Мислам дека, и покрај големата популарност во нашето општество, воопшто не е потребна ваква класификација на машките членови од нашиот вид - homo sapiens бидејќи сме еволуирале да имаме порелевантни карактеристики отколку истакнување на агресија и физичка сила. Овие карактеристики во нашето општество ни најмалку не содејствуваат со нашиот цивилизиран начин на живеење, иако би забележала дека оваа класификација би била мошне релевантна во периодот пред настанувањето на првите држави и општества, кога луѓето живееле нецивилизирано како и останатите животни во природата, ловејќи и борејќи се за својот опстанок. Иако и човекот претставува социјално суштество, тој значитечно и несомнено се разликува од социјалните животни, кај кои класификација на "alpha" и "beta" може да им припаѓа како на машкиот, така и на женскиот пол. И оригинално, ранкот "beta" кај социјалните животни претставува замена на ранкот "alpha", што значи дека не станува збор за спротивни "карактери". Со самиот развој на свеста, моралот, интелигенцијата и когнациите кај современиот човек, сметам дека е премногу генерално да се делат припадниците на машкиот пол на овие две категории - постојат многу различни карактери кои имаат свои посебни обележја. Иако е можно одредени личности да ги поседуваат наведените особини на т.н. ранкови "alpha" и "beta", сепак тоа не означува ништо освен тоа што секако и тие се само дел од широкиот спектар на севкупните човечки карактеристики кои го прават секој психолошки профил посебен кај одреден човек.
Ај да фатиме сега на симс да си направиме сите идеални мажи и со некоја направа да ги материјализираме и одма да им скокнеме на фаца. Ова се живи глупости. Секој си има лична преференца за било која човекова карактеристика, а целата „алфа мажјак’ фама е крената од набилдани бациња чив живот е теретана и имаат трајбал тетоважи и пијат 15 кила пиво на ден и на слики на Маца Дискресија на фејсбук и пишуваат „мммм ти се гледа нешто маченце покријсе хехе’’. Маж кој што сака да понижи друг маж за да се чувствува супериорно само затоа што има помажествени карактеристики од другиот е најнесигурен и најглуп маж, а токму овие се самопронаоѓаат во терминот алфа мажјаци.
Ова повеќе ми се чини дека е meme од места како 4chan/reddit/9gag излезен вон контрола, и покрај сета иронија луѓето мислат дека се озбилни поделби. Би рекол дека спектрумот на луѓе, без обзир на пол, е поширок од грчки букви и urban dictionary филозофија позади него.
Сериозно? За оплодување? Тие што ти ги замислуваш како алфа, се' за една до две употреби, не се за да им раѓаш деца.
дефинитивно само со алфа би можела да бидам, најмногу ми оговара на карактерот, а и вереникот е таков тип, па многу сме си погодени
Убедувањето дека не постојат алфа и бета мажи е исто ко тврдењето дека не постојат дами и дрољи. Постојат.