kako se presmetuva,,,vo procent ilI??? koj znae neka pise [mod-kirilica:29aicqdt][/mod-kirilica:29aicqdt]
kolku e visinata na alimentacijata za edno dete? Зависно од тоа колкаво е детето,а и од тоа колку сакаш да ти биде алиментацијата.Нема некој посебен критериум мислам,по твоја желба е тоа. Но сепак,нека ти кажат поискусните правници овде.
kolku e visinata na alimentacijata za edno dete? Мислам дека е 30 % од платата...Не сум ептен сигурна,ама паметам дека другарка ми ми кажа така пред некој ден,и таа ке треба да зема алиментација.Мислам дека адвокатката така и кажала,не сум сигурна. Значи ако зема 18000, 30 % е некадде околу 6000 ден. Сепак не ме земај здраво за готово,најдобро прашај си адвокат.
kolku e visinata na alimentacijata za edno dete? зависи од платата и јас мислам дека е 30 посто од платата и дека нема врска со годините на детето..... мислам
На одредување на износот на алиментацијата, влијаат повеќе фактори. Платата, како што спомнавте, но притоа се земаат предвид и изворите на приходи, т.е. дали има постојан работен однос или не. Потоа целосната имотна состојба на родителот кој не го добил старателството. Овде се зема предвид и колку деца се оставени. Ако се повеќе, се намалува процентот за секое дете.
Исто така и потребите на детото како и имотната состојба на родителот кој го има стрателството над детето. Се на се најмногу може да биде 50% од платата, законски, повеќе не а помалку секако..
Се одзема 1/3 од платата на тој што треба да ја плати алиментацијата со тоа што се води сметка да не се стави во несразмерно неправедна положба во однос на тој што ја прима алиментацијата.Се мисли на тоа дека ако примателот на алиментацијата е во далеку подобра финансиска состојба од тој што ја дава алиментацијата ,сумата на давателот може да се намали со одлука од судија.Исто така се води сметка за работниот статус и способноста за исплаќање на давачот на алиментација.
Добро, тоа сите го знаеме. Но, што кога се работи за случај во кој таткото се одјавува од семејната фирма, и е невработен, а притоа не се пријавува да бара зашто нема потреба од работа. Јас кажав и тогаш пред судот, се работи за фирма која има големи , мн големи месечни приходи, а ваквиот чин е еден вид на мамење на законите. За разлика од Србија, каде што се истражуваат и се земаат во предвид овие работи, кај нас законот не навлегува толку во овие малверзации и на таквиот родител му определува минимален износ. На мојот бивши заради тоа му определија да плаќа само по 3000 за дете, и откако се согласи "невработениот" и потпиша, уште дрско ми кажа во судница како сум се заебала зашто тоа не е ни пола од тоа што трошел со мене на едно искачање, на што само судијката му рече да си молчи зашто ќе ја налутел и ќе му ја накачела алиментацијата, како си кажал така отпосле... Сакам да кажам дека законите за заштита на правата на децата, и општо законите поврзани со оваа тематика, разводи, алиментации , ни се полни со дупки... И сега господинот може да си се расфрла со пари за себе, а јас глава да лупам со тие 6000 , што други , кои работат за една плата ги даваат само за едно дете.
sweet25, па тој “човек“ мора да прима приходи на некој начин. Ако не е вработен, а има фирма, кој е управител на истата? Ако и не е управител, тогаш можеби зема надомест по основ на договор на дело. СДК или подобро СДП дали судот не проверува движење на трансакции на банкова сметка/или нема ли увид во податоците на УЈП? ... можеби треба да побараш од судот по службена должност да побараат податоци од УЈП, затоа што тебе лично, како физичко лице нема да ти издадат таква информација. А да пријавиш во трудова? прати им инспекција во фирма, нека истресат таму, па да види он на кого ќе се смее... е*ате таткото
Мајка му е и сопственик и управител , он се води како сопственик само на друга фирма која ја изгаснаа. Потоа отвори трета фирма, но и таа мислам дека ќе ја затвори, зашто му беше повеќе за занимација отколку за работа. Значи он повеќе на документи не е никако поврзан со семејната фирма. А и не иде да работи во фирмата, комплицирано е.
Ќе се променат сигурно, на пример зависно од возраста на децата растат и потребите дури и тоа е причина да бараш поголема издршка. Т
Oн како така во догледно време ќе мора да се вработи во фирмата затоа што вака никогаш пензија нема да земе, не е само пари во џеб да има. И плус здраствено осигурување како има знаеш? Он сега од инат така постапил ама за година две ќе мора да си го промени статусот.
Он веќе две години тера вака, не знам како ама не се замара за пензија, за здраствено осигурување.. А и ако се пријави утре пак , може да го направи тоа да биде со минимална плата, и да не ми се исплати да барам повеќе алиментација.... Законите ни се катастрофа... Може да си игра како сака..
леле зошто се такви,небаре тебе ти ги дава тие пари па тие пари се за НЕГОВИТЕ деца...... леле не знам веќе сите ли мажи се такви при развод......
Има ретки исклучоци...повеќето се вакви од што слушам околу мене.. Знаеш како он гледаше на тоа, кога го оставав ми викаше -Сакаш сега да си живееш како девојче, да си фатиш дечко, а јас да ти плаќам.