Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Алкохол!

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од Avatar, 27 декември 2009.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.910
    Допаѓања:
    132.770
    Сакам да се напијам пиво после напорен ден, ме релаксира. Не алкохолот, туку вкусот, првата голтка. и веќе не сакам да се опивам, вистинска реткост е тоа. Последно се напив од Џони Вокер, ама несакајќи :)
     
  2. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
    НЕ пијам алкохол, всушност никогаш немам пробано, а не сакам да пробам :)
     
  3. NineTailedFox

    NineTailedFox Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    157
    Пијам но секогаш до одредена граница. Знам кога ми е доста :)
     
  4. Keri

    Keri Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    1.398
    Пол:
    Женски
    Ехееее, многу пати до сега сум била пијана...Неколку пати и до крајност :$
    Всушност секој пат кога пијам, барем ме фаќа онака по малку, ми влијае на подобро расположение. Мало сум, лесно ме фаќа. Најчесто се одлучувам за бело вино. Вотка ред бул ми е многу слатко, ама пазам со вотката, опасна е :D
    Најлошо пијанство ми било од текили :puke:
    Long island ми е смрт, кога сакам да се начукам, тоа порачувам.
    Во лето обожавам Мохито, освежува. А често си порачувам и Космополитен. :P
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Мојов втор пост во темава ќе биде тотална спротивност од оној првиот: со алкохол се дружам максимум два пати месечно (и тоа се сведува на едно-две пива или една-две чаши вино) и тоа ми успева веќе една година. И некако се навикнав да глумам пијана со Швепс, забавно е :D :D :D Плус ги гледаш сите што прават и ги потсетуваш другиот ден, па се фаќаат за глава уште толку.Ај наздравје! :beer:
     

    Прикачени фајлови:

  6. Nezna28

    Nezna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    215
    Страшно звучи кога жени ќе кажат дека се пијанчеле, тоа ме ужаснува.
    Не пијам алкохол бидејки нема ништо корисно во пијанчењето, на една дама не и прилега да се пијанчи и потоа да се фали како ништо не се сеќаа, поголема мизерија за мене нема.
     
    На Kitty23, EraBon, GirlLove и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Пијам, не лажам, ете ви признавам.
    Сакам алкохол. За време на школската година не пијам многу, само на саботи, ама пијам умерено. Уствари зависи расположение. Се случува да си земеме едно шише водка или коњак и ајде не пиј де.
    Си ја знам границата, тоа е добро.
    Од една чашка ништо не осеќам.
    Од втора почнувам да се опуштам, играм и се смеам.
    Од трета малку ми се врти.
    Од четврта малку повеќе. :drunk:
    Ако се напијам и друга чаша, тешко ми се пише.

    Пијанчењето е како позајмување среќа од утре. Затоа не сакам да пијам
    Е за разлика од сега, летото си пијам. Со другарка ми си пиеме секоја вечер пиво/вотка или нешто друго, зависи. А за саботи да не правам муабет. :wasntme:

    Инаку јас мирно девојче сум, ако ме видите во лоша состојба, алкохолот е крив, т.е јас сум крива што пијам. :D
     
  8. Mrs.Carter

    Mrs.Carter Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Пијам ама не се опивам , омилен пијалок рум.Оти нели дами сме , жени , не ни личи ;)
     
  9. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Имам пиено пиво и вино (бело и црвено). Но, само еднаш тоа.
    По грешка имам пробано ликер (па кога го ставиле во шишенце за сок |( ), но ми се смачи од единствената голтка. Друго немам пиено, а нема ни да пијам.
     
  10. Rawr

    Rawr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    38
    Никогаш не сум била пијана :$ :angel:
    Пивце за живце, удри бригу на весеље :rofl: :rofl: :rofl:
     
  11. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Не сум пиела и никогаш нема да пијам. Најмногу нешто што мразам во животот е алхоколот како мала семејството ми се распаѓаше поради тој проклет алхокол и ден денес имам тешки трауми. Иако не е виновен алхоколот туку тој што го комзумирал, но сепак НЕ би.
     
  12. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Сега на ручек малку вино се напив, ама малку.
     
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Имаше ваква слична тема и таму напишав две случки. Овде ќе ја напишам таа што таму не ја спомнав. Се напив на роденденот на цимерката. Имаше домашно вино, црвено, беше стварно добро. И си почнав да пијам чашка по чашка. Не можев да запрам. Почнав да рафрлам предмети, станав ептен дружељубива со сите и со тие што не требаше, потоа кога нејзиниот дечко му се јави на еден другар јас му се закачив со увото на телефонот и му реков - Кажи му дека има многу убав глас (facepalm) Потоа требаше да излегуваме во дискотека и јас се мислев дали да одам или да си легнам и нормално, заминав. Одевме со такси и уште нестигнати, таксито кога застана јас се залетав да излезам. Немав појма кај сум. Па на стаклото од прозорецот почнав да го пишувам името на тој што го сакав и да го спомнувам како некоја будала :doh: Во дискотеката не пиев ништо и не направив глупост. И кога се вративме, тројца типови ни тропнаа на врата, јас отворив и фино лепо ги пуштив во собата додека цимерката се преоблекуваше, мислев дека ги познава, а таа кога фати да вика... Добро што си излегоа.
     
