Еднаш од коњак до инфузија стигнав еве толку години поминаа не можам да го мириснам а камоли да го пијам. Џин боровница исто ми е препиено, пиво не пијам ниту пак сум пиела некогаш, џус вотка пијам кога сакам да се направам летва. Ама за вино сум експерт. Кога ги гледам овде вашите слики од вина лиги ми течат. Бев лани во една винарија на пракса а бе мислам се чуствував ко ерген стар во харем со жени.
еве една прекрасна веб страничка за подготвување коктели за сите љубители на „мешаниот алкохол“ www.kokteli.mk УЖИВАЈТЕ !!!
Коњак со чоколаден прелив и мартини ми се омилени, но не пијам многу често еднаш неделно кога ќе излезам хахаах
Вино, водка и мартини. Виното-розе. Водката со сок од ананас или од боровница. Мартинито со шеќер. Ах, ќе заборавев можи и пиво. Јелен или Лашко. Друго не иди во предвид. И секако ладно. Па уште ако е точено.
Сакам во последно време ракија-жолта тиквешка со салата, а посебно во кафана незнам зошто мерак ми прави,порано тоа ми сметаше а сега ми е задоволство.
Роденденот ми беше пред 2 викенди и тогаш измешавме буквално се ..Вино бело и црвено , вотка , сокови , коњак ... Од кога помина роденденов , во неделата сабаље имав чувство дека главата ми е полна со вода ! И еве од тогаш ни една чашка се немам напиено , а и одбивен ми е некако после тие дешавки
Јаоооо дајте шта има, само молим вас никако вотка... Ауу пиењето вотка и името Најубава се два различни поими, неможам бре, нема шанса, никава теоретска шанса јас да пијам вотка, едноставно неможам. Другово и така и така, џин па и не баш, пре би мартини, виски, коњак, јегер... Морам да напоменам коњак ми е фејворит, најчесто тоа пијам, чист, без лед (смајлинакоемутечатлиги). И секако незаменливата ни наша македноска жолта ракија. А богами и пелинковац и сливовача не се лоши, но ракија е ракија да се разбереме. Од вина, и црно и бело, бело поретко чисто, најчесто бунар со швепс и кисела вода и по некое лимонче, портокалче, јаболче. Црвено е тоа ми е прекраснотија, добар месест ручек и црвено вино-боговите знаат зошто. Спојлер И да се разбереме не сум алкохоличар, туку јас уживам во добра храна и адекватен алкохолен пијалок.
најмногу сакам црвено вино за преку зима и водка за лето омилени ми се, друго може да пробам по една две голтки чисто од љубопитност да видам каков е вкусот, пиво не пијам бидејки ми го дува стомакот многу и узо несакам има некој мирис како во болница
Зависно од расположение. Понекогаш пијам бело винце со сок, или црвено винце, или вотка со повеќе лимон, или некое коктелче, секогаш различно
Црвено вино Освен на расположението, делува и на здравјето. Здраво е да се консумира секој ден по една чашка. Ние можеме да се пофалиме со убаво, македонско вино и имам неколку омилени сорти. А пијам и од нашево домашно Освен црвено вино, сакам и вотка. Чиста, сечена, дупла, каква и да е само со многу мраз и цевче да е
За зимно време ми е омилено црвено винце или пак ракија ама домашна оти по кафеаните ич не ми се убави како мешани да се, а по кафичи пијам џин-швепс
Црно вино домашно... специјалитет на дедо ми а летно време не пијам алкохол,добро може една голтка пивце...ама да е многу ладно