Zdravo majki Kerkami e stara 7ipol meseci na 6 meseci i ispadnaa kako bruncinja so meuri ama vvrsti ne se so vodicka Pedijatarot mi objasni deka ne se znaelo od sto ispagaat i pominuvalo samo od sebe eve sega pak dobi jas prethodno i davav malku cokolatce pa moze e od toa?
Читам за алерголог Баџакова ја пишува во темава. Ми треба консултација од алерголог, докторкава е педијатар. Има врска тоа или не? За алергени и реакции. Едит: Баџакова не доаѓала веќе во Систина? Или јас не разбрав добро. Каде ординира докторкава ако воопшто?
Ау, жени што значи нагла алергиска реакција Не знам што ме натера за вечера првпат да му дадам ржани снегулки. Прво му се појавија црвени линии околу устата како да сум го гребела со лажичето, за 10 минути веќе црвенило на вратот и почна да се шири надоле по грб, стомак, препони, под мишки... И уртикарија. Нагло појава на пликови од мали нагло раснеа. Одма на итна му ставија инекција Урбазон по килажа и ми рекоа сируп Летизен по 1ml дневно од одма, во наредните три дена. Зиртек ми рекоа никако на дете под 1 година, а имав дома купено ве читав негде дека ви го давале па го земав за недајбоже, ама ете не смеело. Бебо е добар сега фала му на бога, му се потсмири црвенилото и го успивам пошто одамна му се спие. И еве го нана. А мама си окрка нови бели влакна. Ја, таа што беше лабава за внесување алергени, сакам да ви кажам на вас тазе мајки што може ме читате сега, стварно само насабајле давајте првпат нови намирници и во мали количини за да можете да следите. Ја сигурно 3 лажици снегулки му дадов за првпат, у 19:45. Генијалец
Во Зегин Свети Николе, ама поодамна ми е купен, негде мај јуни сигурно. Неотворен ми е, ако ви треба да ви го пратам некако?
Не,фала ти.Јас го користев за поголемото па ми требаше и за малово и ајде тој го барав.Ми падна чудно кога го спомна зошто нигде го немаше.И јас дадов летизен.
Јас мислам да ги собереме докториве и да се договорат. 4ца педијатри ми го имаат одобрено зиртекот... Ремедика, систина и матичен. Алергија може секогаш да се случи од се нешто. Нас 2 пати ни се случи од 2 различни веќе воведени намирници. Шта речи.. Последно беше со повраќање. Да и тоа е алергиска реакција.
И јас се зачудив за зиртекот. Прво во ремедика ми го препорачаа , значи уште бебе кога беше, како најдобар, систина на дежурен, матичната исто….
Гледам објавата е стара но можеби уште сте на форумот, што испадна, дали беше алергија, дали продолживте да давате кисело млеко? И кај моето бебе се случува истото, еден педијатар вика да продолжам да давам млечни производи, друг вика никако... Не знам што да правам...
Мајки бебе ми е 1 годинка. Значи кога се роди од трета недела имаше крв во столица и секој втор ден бевме на доктор. Додека не почнавме со специјална формула. На самара формула пишува до 12 месеци дека се пие. Се води дека е алергичен на кравји протеини. Прегледите ги правевме во Систина кај Демарџиева колку сум задоволна од неа, толку и не сум. Последнава недела ми се исфрли со рапави брунчиња по телото, ајде од топло да е па сменив и козметика дека е и со атопичен дерматит. По тело се смирија ама еве одеднаш под очите ќе е црвен, па сега кај шијата. Имаме мачка дома, почнав да се сомневам немој од неа па да е. Прашањето ми е дали може да се направи тест за алергија на 1 годишно дете? И дали имате предлог каде и кај кој доктор?
За доктор не знам да ви кажам, и јас барам, а за тест за алергија можи, моето бебе е 9 месеци и сега направивме тест преку крв од вена.
На 7 месеци ја носев кај Обочки во систина и правеа и тест со грепкање само на храна. Ми рекоа може се прави и на таа возраст. За докторката не знам што да ви кажам, таа ја најдов како најсоодветна. Ми даде совети, не ми ги запиша на извештајот, не ми остави простор понатака да се консултирам, сакав да одам пак кај неа ама не ми се даваат 4000 за таа "услуга" веќе. Да ми е истиот проблем веројатно пак ќе отидам, ама ќе и побарам број ако имам прашања. @S.o.F.i @Te@
Malku postaro mislenje e no ajde moze uste ste na forumot, ili nekoj ako na nekoj mu se slucilo nesto slicno. Od denes sne 6 meseci, od taa hrana ima nezz praz kromid nekoi poteski raboti sto ni jas sega ne bi gi jadela ne pa nejze da i gi davam zatoa pocnav so jogurt onoj grckiot vcera i dadov 1-2 lazicki, pojavi mn malku crveno ama posto se fakkase za ocki mislev od toa e. Denes jadevme pak, so jabolko koe go jade od pred mesec i pol, izede okolu 30grama i posle 15 min pocna da se ceska i da crvenee cela prvo muce ocki raci po malku. Ja odnesiv na pedijatar mi veli deka naednas i se zbuvnala atopijata posto sne so atopicna koza. Saat posle toa veke e cista nema nisto na nea. Toa ne se smeta za alergija taka?
Пробај намачкај на раче,ноџе. Мојата е алергична на кравјо. Кашата на хип е со обезмастено млеко и кога и давав цела беше црвена околу кожа како флеки. Мојата додатно има и егзема ама за тоа ја третирам веќе и од топлово знае да се зацрвени. Пробај или со козјо к.млеко имаш во кам,стокомак. Дај и и види дали ќе се зацрвени.