Здраво феминки, Не најдов ваква тема претходно. Бидејќи кафето многу ми смета на дигестивниот систем неможам да пијам пред излегување или рано сабајле поради болките во стомакот, но ми треба нешто што ќе ме разбуди. Дали имате вие некој предлог за друга алтернатива што е достапна во маркетите кај нас?
Безкофеинско кафе или зелен чај..илли некое од оние орзо што се, со череали, не знам дали ги има кај нас..
Доколку ти е потребен кофеин можеш да пиеш зелен или црн чај, исто и какао. Мене многу ми помага цеден сок од портокал и лимон, а некогаш знам и да си направам смути наутро пред да излезам и исто ми ја крева енергијата а сум многу тешка додека да се разбудам и да функционирам нормално.
Знам дека кај некои лица безкофеинското кафе придонесе за многу пореметувања во желудникот. Имаме на форумов посебна тема за безкофеинско кафе. Би ти препорачала да бидеш внимателна со него. Сок од лимон ми имаат препорачано за да се освестам полесно насабајле. Јас кафе не пијам..
Зелен или црн чај. Исто така можеш да си цедиш еден лимон и еден портокал заедно со малку вода во чашата одличен витамински напиток што ќе ти даде енергија.
И јас имам многу проблеми со желудников и периодов морав да откажам кафе. И мене ми го препорачаа безкофеинското, меѓутоа повторно имав големи болки и киселини во желудникот. Сега почнав наутро зелен чај да пијам, ме освествува колку толку а немам болки. Гледам и какао препорачуваат па и тоа би пробала. Ама ми фали вкусот на пустото кафе, addiction e
И јас го откажав кафето. Само какао и навистина убаво ми делува. Зелениот чај може да ти е тежок, мајка ми го пиеше некој период но се откажа.
Кафе можам да пијам само со млеко (а „иронија на животот“ е тоа што обожавам јако еспресо без шеќер). Капка да е макар било бадемово или кокосово млеко, одма чувствувам разлика и не ми смета на желудникот. Бескофеинското кафе мене ми прави проблеми со стомакот, а и кога веќе исфрлам кофеин, порадо би пиела какао, или ако ми треба само кофеин би одела со црн чај. За мене не постои замена на кафето, едноставно ништо не ми е како него ама во последно време откритие ми е рогачот. Далеку од кафе, но со многу бенефити за тие што имаат проблеми со дигестивниот тракт. Ми има вкус на какао и многу ми се допаѓа. Го купувам од Био Космос, 100гр е околу стотина денари.
Искрено и мене ми фали и неможам да се откажам колку и да сакам, па го конзумирам кога знам дека ќе бидам дома, но периодов ми е многу потребно нешто да ме освести. Каков вкус има? Во смисла да не е јак на вкус бидејќи на пр. Божиќниот чај има премногу јак вкус (барем за мене). Се подготвува на ист начин како и какаото?, и дали ти е доволен рогачот или конзумираш плус нешто за да те доразбуди? Се извинувам за деталните прашања, ама би сакала да дознаам нешто што би ми одговарало. Фала ви на одговорите повторно.
Црниот чај има многу повеќе кофеин од зелениот. Оној на Алкалоил, "Чај за добро утро", или како и да беше, мене мие премногу слаб, нема доволно кофеин. Само црн чај, може и ароматизиран или зачинет, ама обавезно чистам состав, за колку е концентрацијата на чајот. И мене понекогаш ми смета кафе (т.е. редовоно ми смета ама не го оставам), па знам понекогаш да го заменам кафето со црн чај. Домашен, зачинет си правев едно време. Со црн чај, ѓумбир, каранфилче, бибер, стапчиња цимет и понекогаш кора од лимојн или цел лимон, ама и тоа ми е веќе мачење Црн чај, или Earl Grey со малку млеко Индијскиот на франк е сега на попуст, во Рамстор видов. Имаат Франк и црн со нане, не ми е пробан.
Зелен чај е одлична замена за кафе, нели, на кого му е до кофеинот. Не пијам никакво кафе, а зелен чај обавезно секој ден, ме освествуа и дава енергија, а и вкусен ми е.
Франкот црн со нане моја препорака, одличен е. И мирис и вкус и одлично дејство ради кофеинот. Се мислев помеѓу него и Индискиот црн исто на Франк, ама овој дека имаше и плус нане и цимет ме привлече повеќе. Ако сте го пробале и Индискиот на Франк, пишете дали е добар.