Ееј, вака читајќи ја темава и мене ми дојде желба некогаш страшно да се испијанчам, после да не знам како се викам! Е, добро де, не буквално. До сега не сум била пијана, ама сум била така, поднапиена. Тоа беше оваа Нова Година а јас бев во еден од оние мои ' депресивни ' периоди. И така нерасположена, стигнувам таму кај што славевме и веднаш барам алкохол јас, со мислата дека јас вечерва ќе пијам, па што сака нека биде! Ама машките немаа донесено сеуште. И после пола саат дојдоа и они и донесоа бело вино, кисела вода и коњак. Ама само ова последново им вредеше, нели? И јас веднаш со чашата сум се истопорила, давајте ми мене шприцер, божем којзнае што ќе пијам. А другаркиве мои чудно ме загледале, во стилот ' Еј гледајте ја, пие.. ' А они па демек не пиеја, туку знам јас, се криеја они, они во ќошиња, никој да не ги гледа, божем тоа нешто страшно е, за Нова Година да се поднапиеш малку. И така јас, големата дама испив на екс скоро две чаши шприцер, а не од што е тоа многу или нешто жестоко, ама мене изгледа од две капки ме фаќа. И како што бев нерасположена, место да се расположам, јас уште повеќе тмурна станав и почна да ми се врти во глава. И си викам, ајде сега седнувај, не ми се клати тука и смири се прво, немој да си земала уште нешто, одмори малку! И после тоа, не земав ништо пола саат, само се изнагнетов ресани и чипс и уште полошо ми стана, ах лелее. И после си викам, ајде ми помина, да си земам коњак сега. И јас во моментот не ни мислев, сум си ставила пола чашка и таа на екс. И во моментот кога ми се сврте, кога ми дојде и горчливо и топло во грлото. Стомакот каша попара ми стана. И станав и којзнае, изгледа сум се клатела целата, сите некако матно ги гледав, во стомакот којзнае што ми се случуваше. И сите ми викаат, ти пијана си, па другарките ми ја земаат чашата, престани, доста ти е. И после тоа, таман малку ми се разбистри паметот, отидов и си измешав коњак, кока кола и вива од црвен портокал. И дури лошо ми стана, и отидов во вц да се измијам. Кога тоа, јас сум заборавила дека имам римел ставено и излегувам од вц, ми викаат ти се гледаш ли каква си, лицето цело ти е црно! Па после барај паломи, влажни марамици, абре ништо не помага. И излегувам надвор на чист воздух, па ах тоа кога ме пресече. Знам дека од таа вечер ми фалат некои парчиња меморија ама ајде не е страшно. Некои ми раскажуваа дека сум се клацкала по маси, ми пукало глава, сум плачела и незнам ти што таму, ама јас не им верувам. Само памтам дека на крајот кога се смирив малку од малку, имаше песна од Ван Гог ' Неко те има ночас ' и јас кога фатив да се смеам, да пеам (читај, се дерам) и сите што ти е па сега?! Кога дојдов дома, веднаш се шмугнав во вц, се измив убаво и веќе не знаев ни кај сум ни која сум, страшно ми се спиеше и веднаш си легнав. Кога станав не ми беше ништо, само малкууцка бев како мамурна и се присеќавав на изминатата тапа вечер! П.С.. Извинете на рефератов, нешто ми дојде да си пишувам.
До сега сум била пијана околу 15-20 пати... А заматена сум била 100 пати ... Последен пат кога бев пијана тоа беше за мојот роденден... Е па да ви ја раскажам случката ...Онака пијана јас со дечко ми и со другарките од кај мене дома одиме во една дискотека и немаше слободна маса на местото кај што сакавме да стоиме и гледам еден што беше келнер пред тоа и одам му викам "Еј ај ако сакаш донеси една маса" и он ми вика "Јас да донесам ?" и јас 100% сигурна "Па да де ти.. Нели си келнер ??" и ете ја другарками за срека иде и ми вика "Не е он келнер веќе...Дојди друг некој ќе донесе" ... И јас цурик назадд да ме немаа ... Ама шо да правам пред тоа беше келнер и пијана работа знаешш незнајш ни на кој зборуваш ни шо зборуваш.... А иначе кога сум пијана некој малку да ме изнервира и знам да направам цел океан од плачење ...
