Ете јас како фан на Џад Ло отворив теми за неколку филмови со него а некако заборавив да отворам за мојот омилен негов филм покрај Талентираниот Господин Рипли а тоа е Алфи.Филмот е римејк на филмот Алфи од 1966 година а се работи за женскар кој не може да биде само со една жена и на крајот останува сосема сам.Не можам да опишам колку ми се допадна филмот и навистина носи добра поука за сите што си играт со женските срца.А Џад Ло е совршен за оваа улога
Да, ми се допаѓа иако сум слушнала и прочитала посјајни коментари за оригиналната верзија со Мајкл Кејн во главна улога. Ама ако некој го прави филмот, т.е. римејкот, тогаш тоа е дефинитивно Џуд Ло. Многу е талентиран, харизматичен и сестран актер. Целокупниот кастинг ми се допаѓа, и текот на приказната. Воопшто не е досаден. А и поуката е на место. Убаво филмче.
Секој со својот вкус, нормално, али ПОГЛУП филм не сум гледала од овој Остај тоам, глумецот не да немаше врска со глумење....мислам татко ми бољи глуми. Уопште не ми остави добра импресија филмов.
Алфи имаше совест и осет, се преиспитуваше, затоа остана разочаран и во каење. Некои луѓе што и да направат си немаат мака бидејќи не им е гајле како постапуваат или не ги бидува да размислат.