Освен очигледниот одговор (редовно посетување на прихијатар) кои се алтернативите? Причината поради која прашувам е бидејќи бев хоспитализиран повеќе пати и во државна болница, и во 8ми Септември и не добив никаква помош, а па да не спомнам колку лошо бев третиран како пациент. Не се чувствувам како да е безбедно за мене да останам дома, не сакам да повердам ни други ни себе си и поради тоа сакам да бидам однесен на друго место. Нешто како поправен дом за адолесценти или слично? Имам 18 години for reference. И доколку вакво место постои, исто сакам да прашам какви се условите (колку се плаќа, дали се дозволени електронски уреди и слично)