Само еднаш до сега се испијанчив ама ептен убаво....па вечерта се фатив со дечко ми со кој еве заедно сме веќе година и пол...испивме литро и пол шток и лудувавме на една плажа ( мислам на пеење,играње и вриштење) кога во еден момент сфативме дека ние треба да бидеме повеќе од другари што да правам послободна сум кога сум напиена
Во повекето случаеви машките ги молат девојките да пијат бидејки сме им интересни кога сме пијани, лично за мене многу ми е убаво кога ке се поднапијам (уживам)
Јас сум голема обожавателка на алкохол ама секако не и алкохоличарка ... Ми се имаат десено доста случки . Пред неколку Господови лета со една другарка седнавме преку ден во еден кафиќ и муабетот беше со пиво да се испијанчиме...Арно ама се живо испомешавме ( вино, коњак,пиво, подморници, шејкери )...Неможев 2 скалки да искачам за да појдам во тоалет.Дојдоа двајца наши другари демек ќе пијат со нас подморници, тие по неколку кригли почнаа на сепаре да повраќаат а ние сеуште се држевме . Заминавме во диско арно ама незнаев кај се наоѓам и како да си фатам такси да појдам дома. За среќа сретнав една школска од основно и ја замолив да не однесе до в такси и да му каже на таксистот на која адреса да ме остави. Кога стигнав дома ги бакнував ѕидовите пошто бев среќна што стигнав дома. Ми се има десено и на одмор да не можам хотелот да го најдам. Исто така ми се има исполнето и најголемата желба во мојот живот, да се возам во "Марица". Имаше рација, издував 1.20 промили и мораа да ја викнат мама да ме извади од станица . Исто ми се има десено на 5ти спрат да денсам на балконска маса(снег до колена). Малце ми фалеше САМОУТЕПАНСТВО да си направам . Во последно време знам и граници да преминам, утредента цел ден да но се надевам дека овој период во скоро време ќе ми помине а и се губам, не се сеќавам што сум правела
Кој ли да ти одолее... Си пијам редовно. И ќе си пијам. Кога бев помала мерка си немав. Додека не ми се слошеше - не престанував. Понатака стана друго, пиев само до степен додека мислев дека ми е доста, а да не ми се слоши. Фала Богу, никогаш не сум правела срамови, да играм како нездрава, да се слекувам или да повраќам во јавност. Ма да во последно време се разочарувам сама од себе - колку ли треба да испијам за да се осетам во благо алкохолизирана состојба?!
си пиев и ќе си пијам , ама прв пат итоа онака убаво се испијанив со црвено вино. леле, глава боли, повраќање...неколку год не пиев вино, ама сега пак вино ми е стандард. а тогаш кога не пиев вино, пиев коњак. и од него се имам неколку пати убаво опијането, ама баш убаво... а што си потпивнувам скоро секое викендче, тоа стандард си е и така и ќе биде .
на мене од 3 чаши и ми се лоши и секогаш повраќав а немам правено глупости и затоа сега не преферирам да пијам...........а највкусно ми е мартини тоа не ме опива
Се што е во умерени граници е здраво. Прекумерно конзумирање алкохол знаете сите каде води и што предизвикува. Јас сум мераклија да дегустирам алкохол. Пример 1 чашка ракија (исклучиво домашна) да ја пробам. Па да мириснам вино во чашка, да го почувствуваш вистинскиот вкус на виното. Доволно ми е 2-3 голтки колку на примеров Па да мириснам и црвено вино, да пробам некоја голтка. А не како големиот дел од луѓето ќе купат едно литро нискубуџетно вино и цело литро да се испие. Тоа не е пиење, тоа е правење стока . Пиво пијам и е единствен алкохолен пијалок каде мора да се испие целото шише .
добра тема...онака јака дешавка од пред последното пијанчење ми беше прво собрани пиевме вино домашно црвено,,не си пијан од вино додека не станиш,, и после во едно дискотека а јас дробосана ненормално и одиме во дискотеката и еден другар појде до вц а јас пиво в рака и иди и јас абе кај си ти и го гушкам и пивото го истурив над него и онака почнав да се разочарвам зошто да му го истурам пивото а тој душа ме частеш е после за да не се разочарвам и му одев на шанкеро му инзаедов салфетки и го чистев местото за д ане се лизнам слуцајно пијана работа
Морам да признаам дека сум љубител на алкохолот. Секако во умерени количини, се што е претерано не е здраво. Секогаш кога пијам си знам до каде ми е границата и знам да се контролирам (најчесто ) Неколку пати сум ја поминала границата до тој степен следниот ден да не се сеќавам што сум правела. Незнам како воопшто сум успеала да се вратам дома. ilent: Лоша работа. Ама за среќа тоа кај мене е реткост. Инаку, љубител сум на црвено вино, пиво и скоро сите жестоки пијалоци.
