милупа а тие внатре имаат млеко вештачко ама тоа сигурно е кравјо. Но кремите ги започнавме уште од 4-ти месец а тогаш немавме проблем. Јогурт , кисело млеко не и давам баш заради ова. А таа се си јаде.
    Ни дадоа една крема со кортикостероиди внатре и ке видиме ни рекоа ако не и помине за 7 дена да одиме пак на кожно. :worried: :'( :'(
     
  5. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Родена сум со атопичен дерматит и на некои мои 13 год ми помина(кога влегов во пубертет). Немој да се плашиш, не е ништо страшно, но мој совет ти е да не ја мачкаш малата со ниту една маст што содржи кортико во неа. Внимавај на исхраната, немој да и даваш чоколади, бомбони, овошни јогурти, смоки, односно се што содржи емулгатори. Млеко, јајца може слободно да си јаде. Најубаво е ако и даваш мевце, бидејќи е мн мала прашај дали смее да јаде од ќурка. Ако ти треба уште нешто слободно пиши во лп.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  6. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    И мојот мали има аутопичен дерматитис. Наследен е, генски. Мустела за бањање е првиот чекор а втор чекор е исхрана. Никако кравјо млеко, а може јогурт и кисело млеко, урда, јајце никако исто така и тоа белка, жолтка може од време на време, никако сувомеснати производи, паштети, грицки, чоколадо, крем ....се што има конзерванс, не за грав, риба, свинско месо може само телешко.
    Што и да земеш да купиш ќе видиш дека се има конзерванси, па дури и прашокот за перење алишта единстевно Персил течен е без конзерванс.
    Не му дозволувај на бебушот да се чеша или иритира, тоа му ствара нервоза.
    Моето сега има 4 год и пак некогаш ама ретко може да покаже осип на некоја храна, али како раснат така им се зголемува имунитетот и ја совладуваат алергијата.
    Не претерувај со кортико сирупи и креми,ако видиш мал осип само реагирај на храна а не мачкај со ништо. Мораш малку и да го оставиш организмот сам да се бори.
    Најлош исход од дерматитисот е честа настинка, пнеумонии и астма, што е и логично дерматитисот го намалува имунитетот на организмот и е подложен на сите вируси....
    После 5-та год би требало целосно да се надмине со јака контрола на исхрана или пак во пубертет како што ти пиша Неша
    Клучот е во исхрана и не се лекува туку организмот -имунитет самиот го надмине.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  7. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Не знам кај да го поставам прашањево, не видов таква тема или општа тема за секакви прашања.
    На малата моја на јазичето веќе трет ден и забележав како има еден круг поцрвен од бојата на јазичето. Изгледа како кожата тука д аи е скината , како да се гледа нова кожа. Појма немам кога и се појавило, значи го забележав пред три дена...Дали се работи за афта и дали се прави афта на јазик и како изгледа да не знаете? Дали е од температура ( а немаше температура, освен да не сум ја сетила, што ен ми се верува). Ве молам помагајте не знам што да правам, дали треба на кожен да ја однесам.......
     
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.897
    Допаѓања:
    103.021
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми од вчера сабајлето е исфрлена насекаде по малку , мали пликчиња , и се мислам дали е можно да се сипаници. Инаку ниту се чеша ни ништо весела си е како е претходно. Или пак е некоја алергија :(
    А не сум и дала нешто друго да јаде освен тоа што си јаде секој ден. Ако не се смири ке ја однесам на лекар во понеделник :(
     
    Последна измена од модератор: 21 мај 2017
  9. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Можно е да нема и други симптоми,а кај сипаниците вообичаено температурата е присутна додека се осипува телото. Јас не би чекала до понеделник од просто што доколку е сипаници тие треба да се мачкаат ,а доколку е алергија тогаш можеби ќе треба и соодветна диета.
     
    Последна измена од модератор: 21 мај 2017
  10. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.897
    Допаѓања:
    103.021
    Пол:
    Женски


    Не се сипаници , алергија е :( имаше на газето вчера полно пликчиња , потоа и исчезнаа од таму па се префрлија на нозете. сега нема на нозете има пак на газето и стомакот :( Сега на што е алергична , најтешкото е ова , незнам што да не и дадам да јаде да пие , може фатила некоја трева , можеби е од прашокот за перење бидејки почнав да користам обичен , а не бебешки... :?:
    вчера и вртам 100 пати на докторката не се јавува , утре дефинитивно ке ја носиме на друг доктор

    инаку да прашам дали на мали деца бидејки керка ми е 17 месеци може да направат некое испитување да се види на што е алергична ?
     
