1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Алхемичарот (Пауло Коелјо)

Дискусија во 'Книги' започната од SexyLady, 25 јануари 2011.

  1. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    O Alqumista (Paulo Coelho)

    [​IMG]

    Пауло Коелјо е Бразилски писател. Роден е на 24 Август 1947г. во Рио де Жанеиро. Уште како дете кај него амбициите да стане писател се големи, но по желба на своите родители тој се запишува на правен факултет и го напушта својот сон. Една година подоцна, Коeлјо ги напушта студиите и почнува да живее како хипик патувајќи низ Јужна Америка, Северна Африка, Мексико и Европа. Негови познати дела се: „Ѓаволот и госпоѓицата Прим“, „Вероника реши да умре“, „Дневникот на волшебникот“ и др.
    Едно од неговите воодушевувачки дела е „Алхемичарот“ кое претставува алегорична новела која за првпат била издадена во 1988. Пауло Кoелјо е познат по својот посебен стил на пишување - секогаш на крајот ја зачинува приказната (како јаготка на шлагот).


    Што мислите за ова дело?
    Кој дел најмногу ви се допадна, а кој не? (ова пожелно е да се стави во споилер)
    Дали вие се трудите да го слушате срцето и да ги следите знаците во природата?
    Дали се пронајдовте во некој дел од книгата?
    Дали вредело тоа што сте го потрошиле времето читајќи ја книгава?
    Кој цитат најмногу ви се допадна?
    Дали верувате во знаците?
    Што мислите - која била целта на Коелјо создавајќи го ова дело?
     
  2. ForeverYoung

    ForeverYoung Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    1.889
    Ja имам читано пред 5-6 години и не ми остави голем впечаток.
    Со оглед на тоа што сите скоро ја фалат очекував многу,а книгата воопшто не е нешто посебно.
    Не е лоша за 15-16 годишна возраст ама ако зборуваме за квалитет во литературата,Коeљо дефинитивно не спага таму.

    Инаку поправи си го презимето не е Корелјо туку Коељо :)
     
  3. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Го обожавам Коелјо, ги имам прочитано скоро сите негови книги. Алхемичарот ми е една од омилените. Книгава ми го промени животот, има многу добра порака за животот и за нашите соништа. Има прекрасни цитати, омилен ми е :„Кога нешто сакаш , целиот универзум кова заговор за да ти се исполни“ - ова ми е мото во животот , од книгава научив многу.
     
  4. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    28.788
    Пол:
    Женски
    Мене книгава ме воодушеви, ми го промени на некој начин погледот кон нештата.Според мене Коелјо е одличен, и вреди да се прочита Алхемичарот! :)
     
    На LennaF и thelittle17 им се допаѓа ова.
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Првпат ја прочитав Алхемичарот на помлада возраст, за да ја препрочитам подоцна повторно.
    Мене лично ми се допаѓа стилот на Коелјо, едноставноста и ведрината на зборот и необичноста на приказните ( дури и кога изгледаат навидум обични) во неговите дела.
    Конкретно целта на оваа книга е да се бориме за остварување на соништата кои ни се формираат на помала возраст т.н. во делото Лична Легенда, а кои подоцна или ги одлагаме за некое подобро утре или ги забораваме кога ќе се соочиме со суровоста на егзистенцијата. Така му задаваме удар на нашето срце, кое копнее по остварување на соништата, додека разумот се спротивставува гледајќи ги сопствените ограничувања и оние кои ги наметнува околината.
    Еве некои од моите омилени цитати-
    „Никој нека не се плаши од непознатото зашто секој човек е способен да го освои сето она што го сака и што му е потребно. Единствено да се плашиме дека ќе го загубиме она што го имаме, зивотот или навиките. Ама тој страв поминува кога ќе сфатиме дека нашата историја и историјата на светот се напишани со иста рака.„
    „Не е зло она што влегува во човековата уста, туку зло е она што излегува од неа.„
    „Те сакам затоа што целата Вселена направи заговор за да дојдам до тебе.„
    „Стравот од страдање е полош од самото страдање. И никогаш ниедно срце не страдало кога тргнало во потрага по своите соништа, зашто секој миг од потрагата е миг на средба со Бога и Вечноста. Ама, за зал, малубројни се оние кои го следат обелезаниот пат, а тоа е патот на Личната Легенда и на среќата. Сметаат дека светот е полн со закани - и поради тоа тој свет станува опасен.„
    „И момчакот се нурна во душата на светот и виде дека Душата на Светот е дел од Душата на Бога и виде дека Душата на Бога е дел од неговата сопствена душа. И дека, според тоа, мозе да прави чуда.„
     
