Зошто се повеќе жени имаат проблем со непродност? Што ви велат докторите? Многу вакви приказни околу мене слушам. Страшна работа....страв ми е кога ќе дојде време да се обидам
Заради ненамвремено лечени вагинални инфекции, кламидијата е главен виновник за запушени канали. Што да кажам започнуваат со односи од деца буквално а ниту гинеколог посетуваат ни ништо. Другарка си се лечеше сама дома со кремички на 24 години немаше направено пап тест и брисеви, иако не знам колку пати јас лично ја терав и советував.
Конкретно со помош на акупунктурата или традиционалната кинеска медицина, за жената незнам , но конкретно за мажите знам дека може да помогне. Посебно кај оние мажи кај кои бројот на сперматозоиди е многу мал или истите сперматозоид немаат енергија на издржливост за оплодување. Незнам која е цената на овие третмани но имам информација дека од 0% плодност кај мажот се доаѓа до 20%, секако при оваа терапија со акупунктура следува и соодветна терапија со кинески чаеви и поздрава исхрана. И кај нас во Македонија има вакви третмани. Центарот за кинеска традиционална медицина се вика ТОНГ ДА и е во близина на Центар за странски јазици во Дебар маало. Се надевам дека ќе биде оваа информација од корист. Инаку Јас го посетувам центарот поради болки во колено и кичмата
Мед со бадеми, ореви и други јаткасти плодови помага многу кај машките за спермата. Додека и жените не е на одмет ова да си го користат поради имунитет.
Вчера почнав да чуствувам пмс. Најчето му треба една недела да пробие, и ми иде за 31 ден. Си направив чај од ајдучка трева. Денеска на улошката си ставив ракија и заспав. Кога се разбудив ми дојде. 26 ден. Можеби е склоп на околности, но и претходниот пат кога пиев ајдучка трева пред да ми дојде, полесно ми проби менструацијата. Мислам дека нема да ве кошта ништо. А и да има бебе, сигурно нема да се исплаши од ајдучката трева ни па да си оди од ракијата.
Па што знам за ракија не верувам дека не е штетно. Сепак е алкохол и испарува во вагината и може да направи проблем. Луѓе се ли се става доле ц ц ц
советот е од баба. така правеле од времето. исто според неа, за време на менстуација не треба да се бањаме, туку само со ракија да се поминуваме.
ракија имам ставано, но на облога топла и на јајници за да ми се смири болката. Ама за ова стварно немам слушнато знам само дека кантарион може на улошка, а ракијата разорува со испарувањето.
Јас имам слушано убави работи за ракија на влошка. Прочистувала долу и мн била добра за јајниците.. Еве јас кога имам менструални болки си ставам ракија и ми поминува, исто така од саботата чувствувам некоја бактерија и имам зачестено мокрење, и напони, болка долу... Ставив ракија на влошка и се парев со камилица ми помина.... Доволно добро колку да појдам да гениколог... Јас мислам дека нема ништо штетно ..
Не знам колку помогна... ама пред десетина години, ако не и повеќе, комшика една немаше деца 15 години. Се лечеше во Словенија, и не и одеше. Некој и кажал да ја пие течноста која се лачи од цвеќето Исусов венец, ама наводно оти е неплодна, кај неа не цветало, па доаѓаше кај нас дома и од цвеќето кое растеше ко лудо со цвет, со шприц ја собираше течноста и ја пиеше. Ја пробав и јас тогаш, благо, како сокче со многу шеќер имаше вкус. Жената после тоа остана бремена, сега има детенце, оди на школо. Не знам дали е од третманите во странство, или од цветот, незгодно ни беше да прашуваме и да се мешаме, со неа единствено контакт имавме кога праша дали може да дојде за течноста и кога доаѓаше секој ден околу Велигден, ама ете... можда нешто помогнало, па ќе помогне и на друг. Цвеќето се вика Исусово венче, оти пораснало од трњата на венецот на Исус кога го распнале. Ве молам не ме зимајте здраво за готово, само се сетив на случкава.
