1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Алехандро Гонзалес Ињариту (Alejandro González Iñárritu)

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Phyramide, 11 јули 2011.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Alejandro González Iñárritu е едно од поновите, но несомнено позвучните имиња на модерната филмска индустрија.

    Не сакав да отварам посебно тема за секој негов филм од проста причина што лично за мене филмовите сепак ги спојува едно звучно име и вака е можеби полесно да се дискутира за нив, да се споредат.

    Amores Perros, 21 Grams, Babel, Biutiful се најпознатите филмски дела излезени од работилницата на овој млад мексикански режисер.

    Лично за мене, секој од овие филмови впечатлив на свој начин ја удира човечката психа, остава длабоки траги, спомени врежани на подолго време. Суштински и реалистично обработува човечки судбини, трагедии од сите можни аспекти и агли. Ињариту секогаш го става во преден план човекот, и длабоко ја разработува неговата карактерна суштина од подлабок, психолошки аспект. И можеби затоа речиси едноставни, или крајно комплицирани човечки судбини, колку и да сме чуле за нив, не плеснуваат како свежа, ненадејна шлаканица, затоа што Ињариту тоа го прави на специфичен начин.

    Дефинитивно знае да ве натера да размислувате, да ве замолчи, да ве остави со горчлив вкус во устата после секој негов филм.

    Секогаш кога ќе изгледав некој негов филм велев - е ова е неговиот „хајлајт“, ова тешко нешто да го надмине, и потоа следеше нешто ново. Секој филм го обожавам и доживувам посебно, и токму затоа не можам да решам кој ми е омилен.

    Што мислите вие? Дали сте ги гледале неговите филмови и кој ви оставил најголем впечаток?

    Доколку не сте ги гледале, ви ги препорачувам. Широк дијапазон на квалитетни глумци ви се во понуда од страна на маестро Ињариту - Гаел Гарсија Бернал, Бред Пит, Кејт Бланшет, Шон Пен, Бенисио Дел Торо, Хавиер Бардем...
     
    На MarchelineAmaru и LivingGlam им се допаѓа ова.