    На supersonic и Fallin-ForHisSmile им се допаѓа ова.
  6. LennaF

    LennaF Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Животот е навистина дарежлив за оние кои ја следат својата легенда.
     
  7. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.327
    Допаѓања:
    5.841
    Ја видов дома Алхемичарот, но на српски и почнав да го читам воведот и ја оставив, а ја пофалија доста луѓе. Потоа ми ја дадоа на македонски. Прво мислев дека е нешто како филозофска книга, но потоа видов дека е тоа една приказна. Сите реченици беа посебни, со некакво значење. Мислам дека вреди да се прочита. Со секоја прочитана книга, не губиме ништо, туку ја сфаќаме само пораката на писателот која е преточена во приказна.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Така е, и јас ја имам прочитано одамна но е нешто што остава длабок впечаток што не се заборава.
    Токму оние едноставните нешта вредат најмногу :clap:
     
  9. scream1

    scream1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    5
    се согласувам со викторија !
    навидум книгава ветува премнг и насловот и самиот коелјо, но ништо посебно!
    читав мнг критики за оваа книга, а кога ја купив и порчитав сватив дека мнг повеќе од тоа сум очекувала!
     
  10. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Мене па ми беше преуба :) Најмногу си ја сакам од книгите шо ги имам читано :) И стварно си вредеше шо ја прочитав! И многу убави совети и реченици имаше,баш си ги имав запишано негде но сега не се сеќавам точно,знам дека имаше нешто Ако нештата ги оставиш и заминиш,ако требало да се случат и да бидат таму,тие пак ќе се таму и ќе те чекаат кога ќе се вратиш ако било судено така да виде :) Е сега јас ова го кажав отприлика како шо сум го запамтила,неможам баш да го цитирам. Имам читано и други од Коелјо,ама оваа ми е најубава.
     
  11. Denna

    Denna Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    87
    Предобро нешто!! :clap:
    Слична ми беше како оние од Ог Мандино,со поуките,длабоките и содржински реченици кои не можеш да ги прочиташ така набрзина,ради реда.
    :bow:
     
  12. a.n.e

    a.n.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Значи нема да коментирам ништо за ова дело, мојот коментар ќе биде критиката која ја напишав за сајтот Сакам Книги. Па Voila! Критиките се добредојдени! :)


    “Алхемичарот” – Пауло Коелјо

    Безвремено дело кое заслужено добило голем број на пофалби. Но, ништо не ме чуди бидејќи од еден генијалец како Пауло Коелјо излегуваат само вредни работи.
    Да се навратам на делото. Доста чудно, содржи еден вид магија која е употребена за да се вклопат сите тие убаво срочени мисли. Се зборува за младиот Сантијаго кој поминал долг и макотрпен пат за да го најде своето богатство.
    Секој читател делото би го сфатил на свој уникатен начин, начин кој што ќе нѝ покаже како и ние самите да ја проживееме нашата Лична Легенда. "Доволно е само да го слушаме нашето срце", се зборови на Алхемичарот.
    Но не, овде не се зборува за откиравњето исклучиво на материјалното богатство, суштината е во душевното богатство. Бидејќи сите живи суштества го зборуваат Јазикот на Светот и ги разбираат знаците на природата и сѐ останато што нѐ опкружува, доволно е само да се јави желбата за да ја проживееме нашата Лична Легенда, без притоа да очекуваме да бидеме наградени од Бог, бидејќи, еј тоа е нашата Лична Легенда, а не Божјата.
    Доволно е еднаш да се прочита ова дело за да сфатиме дека љубовта е и во зрнцата на песокот, ветерот, сонцето, без притоа да поминуваме низ рамниците на Андалузија и Тарифа, низ пустината очајно барајќи ја со поглед оазата која несвесно ќе смени многу нешта во нашите животи како што правел младиот Сантијаго.
    Без да сретнеме еден крал, еден алхемичар, еден англичанец, една..., но списокот е премногу долг. Како и да е, храброста е она што треба да владее со нас и секако неизмерната љубов и сигурност, дека "Фатима" (метафорично кажано), ќе нѐ чека во пустинската оаза.
    И на крај највредната поука : "А кога сакаме нешто, целата Вселена прави заговор за да ја оствариме својата желба".

