1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Алфа vs Бета мажи

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од lovestoneddd, 17 јули 2018.

  1. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Што мислите за поделбата на мажите на алфа и бета типови ?
    Првите се самоуверени, доминантни, 'мажевни ', динамични, темпераментни, а вториве се едноставно кажано фини момци,емотивци, поповлечени се што се тиче женскиот род.
    Кој им е повеќе привлечен на жените и дали мислите дека ваквиот прототип е избор, дали може алфа мажјак да се конвертира во бета и обратно ?
    Alpha-vs-Beta-Male1.png
     
    На Lolo5 и КикиМаус им се допаѓа ова.
  2. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.433
    Пол:
    Женски
    Кога ќе ми текне кој све се смета за Алфа-мажјак, ми се превртува желудникот.... А, делумно некогаш и жените се криви што бодат такви погрешни типови...
    (читај:сељаци)
     
    На nedelce, felisitas, ♣ Alba Viduam ♣ и 9 други им се допаѓа ова.
  3. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.243
    Допаѓања:
    72.624
    Според мене поделбава е некако многу општа

    Мислам дека има и такви со мешани карактеристики (тие сигурно се гама, делта :lol:)
     
    На nedelce, SexiLy, ♣ Alba Viduam ♣ и 29 други им се допаѓа ова.
  4. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    Вистинската дефиниција за алфа е баш таа од приложената слика а на балканов некои имаат скроз искривена перцепција за тоа кој е алфа па го поистоветуваат со балкански сељак што е скроз погрешно.
    Мене лично алфа типови ме привлекуваат.
     
    На MarianaBT, sj *O*, lovestoneddd и 4 други им се допаѓа ова.
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Алфа би требало да биде некој способен, што умее да се снајде, да ја обезбеди својата фамилија финансиски (препорачливо повеќе од потребното), се истакнува во околината, природно му доаѓа улогата да се наметне над останатите, поточно, останатите го прифаќаат и му се подредуваат. Храбар и директен.
     
    На SexiLy, Yipman2, sj *O* и 7 други им се допаѓа ова.
  6. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Јас изгледа според горенаведеното спаѓам во групата на Бета. Мака мачам да се изборам покрај овие од групата на Алфа , не оти сум нешто полош од нив или тие се подобри од мене туку поради разнишаната самодовербата и самопочитување.
     
    На nedelce, angelche16, lovestoneddd и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Многу се злоупотребени поимиве, посебно кај нас. На Балканот и општо во типичната slavic култура, за алфа мажи сами си се сметаат оние кои за мене лично се дно на општеството... шовинисти, примитивци, мажи кои вредноста си ја мерат во мускули и сантиметри од она меѓу нозе. Па од таму и е проширена саркастична и дерогативна употреба на тој поим...
    А и во вистинската суштина на поделбава, со табелата не се согласувам - според мене ова е нешто како типовите карактери и интровертност/екстровертност, значи нема супериорен и правилен тип.
    Не е сѐ така црно-бело, а и зависат многу други фактори за привлечност, али мене еве лично ме привлекува и сакам емоционалност, па и повлеченост ми е симпатично донекаде - многу повеќе од преголема социјална самосвесност.
     
    На piglet1, Yipman2, sj *O* и 24 други им се допаѓа ова.
  8. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки

    За тоа има лек пријателе... ти само имај желба за промена, трансформацијата може да се случи само некој треба да ти каже како, а најбитна е твојата желба за промена.
     
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    рафчо не се секирај другар. тоа е исто како кај жените. се палат на секоја пуна со сексапил а за женење зимаат просек. НЕ ВЕЛАМ ДЕКА ТАКА ТРЕБА ДА Е. ама така е кај нас...
     
    На nedelce, sj *O*, lovestoneddd и 5 други им се допаѓа ова.
  10. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Јас овие од групата на Алфа повеќе ги гледам како нарцисоидни личности отколку како поим за совршенство. Не знам зошто имам таква слика создадено за нив.
     
    На WildMk, senza.parole, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    зашто само таквите кај нас се прават алфи. а уствари тоа не е АЛФА. тоа е СЕЉАК.
    алфа е сосема друго.
     
