Вино... во зима црвено вино со кока кола, а во лето пијам бело вино со спрајт! Не го пијам виното ако не го разблажам со сок! Инаку пијам и водка со боровница, ама поретко!
Од алкохолни пијалоци страшно сакам и пијам водка, некогаш дури и не ја осеќам како алкохолен пијалок
со ручек многу ми одговара пивце, особено со месо , инаку не пијам многу алкохол, ретко може да се напијам вино
Нajчесто конзумирам црвено винце во зимскиот период,а во летниот бело или по некој коктел.Виното го пијам со би рекле голо без ништо или има исклучоци кога пијам бунар ама тогаш со пилешки прсти комбинирам.
Бело винце во зима..или џин-тоник. Во лето ги сакам коктелчињата, мохитото особено ми е многу освежително особено со многу нане..
Вино црвено домашно <3 -имам читано дека го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Нормално има уште милион работи добро за виното и уште толку лоши. Сепак јас кога пијам вино.. пијам за да се поднапијам Вермут -Eднаш на роденден се напив, прекрасен пијалок, лесен што е најбитно и тешко дека би се опијанил со него, освен ако не претераш нормално. Бејлис Ирско виски мислам дека е. Го обожавам <3 Пелинковац -добар бил за циркулација викаат -и кога си настинат исто така Абсинт Кај нас мислам дека е легален до 40% Пробав пред некое време во Чешка 70%. Отров невиден. Но,ми се допаѓа сепак(иако строго НЕ ГО ПРЕПОРАЧУВАМ) еве зошто: предизвикува халуцинации наречени уште "абсинт ефект" Во Швајцарија мислам дека пред некое време беше забранет, сега не е. Би рекла дека има дури и сличен ефект како марихуаната, чак и полош. Но чекај малце. Па Ван Гог, Пикасо конзумирале абсинт! XD Бечеровка -солиден ликер -вкусен Ете ги моите неколку омилени.
Коњак со лед. Можам да го пијам цела вечер, го обожавам. Ама кога пробувам да станам, е тоа е друга приказна...
Не пијам алкохол многу често ама ептен мерак ми прават ликерите . Ако има некоја рецепт за домашен ликер пишете ми прифаќам секаков
Бело вино, Александрија пијам 90% од случаевите. Освен ако не станува за збиранка во школски пред искачање или парк, па да не се праам паметна само јас, пијам Смедеревка. Не можам да смислам водка, никогаш не ми се допадна вкусот. Ниту нејзиниот ниту на коњакот. Сакам текили, со сол и лимонче. Камикази, коктелчиња исто така, ама поретко ги пијам. Пиво само во парк или за време Пиволенд.
Црвено вино обожавам. Вотка исто така, почесто ја пијам чиста со лимонче. И сечена не е лошо. Летно време пивото ми е задолжително.
Порано пиев многу алкохол... ....а сега послабо, скоро ич, пошо порано кога пиев желудникот повеќе не ми прифаќаше и затоа прекинав, година дена немав капка алкохол ставено во уста не ми даваше психата, за да не ми се повторат лошите работи... , така да пред некој месец почнав да пијам пиво и ок ми е до ден денес...се со ред