  14. Mika 90

    Mika 90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2015
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Девојки да ве прашам дали знаете каде можам да најдам туборг лименки (11) во мала торба фрижидерче се продаваат, околу 400 денари е цената. Сега се на акција и многу брзо се трошат, би сакала да ги најдам заради ладилникот, ќе ми заврши голема работа за по пат :)
     
  15. LikeAPrincess!

    LikeAPrincess! Нов член

    Се зачлени на:
    21 август 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Ја создав оваа тема бидејќи многу од нас се во заблуда кога е алкохолот во прашање. Какво мислење имате вие?
    Дали сте пробале алкохол - каков?
    Како сте се чувстувале?
    Што мислите за алкохолот?
    Кој вид пиалоци побргу дејствуваат (газираните или обичните)?
    Има ли последици или придобивки?
    Дали алкохолот ја намалува функцијата на нервниот систем?
    Дали верувате дека помага во функцијата на организмот?
    Пр: дека црвеното вино е добро за крвта, ракијата ја подобрува циркулацијата на крвта...итн.

    Има уште доста прашања во врска со темава, но за почеток доволни се овие.
    Да ја почнеме дискусијата.
    Слободно кажете го своето мислење во врска со темава. Поздрав до сите!
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Па за црвеното вино е точно ракијата не ќе ми е.
    Имам пробано вино и пиво ама малце.
    Мала сум јас да зборувам за ова :)
     
    На LikeAPrincess! му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Дали сте пробале алкохол - каков? Да - пиво, вино, коњанк, ракија, вотка, мартини, виски, ликер, узо.
    Како сте се чувстувале? Паа... пијано?! :^) Од некои пијалоци ми било грозно, од некои не.
    Што мислите за алкохолот? Има некои пијалоци кои се препорачуваат да се пијат, барем по една чашка на ден и делуваат благопријатно за здравјето на човекот, но да се претера не е во ред. Мразам алкохоличари.
    Кој вид пиалоци побргу дејствуваат (газираните или обичните)? Тоа навистина не знам, мислам дека зависи од количината односно колку промили алкохол содржи пијалокот.
    Има ли последици или придобивки? Придобивки сигурно нема. Можеби опуштеноста, но ако се претера од опуштеноста последици излегуваат. Најмногу здравствени последици има, а потоа останатите, како правење глупост и после да се срамиш од себеси.
    Дали алкохолот ја намалува функцијата на нервниот систем? Ја намалува.
    Дали верувате дека помага во функцијата на организмот? Пр: дека црвеното вино е добро за крвта, ракијата ја подобрува циркулацијата на крвта...итн. Да, помага,но како што напишав погоре, само по една чашка.

    Еве јас некогаш се случува да се напијам и малку повеќе, но никогаш не сум била во ситуација да почнам да повраќам или да ме боли глава. Имам некои глупости направено кои не се карактеристични за мене во трезна состојба и ми доаѓало незгодно и се мразам себеси што сум се довела во таква ситуација.
    + Сметам дека голем ужас е да се види девојка која пијана се влече по улици.
     
    На LikeAPrincess! му/ѝ се допаѓа ова.
  18. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    имам пробано црвено вино старо една година, пиво и ракија
     
    На LikeAPrincess! му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    669
    Пол:
    Женски
    Ахх јас не можам да се контролирам. Или пијам или не пијам.. Обично за викенд само пијам, ама кога ќе почнам не можам да се сопрам и најчесто завршувам камен пијана, па наредни пет дена не можам да се соземам.. Како помала многу срамежлива кога излегував, се навикнав на алкохол бидејќи ме опушташе и ми беше многу подобро ама си премина во навика.. Инаку додека сум пијана малку повеќе ми збори устата и што треба и што не треба и весела сум играм, пеам, ги сакам и тие што не треба, не повраќам или да паѓам, само ми се приметува во фацата и тоа ме нервира највеќе.. Ама како и да е сакам да се научам да останам со две-три пијачки цела вечер ама тешко ми оди...
     
  20. flowergirl567

    flowergirl567 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2017
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Не пијам алкохол.Еднаш сум пробала пиво и вино и никогаш повеќе.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.