Црвено вино, ама што појака и потемна боја- поубаво ми е, и стриктно чисто за зачувување на оригиналниот шмек и вкус. Многу поретко го мешам со кока-кола или пепси. Бело вино за летен период, освежително ми е, исто чисто. Мартинито има ок вкус, но не ми е фаворит како виното.
Бакарди кола Моето омилено. Исто така сакам да си пијам бело вiно особено во лето а црвено во зима и вотка со швепс. Понекогаш по некоја пинаколада и некое текилче онака измеѓу др пијалок да разбие монотонија или камикази. А за по дома со другарките често знаеме да си напраиме сангрија уфф мераци Не поднесувам пиво и ракија, а од зимава богами и јегерот.Некако мн добро ми идеше у ладните денови со портокалчето и кока колата се дур не претерав малце, а тоа сирупчето некако не беше за таква намена
голем љубител сум на алкохолот многу често за викенди знам и да претерам,али јбг такво мие друштвото обично се загревам со црвено вино со пепси или бело со миринда од лимон а потоа фкафич продолжувам со вотка швепс,или џин џус
Од алкохолни пијалоци најмногу сакам црвено или бело вино. Убаво со вкусна храна. Мераци. Не ни помислувам да го мешам некако, си го сакам така чисто. Вака исто сакам и коктели. Шаренки ми се и вкусни. Куба Либре и Космополитан ми се најлесни и ги сакам зошто освежуваат и не се јаки. Сакам летово да пробам Пинаколада. Вотка со сок ретко,зошто алкохол со шеќер е убиствена комбинација за организмот исто како и кај повеќето коктели уствари. Вискито ми е гадно ептен многу, исто и текилата не ја сакам. Ликери си сакам, еден Моцарт ликер што го пробав во Виена ми остана во срце. Единствен (валјда е ликер) ликер што не го сакам е Кампари. Премногу горчливо за мене.
епа сеа вака зима како зима ,црвено вино и само црвено вино . може и текила де што се тиче за во лето пивото ми е неизоставен дел од денот,пијам пиво како луда ,МИ ВОЛИМО ПИВО И ПИВО ВОЛИ НАС ( стварно незнам како не ми се напраил пивски стомак_от досеа ) бело вино ...шприцер,бунар, не е битно само да е вино со нешо таму водка ,џин - тоник ,па и по некое коктелче може рецимо лонг ајленд мммммм го забораив и јегер_от и рум_от !!! тоа е накратко што може да се најде на моето мени за алкохолизирање
Не пијам многу,ама кога пијам сакам да пијам 1.Шампањ 2.Радлер пиво Ама да се разбереме и ова не го пијам често
Не проверив дали некој имаше спомнато ама последниве неколку недели од како го открив ова само тоа конзумирам - бело вино и фанта! многу убаво лизга како сокче да си пијам со мал шмек од вино за мерак!
Феминки ќе ве замолам да одвоите 2 минути и да одговорите на неколку прашања од мојата анкета за Виното и навиките и конзумацијата на вино во Македонија.Фала http://freeonlinesurveys.com/s.asp?sid= ... erd6123273
Јас секогаш терам со еден пијалок и го нарачувам тој додека комплетно не ми се згади. Моментално најподнослив ми е џин тоникот, за места каде нема голем или каде што воопшто нема избор на коктели.