Јас у живот алкохол немам пробано, а не ни планирам.... јас и онака сум си доволно расположена додека сум трезна нема потреба да се напијам...
значи тиее што не пиете алкохол не знаете што пропуштатеееееееееееееееее обожавамммммм пијанки со моите другаркиии... и со поголемо друштво нормалнооооооо пијам скоро сее... вино, пиво, вотка, текила.. сум пиела и друго ама веќе некои работи не можам да ги пијам, поради бурните вечериии значи колкуууууууууууу се имаме смеено, забавувано, правено глупостииии, срамено и така натакаааа иаме и плачено многууу али то е то.. сепак како што можеш да се опуштиш ...бравоооо ! непопвторливи моменти ималооооо
Нема ништо лошо во тоа понекогаш да се исконзумира малку алкохол. Во нормални количини, секако. Инаку, порано многу повеќе сакав црвено вино, белото не го поднесував убаво, а сега обратно-од голтка црвено вино ужасно ме заболува глава, а од белото ми е супер. Пијам вотка (посебно Absolut ми се допаѓа), џин, на времето текила пиевме често.... Имаше едно време Bacardi Breezer, пиевме со другарка ми такво од лубеница, ептен беа освежителни, башка многу лесни, ко сокче да пиеш. Сокче, ама од 3-4 такви..... Инаку, споро ме фаќа алкохолот, освен ова од лубеницава , така да немам нешто многу пијанства. Само еднаш ми се има случено да имам црни дупки во меморијата од вечерта, и не, никогаш веќе така Инаку, сакам пиво, посебно Скопско, Heineken и Carlsberg. Ама нешто не ми поднесува пиво организмот во последно време, после неколку голтки ми се гади, врска немам што се случува.
Си љубам алкохол и се сакам себе си до 2 пијачки (одма ме фаќа) Недела и пол не се имам напиено алкохол и многу глупаво се осеќам because I need a beer аnd the taste of it!
Алкохол ин мај вејнс . Најчесто си пијам мартини , но во последно време се случува да нема, каде и да побарам. Изгледа зошто јас барам. Малер сум. Е тогаш се префрлам на џин-тоник или евентуално ако и тоа нема тогаш џин-швепс. А текила по благосостојбата од мартинито. Понекогаш и пивце . Бело и црвено вино на запивање. Сум била пијана многу пати, НО секогаш сум свесна што правам и каде одам. И секогаш памтам што се случувало. Е сега да не зборуваме ептен за детали де . А за пијани случки имало ептен многу . Последно кога бев пијана неможев да одам на штиклите. Ме болеа многу нозете. И си ги соблеков. И наредниот ден видов дека сум нагазила срча. Едвај ја извадив.
Ах секогаш пијам алкохол пред некој концерт, седенка со друштво па некогаш но ретко и сама пред компјутер кога разговарам со неколку пријателчиња од други земји и кога муабетот толку ќе ме заскокотка и тогаш во градите ми се јавува чувство на желба за пиење оти во тие моменти имам инспирација и роман да напишам. Сум имала многу случки со опивање, од поднапиеност до целосна блокада. Сум била на момент и дипсоман ( тоа е личност која може да не пие, но ако почне, не може да запре додека не се „отепа“, вршејќи еден вид симболичко самоубиство). Кралот алкохол е дволичен - некогаш ти е најдобар пријател, некогаш најголем непријател кој се смее на твоите слабости. Еднашка толку се опив што излегов на бина да пеам, и направив весела атмосфера пеејќи рокенрол и од секаде ми стигаа пијачки, луѓе ме гушкаа, се осеќав ко ѕвезда Еднашка пак толку се опив што тргнав пеш до дома па едно куче ме следеше цело време и кога стигнав близу до мојата куќа, седнав на тротоарот, кучето застана пред мене и ме гледаше ептен тажно со големите искрени очи што јас почнав да плачам и да му зборам дека навистина било точно тоа дека кучето е најголем пријател на човекот, дека ете од сите луѓе што пиеја со мене во парк кучето остана со мене и ме однесе до дома. Одеднаш слушнав машки глас како ми вика: "девојче, ако сакаш да си одиш дома, јас ќе те однесам, не мора да ми платиш", ми рече еден таксист кој цело време стоел во близина незабележан. Му реков: "фала човеку, јас сум си веќе дома"