Јас денес си засадив сама,се надевам ќе се фати,едвај чекам!ми го даде 1 пријателка,и го засадив во саксија,од кога мислев на тоа алое хахахаха,значи на балкон да го чувам летово,ок.Мајкати како го засади,или го купи?се надевам ќе се фати,му ставива убава земја,а тоа е како поголемо гранче така ми го дадоа.Кажими околу садењето молимте дали мајкати сама го насадила како јас или е купено?
^Леле, слабо на време сум го видела постов Вака, на мајка ми и дале едно мало гранче со се коренот и го засадила одма во земја Арно ама Имаме 2 саксии, и едниот се разболе Другиот се држи сега за сега...Исто така повремено му става течно ѓубриво, за да го потхрани малку. Гледај да го наводнуваш редовно и обрати внимание на земјата, можно е само да ти се чини дека е сува на површината, а внатре да е водена. Затоа копни малце подлабоко и види дали е мокра земјата
Прв пат слушам дека алоето мирисало . Го имаме од пред да се родам и не знам дека мириса . Иначе за мачкање бидете внимателни. Лани исеков лист и се мачкав. Еднаш се намачкав и осекав боцкање и црвенило имав, ама вториот пат кога се намачкав кога ми бликна едно црвенило, кога ми се искуши кожата, ми се испакнаа многу црвени точки мислев ке полудам. 5 дена седев дома и му ставав павловичева помада. бев како изгорена. гадно, гадно. 24 саати дневно бев со помада и по 5 дена речиси не се ни познаваше. и веке алое никогаш на лице не ставам . а иначе имам читано дека се става на рани од изгореници. мислам дека тоа да го ставиш на рана ке цркнеш од болка . така да бидете внимателни
Купив денес алое вера, еден мал лист е во саксиичето. Па за 50 денари да не сакам баобаб да ми достават на адреса? Да го опнам на тераса да дреми, нели?
Пишав негде низ темите, но доживеав сериозно страшен момент на смрт на алоето ми вера по само два дена од купувањето. Греота кутрото, само потставено го имале мутавите продавачки во саксиче полно со вошки. Нејсе, да им се врати, да не може темето од вошки да си го исчистат и на чатија да би спиеле до крајот на животецот. Чуј ме Боже Семоќен. После неколку дена тага и самотија, мајка ми ми донесе веќе израсната алое вера, со широки листови, ми ја смести во голема саксија и сега истата ужива до прозор зашто надвор е студено. Завчера пак ми донесе уште една, за никогаш повеќе алоева тага да не почувствувам. Вторава е потенка и повисока. Нека им се погоди на двете престојот кај мене. Вода еднаш на 2 седмици, многу топлина и сончева светлина.
земав алое од пријатели , нив им беше во двор ама ја у стан живеам и го ставив во саксија !! има едно големо и едно малечко до него пробав малото да го раздвојам ама не бива ке го остаам така! сакам да прашам.....каква земја да му ставам , дали да му купам хумус или обична најобична земја па после да му ставам течно губриво колку да го наводнувам ?? незнам ништо !! прв пат ке чувам растение дома
Дали само одреден вид на алое има гел!? Имам алое вера кога го исеков нема гел, само тоа белото.Гледав на youtube, девојката само што го стисна листот истече гел, а зошто кај мене не беше така, туку само вода..... м?
Не сум за тепамава само сакам да коментирам дека прочитав Алал вера .. хаха ми падна смешно и си реков да го споделам ..
Јас денес си купив алое вера, 300 ден. го зедов, 2 години било старо, во март му било роденден, тогаш ќе наполни 3 Цвеќарката ми рече дека можам сега да го употребувам надворешно, на кожа, а внатрешно ќе можам кога ќе наполни три Па да ви го претставам моето ново малечко..... ТААААА ДААААААААМ..... Овие дена ќе треба да го пресадам во поголема саксија, пораснало, оваа веќе му е мала. Треба да се чува на топло, под сенка, во хумусна почва. Ако некои крајчиња се подзасушат треба да се скрати исушеното и потоа тие пак сами ќе си се регенерираат. Не се наводнува многу често, еднаш неделно, а некогаш и еднаш во две недели, зависи од времето, од топлото, треба површната почва да е сува, да копнете малку, па ако веднаш излегува влажно не го наводнувајте, ако влагата е подлабока тогаш наводнете го. И тоа би било тоа. Девојки друг пат кога купувате цвеќе прашајте си ја цвеќарката како да се грижите за него, а не само да го купите и потоа да не знаете како со него Јас пред да го купам истражував на интернет, па во прилог ви оставам неколку линкови за тоа како се користи http://365.com.mk/162556/kako-da-napravite-domashen-gel-od-aloe-vera
sakam da kupam aloe barbadenis ova e poseben vid koj se konzumira kade moze da go najdam ve molam za pomos mnogu mi e hitno?! blagodaram
Истото го барам, но нема кој да ме информира подетално. Мене ми е потребно за конзумација, не за тело. Дури се чудам колку слабо се луѓево информирани околу бенефициите на оваа чудотворна билка, страшно...
http://uspesnazena.com/lepota-i-zdr...ok-aloe-novi-eliksir-lepote-zdravlja-za-zene/ Денес си добив алое па малку гуглав информации за него
Од неодамна имам Алое вера дома, и денес исеков еден лист и го искористив гелот за да го нанесам на акни. И добро, не ми е тоа муабетот, туку се мислам како ќе порасне листот на истото место? Ако си сецкам секојдневно по едно ливче,набргу ќе ја снема.. Има некоја "финта" во сечењето или.. ?
Jas go secam listot na polovina I go istisnuvam gelot odma posle menstruacijata go pijam gelot dobar e za cistenje na matkata I jajnici od cisti se pie do 21 den od ciklus
Ќе може да ми кажете точно во која цвеќера има алое вера? Дали е сложено одгледувањето? Сегде читам дека е премногу корисна, сакам да си ја купам, планирам на лице да си ја ставам, а и да ја пијам.