Не дека сакам луѓето да имаат некои работи. Сакам да ги гледам среќни, задоволни оние околу мене. Но, уште повеќе сакам да си ги задоволам моите потреби. Егоист сум значи. Епа, сите си имаме потреби. На некој ако му треба нешто, другите не гледаат дали ти треба или не - ако имаш-имаш, ако не-не. Тука не ти помагаат. Сите сами си ги задоволуваат потребите. Така да, јас си ги задоволувам моите - со помош на родителите, се разбира.
Секако дека сакам и на другите да им направам услуга, но кога сум во можност. А доколку треба да бирам помеѓу туѓи и мои потреби.....јас сум си на прво место. Егоист сум си
Егоист,но со мера не претерано и апсолутно не себична. Јас се грижам да ги направам другите среќни и задоволни, но пред се гледам ЈАС да се направам среќна и задоволна сега не како целта ги оправдува средствата,но се трудам да се направам задоволна и среќна.
Балансирам и добро ми оди Некогаш преовладува егоистот, некогаш алтруистот ,но сепак се е во границите на дозволеното.
Алтруизам - желба (потреба) да се задоволат туѓите потреби. Егоизам - желба (потреба) да се задоволат сопствените потреби. и двете
Тежок алтруист и тешко ме нервира тоа. Во ретки случаи сум егоистична, кога ептен ми се јаде, кога имам некој комплициран проблем.. Инаку сум алтруист и не сакам да сум до тој степен. Ако не исполнат нечија желба, барање, потреба не можам да спијам. Цело време ќе ме измачува тоа дека сум постапила себично, мислејќи за себе. Сонот ми е дефинитивно потребен, па затоа гледам да ги исполнувам желбите на другите. Што се однесува за моите желби, не се сосем запоставени, значи сепак има тука некој баланс.
Епа вака..Понекогаш знам да се однесувам како Алтруист, понекогаш како Егоист. Значи нешто измеѓу сум.
Егоист сум, јас со себе неможам да се справам, а не пак ќе усреќувам некој друг. Нека си гледа секој за себе, од многу добро па и не е добро. Неможам да се оптоварувам и да задоволувам туѓи потреби, а и не сум јас виновна што имаат претерани желби кои и самите неможат да си ги удоволат. Несакам да изигравам Мајка Тереза. Можеби е претерано ова што го напишав ама така се чувствувам и така функционирам јас, несакам да изигравам светица и да им исполнувам желби да другите, а за мене ако остане
Непоправлив алтруист... некогаш и на моја штета, само другите да се срекни. Но најмногу ме нервира кога некој тоа не го цени иако јас се чувствувам добро кога ке помогнам. Жално е што такви луге се многу ретки, а светот има потреба од добрина и алтруизам...
Тешко е и не е објективно да зборувам сама за себе каква сум. Сепак, се сметам за алтруист, бидејќи една од работите кои можат да ме направат среќна е токму насмевката на нечие лице по моја заслуга. Но, од друга страна егоизмот е нешто кое е својствено за човечкиот род... Така да секогаш се стремам кон тоа да си помогнан пред се на самата себеси ( но, не да градам среќа врз база на туѓа несреќа ), и исто на личноста на која тоа и е потребно.