Јас ретко пијам кафе, а ако пијам тоа е само еднаш дневно, а за на сабајле мене алтернатива за будење ми е топла вода со лимон. Киселиот вкус одма разбудува
За да се расонам сабајлечки мене ми помага чаша вода да се напијам така поладничка и кога имам енергија и ќе се сетам се истегнувам малце јога пози и имам забележано многу поактивна сум тогаш, можеби и тебе ќе ти делува. Иначе кафе избегнувам да пијам дека ми пореметува дигестивниот систем, или еспресо или едно како нескафе што си правам сама, бескофеинско кафе никогаш немам пробано. А немам забележано дали ме буди или не зелениот чај.
Вкусот може да му се подобри со додавање малку какао при варењето ...и обавезно по варењето малку да одстои.
Доминира ѓумбирот затоа малку лути чајот, според мене има јак мирис и вкус. Ретко го пијам ама како за промена добар е, ми се допаѓа.
Црн чај (руски или од шриланка се со најмногу кофеин), доколку ти е јак можеш да ставиш млеко во него.
Дали имаше главоболки кога го откажа кафето? Јас пред една година го откажав исто заради проблеми со желудникот и две недели едвај преживеав, мн главоболки имав, сега еве два месеци како пијам и пак ми смета, ми е страв да го откажам а морам. Ке пробам и јас со зелен чај
Пресмешно ми дојде кога си го видов мислењето од 2019, ама и сега сум на пауза од кафе и само се жалам, 4 дена немам пиено и ме утепаа главоболки. Тој период на навикнување без кафе така со главоболки ми помина, ама поприлично ми се имаше смирено желудникот додека не го пиев. Пробај и со какао да се залажуваш, летово можеш и ладно какао, да смениш од чај. Со среќа
Хахаа абе си барам утеха читам се си сешто, оти знам шо ме чека а сега тој стрес баш и не ми треба, ама и вака не бива страшно ме боли желудникот.. И цигари треба да откажам абе у пм, а таман си реков готово ми помина Мача дали си пробала? Ми ја фалеа и планирам да пробам..