    На nedelce, MarianaBT, sj *O* и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    Ја сум помеѓу алфа и бета. :makeup:

    :D
     
    На nedelce, sj *O*, lovestoneddd и 2 други им се допаѓа ова.
  13. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.243
    Допаѓања:
    72.624
    Ал-та или Бе-фа? :D
    Или гама?
     
    На sj *O*, Lolo5 и Mr. Right им се допаѓа ова.
  14. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.794
    Допаѓања:
    46.393
    Сликава потекнува од некој блог, најверојатно направен од самобендисани момци кои решиле да ги учат другите како да бидат алфа мажи. Самата генерализација со тоа што кај алфа има слабо човече и лајкчиња, а кај бета спротивното, зборува за тоа колку сликава треба да е репер за одредување на алфа, или бета маж.
    Јас би бил алфа, ама не сум masculine. Штета.
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, Yipman2, sj *O* и 21 други им се допаѓа ова.
  15. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Зборов алфа мажјак кај нас,како термин,е многу искривен.Не е алфа мажјак исто што и балкански сељак(или сељак од било кој друг дел на светот,ова го земам само како ендемски вид :rofl:).
    Алфа маж е за мене,оној што знае што сака,има цврст став во животот,амбициозен,не изгледа совршено-ама си го цени изгледот,има добар стил ,мажествен,џентлмен,културен,со манири,со широки погледи кон животот,лидер,паметен и шармантен.
    Тоа не вклучува примитивно суштество кое им заповеда на сите,им наредува да прават ова или она,на жените гледа физички-само атрибути,глобално-средство за приплод :puke: Не некој „big boss“ 8) кој крши правила до каде што ќе стаса,и се фали дека ги знае „најјаките“ од цел град.Не некој што има убав автомобил,или „врти“ пи*иња секоја сабота на сепаре :x
    Бета маж (facepalm) тотално друга приказна.Еве се случи во животот да се дружам со еден таков.Немаше самодоверба,а верувам ни самопочит.Ниту цврст став.Кога јас ќе речев нешто,тој само климаше и да така е.Си се потценуваше сам себе.Вика не сум јас толку добар за да ја земам таа и таа оценка.Значи разочаран комплетно од изгледот,од ставовите разнишани (некогаш и воопшто ги немаше :shake:).Суптилно пробуваше да флертува со мене,иако знаеше дека нема шанси,и отворено му го кажав тоа.И тука прекинав да се дружам со него.Не викам дека беше лош како личност,ама некој без став,безгласна буква,без харизма,и ни тронка труд да го смени тоа...:x Напорно е луѓе.Ви го опишав само како типичен бета маж.Не ги критикувам нив,иако во главта не ми се вклопува таа слика некако.
    И кај жените има алфа и бета жени.Нешто како паралела на машкиов род.За мене оди алфа маж со алфа жена.Не тој да доминира над неа,туку заедно да бидат лидери.Буквално,тој крал,таа кралица(не некој зафилман шовинист,тоа не е алфа).Ниту еден алфа-независно дали маж или жена,не сака некој во нив да бара рамо за плачење,некој послаб на кого тие би му се препуштиле.
    Иако малку површна е поделбава,сепак ако се земе како поопшта,е добар показател за тоа во какво општество живееме.
    П.С.Во алфа мажи не ги вбројувам оние кои се нарцисоидни :$
     
    На Milobebence, sj *O*, КикиМаус и 10 други им се допаѓа ова.
  16. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    За алфа маж во нашите простови балкански се сметаат тие што ја мотаат секоја девојка, и потоа јадат... за неа, нарцисоидни, примитивци мислат дека они го имаат главниот збор, но на западот за алфа маж се смета тој што е џентлмен, грижлив, и што има манири а не со насилство како кај нас.
     
    На sj *O*, Macito007, lovestoneddd и 7 други им се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    На збор е едно, секоја се занесува дека тој покрај неа е алфа, а најчесто си нема везе.

    Треба да видам конкретен човек за да кажам дали се истакнува над другите или не. Во ставот и држењето лесно се забележува.