    Последна измена од модератор: 21 мај 2017
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    Може да направат испитувања, ама кај толку мали деца не се веродостојни. Да не ја полазало нешто? Ете, и од прашокот може да е... ама имај на ум дека ова може да биде само сега, и да не се повтори пак. Во секој случај, мора да ја види доктор и избегнувај храна за која се смета дека е алергена (јајце, јагоди, цитруси, чоколадо...).
     
  12. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.897
    Допаѓања:
    103.021
    Пол:
    Женски


    Можеби и да ја полазало нешто, зашто често свекор ми ја носи во паркот , можеби и да допрела некоја трева таму...а за нешто алергено , ниту јагоди , ниту портокали јадела , ниту пак чоколадо и давам. Се сомневам во јајцето што и го дадов пред 2 дена..
    утре ке ја носиме на лекар па да видиме

    Денес бевме на лекар , има алергија керка ми , ни дадоа капки Зиртек по 7 секој ден , најдобро навечер јас ке и давам зашто потоа ке биде успана цело време
    Ни рекоа исто така дека многу е тешко да дознаеме од што е алергијата , може од треба од храна нели па ми забранија да и давам јајце сега за сега па кога ке и помине алергијата ке пробам пак да видам дали е од тоа :?:
     
    Последна измена од модератор: 21 мај 2017
  13. Emcee

    Emcee Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    6
    моето бебе кога имаше 6 месеци јадеше овошен јогурт од јагоди и целата се нафрли моравме да примиме инекција и за два саата се исчисти внимавајте до 1 год никакви производи од јагода.
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.999
    Пол:
    Женски
    Па никој не би дал јагода на дете помало од годинка, се знае дека јагодите се силен алерген. Педијатарот ли ти дозволи да дадеш таков овошен јогурт?
     
    На blond, AIT и slavica999 им се допаѓа ова.
  15. mama.23

    mama.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    25
    јас на моето бебе му дадов на 7 месеци четврт жолчка по препорака на педијатар и целото се исфрли другиот ден го однесов на лекр и матичната ми рече дека е алергиј ама другиот ден веќе немаше ништо исчезна...е сега тоа што ме интересира кога пак можам да пробам да му дадам жолчка матичната вика ако сакаш дај му ако сакаш почекај и јас незнам што да правам а ме фаќа страв што мислите? инаку имама 10,5 месеци
     
  16. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    Да ве прашам некое бебенце да не пројавило алергија на млеко ? Како ја откривте кои беа симптомите зашто ние после 3 месеци мачење со гасови грчеви ни ја поставуваат таа дијагноза иако резултатот од алерголошките ние за месец и пол и бидејќи сме мали треба критично кон него инаку имавме повраќање уназад една недела па вчера како осип по телото а пред осипот кожата ни беше сува и сега и се перута и вчера исто имавме проливчеи оттогаш смена хипалергено со тоа што сеуште повраќаме столицата ни е опет зелена но осипот се повлекува а иде ќе поткачиме тежина па ќе намалиме и се така
     
  17. mihael4u

    mihael4u Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    22
    гледам дека темата баш и не е активна меѓутоа сепак да прашам кога откривте алергија на домашна прашина и како.. моево малеечко многу кашла без причина(бевме на преглед во плодност и се ево ред неманиту црвено грло ниту затнато носе..).. и се си мислам дека е можна алергија.. вемолам за совет
     
  18. milakaja

    milakaja Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2014
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    2
    Здраво на сите еве и јас да се вклучам во темава .малото ми е 1 год. од 6 месец е со опструкции атопицен дерматит бронхити течене на носе киванје и понекогас температура 3 месеци бевме со летизен и флексотиде без некое подобруване .тоа ме натера да направам тестови за алергија во козле и излезе алергична на млеко и млечни производи .инаку само цицасе и јадеше јогурт к.млеко урда кашкавал.сега моментално сме на хипоалергено млеко нан бидејки морав да ја одбијам од здравствени причини и со инхалации со пулмикорт утро вечер мегутоа ни најдоа и бактерија ешерихија коли во шлајмот моментално пиеме бактрим .Дали некој се сооцил со оваа бактерија во шлајм?
     
  19. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски

    во плодност прават размаска мислам се вика, дали има во крвта од тие алергените тела, дали има воопшто можност да се појави алергија,
    ние сега првевме излезе дека има, ама син ми на ништо досега нема јавено алергија, тоа е показател дека МОЖИ да јави алегрија на било што. одете проверете!
     
  20. milakaja

    milakaja Активен член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2014
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    2
    Мајки помагајте малото е 1 година и е алергицно на малеко и млечни производи ,пииевме хипоалергено но од вцера и од тоа се нафрли на образите и тоа многу казете несто сто мози да го замени млекото .читам за млеко од бадеми дали некој има пробано?