За вино сум профи. Обожавам вино, најмногу црвено ,полусуво и по можност од демиркаписко- неготинскиот регион. Дефинитивно се д бест. Имам збирка од преку 50 вина од македонски винарии, сега го терам оној мојон да инвестира во убава сталажа и така со мерак полека да ги конзумурам,ама и да ја збогатувам мојата скромна винотека. Во младоста многу пиев вотка, и тоа во сите можни комбинации. Сега знам да си ја затерам со ред, прво салата и ракиичка, па мевце и винце и на крај бело пенливо и десерт. Имам една другарка што е фанатик за коктели и кога и да одам кај неа изненадува со некое добро коктелче. Порано пиев за да се начукам ,ама младост- лудост. Сега сум дисциплиниран алкохоличар, пијам затоа што ми е убаво и не пијам често. Обично сабота е денот за ручек со дечко ми и пријателите ( кој обавезно поминува во вечера ).
Имам една другарка што е фанатик за коктели и кога и да одам кај неа изненадува со некое добро коктелче. Девојки ако имате пробано и ако знаете да правите коктели,дај кажете некое рецепче
хах хаха....знаеш ти каде е убавото а???? и да кажам не пијам ништо од алхохлни пијалаци зошто дечко ми не пие ништо никогаш,па си пијам само сокче,или гуарана,или ред бул....а заборавив црвено вино пиам на бадник,тогаш и онака не сум со дечко ми па си ја частам душата со чаша црвено вино!!!
најубавиот коктел по мое си го правам ама еви ти го и оригиналот водка од зелен лимон......... јас ставам обична и екстракт од лимон екстракт од нане................јас ставам свежо нане толчено половина цеден лимон помешано со 100 мл вода и го дополнуваш со џус од ананас мммм незнаеш колку многу е освежителен мора да се проба :y: пробај па чекам одговор
Се пијам јас! Значи,обожавам да пијам,а најжално е што имам многу лошо пијанство! Тоа е за жалење! Инаку,пијам скоро се..Од вино,бело и црвено,и тоа скоро секој ден, и дома со ручекот за здравје..А и подобро ми се вари храната.. Пијам коњак,вотка,штрафцигер...Мартини,ред бул обожавам и спам исто...Абе се! Срамота е за девојче,ама што да правам кога ми е мерак Е,само пиво не пијам! Не можам да го смислам... И воопште не ми изгледа убаво девојче кога гледам како пие!
Најчесто конзумирам вотка во разни варијанти (омилена со боровница и RedBull). Ама летово некако го почнав со се и сешто. Од вино до коњак... Ама секако без некој коктел не поминува викендот.
Во зима практикувам да пијам црвено вино сега во летниот период може така некое коњаче,вотка и ладно пиво.
Значи јас ќе сум единствената што не може да поднесе вино особено бело... Ама затоа сум голем љубител на се друго.. Текила мммм, вотка ( чиста со лимони и мешана со што и да е), по некој коктел, Камикази, јегер со ред бул, ликери... Најголем хроник на форумов
Па и не пијам многу и не сум по алкохолот....така во зима може црвено вино ...а во лето сечена вотка....но тоа многу ретко се случува...
Јас си пијам се освен црвено вино но во умерени количини Омилено ми е џин-тоник, мартини, а во рестораните пијам и бело вино. Ракија пијам по една пред ручек, со татко ми, но само за викенд Пиво пијам најчесто во домашни услови за да не дежурам во wc
иначе сакам да пијам бунарче,коњак,вотка,бело винце,камиказиииии,текила,ма се сакам али ракија нееееее
Јас не пијам.....од празна чаша инаку можам да пијам се, во последно време favorite mi e Jägermeister
Пијам џин кога сум расположена и во добро друштво! Инаку не! се случува да испијам повеќе од 2 чашки и тогаш ми е многу смешно... А досега само еднаш бев пијана и многу ми беше лошо оти пиев бело вино
Јас ретко пијам сега за разлика до пред 1 година кога бевме со друштвото редовни посетители на оние селски кафани со жива музика. Омилен пијалок немам.Организмот ми прима само вино и бело и црвено. Не сум фан на жестоки пијалоци како вотка,џин но некогаш поради дружба знам да се напијам вотка и тоа исклучиво да биде со швепс. Минатиот викенд од една чаша вотка-швепс јас но претходно имав пијано чисто винце. Поради тоа и не практикувам да пијам.
Пијам бело вино , пивото ова лето се погоди затоа што пред тоа не пиев и водка со швепс ми е омилено .Пијам со мерка до црвената линија и кога се осетувам прекинувам , никогаш не сум . Обожавам кога друштвото е соберено и има позитивна енергија и како да не се напиеш по некоја. Кога нема причина ние си наоѓаме нешто да славиме и супер ние