Маж ми е Бета маж. Искрено, сакам такви мажи. Не сакам мажи кои мислат дека можат да доминираат со жена, па и со сите други.
Мислам на оние кои сум ги видела и ги знам. Зошто погрешна слика, индивидуално е, секој различно ги доживува тие два поими. Речиси секој поединец е склон луѓето кои ги смета за привлечни, да ги смета и за алфа* (*освен оние кои си создале одбивност кон карактеристиките кои алфа ги повлекува со себе), а вкусови има разни и не значи дека ако за некого одреден лик е алфа, и јас ќе го гледам како таков. Се извинувам ако делувам збунувачки во моментов, додека пишувам слушам гласна музика која не сакам да ја исклучам, се надевам дека мислите ми се разбирливо пренесени на форумот.
Не правам поделби од типот алфа или бета мажи. Кај мене функционира правилото плус со плус се привлекува.Тоа значи или двајцата сме алфа или двајцата сме бета
Алфа мажјак е оној кој ја штити групата, е добар ловец, доминантен е во неговата заедница, може да ја има секоја женка... И е животно, како на пример, павијан. Луѓето имаат разум и емоции, за разлика од животните, па животните искуства, предиспозициите, образованието, околината, ги 'делкаат' во најразлични форми. Ние имаме индивидуалност, и не постојат двајца исти мажи, па да ги тураме во групи на ниво на павијани. Поделбата е глупава и непотребна. Исто, по вакви глупави стилизирани параметри, може да се делат и жени. п.с. @Bender Rodriguez , ме нервираш, оти се' знаЈШ!
Мое скромно мислење во врска со темата е дека идеален маж би претставувал мешавина од сите позитивни карактеристики наведени во двете групи. Маж со multiple personality disorder или - алфабетен маж.
Значи, не ми праќајте у инбокс толку понуди за брак , оти ја сум стрејт женска, не сум ви крива оти науката вика дека сум Алфа мужјак.. Ах, тешко е да си бета муж, и жени се поголеми мужи од тебе...
самиот концепт е наметнат од медиуми и непостоечки кој неверува нека прочепка за херои од прва светска војна, ќе најде дека вријат со карактеристики што "господин голдберг" сака да ви ги обои како бета
Маж кој е пола алфа,пола бета е подобар. Тој кој е само алфа е премногу самобендисан. Тој кој е само бета е кукавица. И јас мислам дека златната средина е подобар и поубав избор.
Може ли да бидеш малце трудна ? Така да не може ни пола алфа пола бета некој да биде. Не мора да значи дека ако си БЕТА дека си кукавица , освен кога некоја ОМЕГА жена , го направи својот АЛФА маж , БЕТА и после тоа му рече: ти си кукавица. ( бидејќи му пропаднале ставовите.) Реалноста е таа. Тука се работи за карактерни црти. Не мора да значи дека ако некој е алфа маж дека е самобедисан, сељак,кретен и слично. Модерниот алфа мажјак треба да поседува највисоки квалитети затоа ја добива класификацијата на алфа маж. Не збориме за примитивен опис на таков психолошки субјект, туку за алфа маж во модерно опшество така да некој ако би бил алфа исто така би можел да има и бета манири или омега во одредени ситуации бидејќи модулот е напреден, но јадрото мора да биде точно детерминирано. Пример за стереотипичноста кон алфа субјкетите е секое 2ро мислење, бидејќи никој не сака да се чуствува инфериорно, но во субјкетивното мислење секоја жена по автоматизам може да ја направи разликата помеѓу алфа -та и омега -та, затоа средината би била идеална, но тоа е само во опшествено - социјална рамка за подинамично сфаќање. Еволуираниот алфа маж знае како да се приспособи во секоја ситуација и точно знае дека нема поента да биде премногу нападен во одредени ситуации затоа во очите на женската динамика може да изгледа како БЕТА , само за да нема преголеми социјални отстапки. . Фората е што ретко кој ги сфаќа овие работи и многумина не се информирани точно, иако примитивниот сексуален концепт не е сменет милиони години, така што би требало сите да се информирате околу тематикава. Има цела наука...и можам да споделам нешто ситно тука ама во ниеден случај неможам да ви пренесам се. Секој сам треба да си учи тоа што го интересира и секој треба да си се пронајде и да знае како да делува понатаму. Индивидуалноста е клучен момент. Од таму се потекнува....
Како што помеѓу интровертите од едната страна на линијата и екстровертите од другата страна, во средина постојат амбивертите, така и овде не може да се каже дека секој маж е или крајно алфа или крајно бета тип. Бета маж може да е мускулест како што и алфа може да е емотивен. Според сликата многу остро е направена поделбата. И едниот и другиот тип може да делат исти карактеристики. Се согласувам дека за алфа маж не треба да се смета таканаречениот ,,сељак", бидејќи тој е далеку од алфа маж и вистинското значење на поимов.
Полека,не лупај. Јас не таргетирам никого. Мислењето ми е формирано врз основа на она што го гледам и слушам од блиски личности и од други,а она што го имам прочитано од психолози. Не е стереотипизирање. Општо е напишано,според светски рамки.
Јас верувам дека некој маж кога ќе преживее скоро 8 год на фемина форум треба да се смета како алфа , сите мажи што биле на тој форум после некоја година се пензионирале или го покажале вистинското лице и ги избркале присилно , но само еден успеал до сега да издржи ... али еве нема да го рачунаме тоа , да погледнам листата и да одредам дали сум алфа или бета . 1 - Confident = сум confident дека ќе газам оваа година на избори 2 - Viewed As a Leader = Сакам да верувам дека кога ќе станам глобален модератор некогаш ќе ме гледаат сите како лидер , тие што нема да ме гледаат нема ни да постојат и така... 3 - Masculine = во моментов не , ама ако еден ден седнам да вежбам , ќе бидам и тоа многу, што значи повеќе би рекол Masculine во најава ( како на Јамб игрицата кога најавуваш суперјамб) 4 - Social = па имам 1500 пријатели на фб , имам неколку принцови од Африка ме следат на инстаграм, ако ова не е social не знам што друго би било... 5 - Embarrassed easily = пффффф , после две пива , не постои тој збор во мојот речник. 6 - Puts other people first = Да во напад на мечка , ќе ги ставам другите пред мене да ги изедат да можам да избегам. 7/8 - Direct&Honest = зависи од луѓето што комуницирам , не сите сакаат да ја слушнат "вистината" иако викаат дека сакаат. 9 - Takes Risks = секојдневно ризици се кога пишувам глупости, карам луѓе и јадам бурек кон Реин да не бидам перма баниран или избришан од страна на модераторите. 10 - не е дефинирано што е совршенство така да не знам дали сум или не сум. (Кажи каков дипломатски одговор аа а а?) 11 - Does not like to fail = тачно , особено на следниве избори. 12 - Conmfortable Around the Oppsoite Sex = се разбира, ако има гол маж покрај мене со голем пенис , ќе посочам дечко голем ти е пенисот браво , нема ништо тука неудобност или срамење. 13 - Gets Very Emotional = да некои членки знаат да ми го кренат шекерот.... A true alpha indeed. Спојлер