Си пијам вино розе црвено и бело ама ми прави малце киселини белото вино,бунар понекогаш вотка,мартини и по некое мохитце
Сакам освежителни пијалоци, најчесто пијам вотка или џин со цеден лимон. Ретко јегер или вино, а на лето се знае , коктелчиња
Гледам низ кафичиве мн земаат вакво нешто ама не знам шо е ако некој знае нека пише бидејки ме фака мерак сакам да си порачам
^Го има во сите воглавно, еден од попопуларните коктели е, ако си од Скопје најефтин е во Спалато. Инаку од пијалоци обожавам коктели и камикази мартини и текила. Вино не обожавам ич, со сок може да помине, од пиво само Туборг и Лашко темно ми се убави. Вотка порано пиев многу, ама ја препив богами изгледа.
Најомилен пијалок ми е Captain Morgan. Обожавам рум, ми се допаѓа и Bacardi и Havana, но сепак CM од секогаш ми бил омилен. Сакам и виски, најомилено ми е Jameson. Ептен пивко ми е, има посебна арома. Ми се допаѓа и Jack Daniel's и иако Johnnie Walker порано ми беше грозен, сега ми е океј. Гледам во Библиотека донеле од онаа верзија на Џек со мед (Jack Daniel's Tennessee Honey), па се прашувам, дали знаете каде може да се најде по кафичиве? Секако на лето обожавам да си пијам пиво, од светлите омилено ми е Stella Artois, за жал многу ретко некое место да е снабдено со ова пиво. Од нашиве најмногу ми се допаѓа Златен Даб, а општо повеќе сакам темни пива, особено Лашкото.
Најчесто пијам пиво (Скопско темно и светло, Tuborg, Heineken, Златен Даб), мартини bianco и вино (црвено и бело). Сум пиела и Виски и вотка, а најгрозно ми е узо.
Пивото ми е нај нај. Наместо вода можам да го пијам цел ден. Од други пијалоци би рекла рум и вино. Ама секако поефтини, како за студенти. Лани татко ми ми даде домашно бело вино за роденденот и ептен ме фати, страшно јако вино беше, почнав со цимерката да се тресиме, да играме како луди . Сега имам од Кам вино, си пијам малку
Вино, посебно црвено, најповече кога се одликува со умерена медова боја на вкусот. Ми ги буди сите сетила, ме смирува, пријатно ме загрева, дури ја поттикнува концентрацијата. Понекогаш и мартини, ама без тоа шеќерчето околу чашата. И лете едно ледено мохито.
Vino,stok,vinjak,jeger <3 sekojdnevno Poretko:viski ,tekila,kokteli,konjak. Mrazam :rakija ,pivo ,uzo,vodka,rum ..bjak
Обожавам узо и текила, знам да се напијам и џин тоник,водка швепс или водка протокал и бело или црвено вино , зависи расположение . Обично сум на узо и текила хаха
Ај да ви се придружам и јас од пиво ги пијам скопско радлер , туборг и хајнекен ( светли пива претпочитам ) . Од вино , најчесто розе , црното можам да го пијам , ама многу ретко една чашка колку за мерак инаку ми е некако тешко . За ликери не правам муабет . Сите ги сакам . Значи мене мајка ми со ЛИКЕР ме родила . Џин пијам понекогаш . Коњак само во зима . Вотка во секоја варијанта пијам . Мартини исто . Како тргнав , најголем алкохоличар на форумов излегов
Ретко пијам алкохол, многу ретко. Ептен треба некоја пригода да ми се погоди. И тогаш најчесто вино пијам, две-три чашки, повеќе не поднесувам. Ме фаќа брзо.