    Покрај тоа што го наброив, за јас лично да го прифатам како алфа, треба да биде убав и харизматичен (макар што харизмата се подразбира во делот каде околината самата му дава доминанатна улога пошо им влага на луѓето под кожа, е сеа многу зависи и каква е околината и нејзините критериуми, ама во секоја средина е главно сведено на она што го наведов во претходниот пост - парите. И друга работа, има некои убави лица, ама слаб карактер, не ги бива за водство и не знаат да привлечат, така што, ете, убавината сепак не е фактор тука, но јас се обидувам да ја вклучам).

    Под бета подразбирам мажиња со феминизирани гласчиња, мажиња алапачи, мажиња прилепени за мамицка, мажиња без амбиција и вештина да бидат први и најдобри во се што ќе се нафатат, мажиња кои чекаат на државата и општеството им е виновно (изговор) што се неспособни да успеат и т.н, и т.н.
     
    На Mamli му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    Имаш погрешна слика создадено за Бета ако во случајот мислиш на сите односно ако генерализираш. Повеќето сме слични на описот на @SeaMermaid . Зошто е тоа така? Некои од нас имале разнишана самодоверба и во одреден сензитивен период доживеале настани кои уште повеќе им ја намалиле самодовербата. За самопочитувањето можам да кажам дека кај овој тип има различно размислување. На пример мене не ми се допаѓа како изгледам, но од друга страна ми се допаѓа мојот карактер и поголем дел од карактерните особини. Сомнежот кај ваквите личности е како црв кој не јаде од внатре и не кочи во се што сме замислиле да направиме. Не значи доколку во моментот таква личност нема амбиции дека и во иднина ќе биде таква. Кај вакви личности е потребен двигател односно нешто што ќе ги охрабри за да не се плашат и да се охрабрат да се соочат со предизвиците. Еве од друга страна јас сум срамежлив во реалноста иако во поглед на некои други момци имам подобар речник, но кога се говорните вештини имам голем проблем бидејќи ме фаќа страв и паника. И нема врска тоа со вежбањето, за тоа те бива или не те бива. Но секој од нас е поуспешен во нешто од некој друг . Поубаво да се покажам во вистинското лице отколку да глумам дека сум полн со самодоверба. Мојата искреност можеби некој ќе ја цени. А тие што се прават дека се самоуверени , а во реалност се помали од зрно песок тие се посебен случај. И не се сложувам дека алфа треба да биде со алфа и дека бета треба да биде со бета, бидејќи важен е и карактерот и карактерните особини. На крајот ќе разберете дека луѓето со текот на годините се менуваат, но од таа рамка која е од почетокот создадена или креирана не може да се излезе.
     
    На KateKane, КикиМаус, Lolo5 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Хипотезата за алфа-мажјак, која инаку првично се однесувала на волците, е побиена од самиот нејзин автор, кој пустиот сто пати се покајал и извинил за постоењето на поимов и неговата секојдневна злоупотреба. Постоењето на алфа-мажјаци кај луѓето се’ уште не е побиено, ама само затоа што никогаш не ни било докажано. :D

    Арно ама, терминов е толку навлезен у современата култура, толку често употребуван, толку обожаван од разно-разни алфа-батки што авторот на поимов може слободно да се запали на плоштад во знак на протест, ама поимот алфа-маШ нема да умре.

    А што се однесува до мажи кои се лидери, на високи раководни позиции, директори и бизнисмени, ако баш сакаме да генерализираме, веќе постои соодветен поим за да ги опишеме - психопати - така да алфа-мажјак е тотално непотребен и целосно излишен. :D

    Освен за батиња кои почнуваат муабет со - Braat, kolku digas na bendz? Е тие се алфа-мажјаци, тука нема муабет. :muscle:
     
    Последна измена: 17 јули 2018
    На do-re-mi, RainBow, Yipman2 и 18 други им се допаѓа ова.
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Always be alpha :drunk: To be alpha :drunk: Се прашувам кој профил на луѓе стои позади ова :^)
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, КикиМаус, Lolo5 и 5 други им се допаѓа ова.