Kantarion nikako na vloska, nitu da se premackuvate na inyimnite delovi. Moze samo poloso da bide, nema nikakov efekt, a dpbivste sekret eden ton i plus vospalenie. Ova od iskustvo.
@makedonkamak кога имав поткожни, и геникологот ми рече да се намачкам со кантарионово масло, и за неколку дена ми се повлекоа. ама сепак сите организми се различни.
И одмивање со ракија, ја топли матката што е предуслов за зачнување, штити од инфекции, тие што на времето се одмивале со ракија незнаеле за брисеви секој месец, малку печи и жежи на почеток после не ама не е болка за умирање, мене ми стои на дофат во вц и почисто и поубаво се немам осеќано
Кaнтaриoнoт бaш е кoрисен, нa времетo.мaјкa ми си стaвaлa тaмпoн нaтoпен сo кaнтaриoнoвo мaслo, сегa веќе имa вaгинaлети oд кaнтaриoн, иaкo некoи сеуште си стaвaaт вaкa пoприрoднo.
https://www.google.com/search?q=Eup...0ahUKEwj7xeHX35_LAhUFWSwKHZUaDSAQsAQIGw&dpr=1 Eве како личи. Мислам дека е ползавец исто така, цвета пред Велиден, нашето беше со бели цветови, како пластични беа. Не знам од кај да најдеш, нашето одамна беше, после многу години го фрливме. Мислам дека од цветовите има проѕирна теччност и се лачи само неколку дена. Прашај некој што одгледува цвеќе, може ке најдеш. Жената што идеше кај нас собираше со шприц, и носеше дома, веројатно пиеше Како капки излегуваа од цветовите. Кога ке одам кај моите ќе прашам повеќе, сигурно они повеќе памтат.
@Lov4e-lov4e прочитав од поддршка. Знам дека стартно сакаш да ги пробаш сите можни природни начини за зголемување на плодноста. Еликсир на плодноста се јаде со дрвени или пластични лажички - за двајцата (според Баба Рада емисија од 24.01.2014) 1кг Пчелин мед - пролетен 10 грама матичен млеч 100гр. ферментиран полен - Перган или пчелин леб 20гр пропулес Во садот ставаш 2-3 лажици мед, па додаваш матичен млеч. Помешуваш. Потоа ставаш Перган или пчелин леб (поленот кој го собрала пчелата). Се додава пропулес. И потоа остатокот од медот. Но ова е лек кој се прави во пролет, со сезона додека има пресен полен и пресен матичен млеч. Сега матичниот млек кој го продаваат е замрзнат, и колку повеќе време е замрзнат, толку помало дејстово има - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - Машки лек за плодност -100гр корен од мечкина шепа - хераклеум спондилиом -50гр бабин заб трибулос -50гр грчко семе - пискавица - јарчев рог -50гр Анасон -50гр Чубрика -50 гр босилок -50 гр коприва -50гр семе од целер Сите се мешаат. Една супена лажица од овој чај, со 20 децилитри вода. Чајот врие 2 минути. Потоа стои поклопен 30 минути. Се цеди и се пие 3 пати на ден, по јадење. Треба да се пие подолг период, пример 3 месеци. - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - Маслиново масло со суви смокви Подготовка на лекот: Во едно литро маслиново масло во стаклена тегла се потопуваат 40 суви смокви.Се остава да отстои 40 дена. После тоа, секој ден на празен стомак јадеме по една смоква пред секое јадење. Ако не можете на овој начин да ги јадете смоквите тогаш пијте по една лажица маслиново масло а после тоа јадете по една сува смоква. Лекот го има истиот ефект. - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - - Би сакала да немаш потреба да направиш нити еден лек од овие и да не израдуваш со II. Сепак додека ги пиеш чаевите, медовите или било што, би било супер да си питаш хормони на трет ден, брисеви и да направите спремограм. Може да си заштедите мноооогу нерви и време. Ти посакувам успех и што е можно побрзо II
Ќе може ли да ми појаснете на кој начин се измивате со ракија? Ја затоплувате? Дали после тоа се одмивате со чиста вода? Дали игра улога каков тип на ракија и сл.