    http://www.facebook.com/?ref=home#!/pro ... 1630640908

    http://www.sakamknigi.mk/index.php?opti ... &Itemid=54
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Книгата е доста солидна, за разлика од некои други кои Коелјо ги има пишувано и кои се искомерцијализирани до коска. Добра поента, малце тупење додуша (премногу за мојата нетрпеливост), ама убава мисла изведува на крај.
    Знаци ретко следам, онака како што е прикажано во книгата. Мнооооооогу ретко. Едноставно тоа за мене претставува преголем ризик. Верувам само на она кое е сигурно и кое може да ми гарантира дека ќе успеам.
    Потрошеното време... вредеше. Затоа што е книга, а секоја книга вреди да се прочита.
    Освен оние кои ги набројуваме во Која книга не би ја препорачале? :D
    Омилен цитат: Ако нешто вистински, вистински посакуваш, целата Вселена ќе скова заговор да ја исполни твојата желба.
    И да, малку е апсурдно, но многу често работите кои можеби ќе ги бараме цел живот, всушност ни се пред нос. Затоа, отворете ги очите.
     
    На Hipster и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  14. Wilde2105

    Wilde2105 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    24
    Пауло Коелјо никогаш не ми оставал посебен впечаток ... Но за Алхемичарот можам да кажам дека е одлична книга која воопшто не е за 15-6 годишна возраст , како што прочитав тука ...
     
  15. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Ја прочитав кога бев 3та година средно, бидејќи сите беа споулавени по книгава, од уста не ја извадија. Убава книга, одма се чита. Убави пораки, соодветни на годините кога ја читав.
     
  16. miss.ella

    miss.ella Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    2
    Многу добра книга, вреди да се прочита,
    Од сите книги на Коељо, според мене оваа е најдобра. Одлична порака и исто толку добри мисли кои вреди да се запамтат.
     
  17. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Ја читав книгава и искрено колку беа преголеми очекувањата за неа,колку позитивни критики прочитав за неа, воопшто не ме одушеви.Некако сите негови дела ми се многу слични.Тоа дека користи убави мисли-ДА-симнувам капа,ама не постои ни еден момент кој ме натера длабоко да размислувам за делово.
    Сепак се работи за различни вкусови.
     
    На Magnolija и sesilija им се допаѓа ова.
  18. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Мене пак книгата ми се допадна,јас не очекував дека ќе ее нешто многу многу, можам веднаш да ви кажам на која полица ми стои и за што се зборува во нејзе(ако ја прочитам пак,сум ја прочитала на 14 годишна воздраст)
     
  19. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Иако веќе ја имам заборавено кога ја читав многу ми се допадна :).
     
  20. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Книгата носи многу убава порака дека секој може да го постигне тоа што го сака ако е упорен. Сепак бев разочарана по читањето на книгата, освен неколу оригинални реченици друго нема ништо. Мислам дека премногу му се дава важност на ова дело а Коелјо има многу поубави дела. Според мене Вероника реши да умре е далеку подобра од Алхемичарот. Е тие што не читаат многу прво книги ја зимаат Алхемичарот воодушевени се и тие ја рекламираат а оние кои читаат ке видат дека истава порака за успехот во животот други писатели многу подобро ја опишуваат(Пример Ог Мандино со Трговецот). Сепак Коелјо си е Коелјо .