1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Алхемичарот (Пауло Коелјо)

Дискусија во 'Книги' започната од SexyLady, 25 јануари 2011.

  1. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Мене не ми беше ништо посебно- можеби затоа што не сум фан на Коељо, некако не допре до мене.

    Ја препорачувам на средношколки кои се во фаза на барање убави мисли кои си ги запишуваат во посебна тетратка- овде такви убави реченици кои се клише има доста.
     
    На Neytiri, Magnolija и Gea им се допаѓа ова.
  2. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    618
    Пол:
    Женски
    Зашто бе за 15годишни девојки е убава книгава, за повозрасните не?
    Мене ми е читана на таа возраст и пак пред едно година и мизлењето за книгава ми е неизменто. Значи, според мене, ако книгата ја прочиташ со внимание , ја разбереш содржината и пораката која ја испраќа авторот (дека упорноста се исплати во животот) баш и не е така просечна.
    Но секој е различен и на поинаков начин ги прифаќа и толкува нештата. Сепак вреди да се прочита.
     
  3. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Кога ја прочитав прв пат бев фасцинирана.
    Не од тоа каква книга е, туку кој е авторот. |( Не го делам истото мислење со старата јас. Некако ми стана досаден како автор, со поента која не е видлива за мои очи, и книга која нема искра.
     
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Мене Алхемичарот ми е најубава од сите книги на Коелјо. Можам да кажам дека ги оправда моите очекувања. Нјамногу ми се допаѓа тоа што оваа книга носи многу силна порака, и содржи прекрасни мисли.
     
  5. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Книгава не ми беше нешто посебно. Со оглед на тоа какви критики слушав очекував многу повеќе. Ја читав пред 2 години и единствено што ми остана во сеќавање се преубавите поговорки...
     
  6. the-dark-angel

    the-dark-angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    37
    Мене книгата многу ми се допадна ја имам двапати препрочитано..
    незнам за вас ама мене делата на Пауло ми се прекрасни...особено ова дело, има на моменти навлезено во детали но интересна е.:D
     
  7. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Кога ја читав бев гимназија,и бев воодушевена од неа,али сега некако не ми е впечатокот кој сум го добила некогаш.Ми здосади Коељо,а го читав со страст,сите негови книги...Сепак не можам да кажам дека е лоша книга,далеку од тоа.Убави се неговите дела,само што ги гледам со поинакви очи од некогаш.Како старееме подобро ги вреднуваме работите,или поточно знаеме што вреди а што не ;)
     
  8. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Безвременска. Според мене, неговото најдобро дело!
     
  9. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Meне искрено книгава не ми се допадна, очекував повеќе. ......
    Не значи секогаш книги што ги фалат дека се убави. ;)
     
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Книгава на Коелјо е премногу филозофска, со многу едноставни зборови кои кога човек подобро би ги протолкувал, би ја разбрал суштината на она што Коелјо сакал да го каже.Книгата не е само да се прочита, туку и да се разбере нејзината суштина, било која книга, не е само за оваа.Доста добро го има опишано Бог, со едноставни зборови „ јас сум секаде“, всушнот е тоа што старецот ( Бог) му го кажува на детето, кога седнале на плоштадот и со стап на плоштадот ги напишал имињата на неговите родители. Потоа за каменчињата кои означуваат дека во доброто има лошо и обратно, Јинг и Јанг. Богатството по кое тргнало детето за да стигне до пирамидите, за што сметал дека е таму, а кога стигнал до тоа богатство, не го нашол, бидејки богатството е во душата, а не во материјалното.Има и плус некои доста убави и премногу добри реченици.Вака еве ова го кажав во измешан редослед, отколку што е во редоследот од книгата, која ја прочитав многу од одамна, неколку години наназад.Преубава книга, еднаш ја имам прочитано.

    Книгата би требало да ја прочита секој, без разлика на возраста, поради нејзината суштина, а е нешто што е всушност познато секому.Тоа е и целата поента на Коелјо.
     
  11. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    79.281
    од што ти збореле,може премногу си очекувала и затоа така ја имаш доживеано.
     
    На ani22 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. supersonic

    supersonic Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    49
    Kога ќе ми текне дека тетка ми (најголем удел имаа таа), но и добар дел од моите блиски кои постојано читаат книги ме навлекоа на Kоелјо, многу сум им благодарна!!! Има причина зошто на луѓето кога им се случуваат длабоки емоционални кризи, разводи како и други искушенија кои им ги носи животот, посегнуваат по неговите книги.
    На многу едноставен, но експресионистички MOЌEН начин ги искажува сите работи кои ги дожуваме или за кои размислуваме а не знаеме како да ги објасниме. И уште повеќе ми се допаѓа тоа што не пишува за филозофиите на животот теоретски и сувопарно, туку тие се дел од неговото сопствено искуство!! Го следам на фејсбук и ме воодушевува со секој негов пост, зашто од неговите дела научив подобро да си го слушам внатрешниот глас, да се борам за тоа што го сакам а со тоа навистина се уверив дека ‘‘животот е дарежлив за тие што ја следат Личната Легенда‘‘ . Ја препорачувам!!! :)
     
  13. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Многу ми се допадна книгава. Ете, на некои не им се допаднала, ама мене ми се допадна, зошто на многу прост и едноставен начин, речиси преку детска приказна Пауло зборува за животот и опфаќа длабоки теми за размислување, т.е те тера да размислуваш додека читаш.
     
    На kate-pp му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    135
    Пол:
    Женски
    Прекрасна книга која ме фасцинираше. Коелјо и неговиот уникатен стил на пишување заслужуваат величенствена награда. Книгава ми е омилена од неговите. И како што кажа лукс преку едноставна приказна писателов те тера да размислуваш за длабоки теми.
     
  15. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Оваа книга беше првата книга што ја прочитав,а што не беше лектира.После неа следеа уште 4,5 повторно од Коелјо.Морам да кажам дека стилот за изразување и пишување на есеи ми се збогати ненормално после неговите книги,а начинот на размислување ми стана позрел.Со оваа книга почнав да ги гледам работите пореално,почнав да глеам смисла во постоењето а најмногу од се е што престанав да бидам закоравен песимист како што бев дотогаш.
     
  16. curlygirl

    curlygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Цело време ми ја препорачуваа и зборуваа за книгава и конечно ја прочитав.Морам да кажам дека многу повеќе очекував од книгата.Да носи многу добра и вистинита порака ,можеби бидејќи ми имаа многу зборувано за неа не ме толку воодушеви.Во секој случај на многу едноставен начин е прикажана самата смисла на животот,за соништата и нивната вредност.
     
  17. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    59.815
    Интересна приказна со убава, моќна порака.
     
  18. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.476
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Не е толку интересна додека се чита.
    Интересен и поучен е крајот кога ќе се сфати приказната.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    2.266
    Пол:
    Женски
    Ме воодушеви крајот на книгата, ептен неочекувано, вредна поука за животот :)
     
  20. SmilerGirl

    SmilerGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Оддамна сакав да ја прочитам книгата бидејќи сите за неа зборуваа и дефинитивно не зажалив што ја земав да ја читам.Мене многу ми се допадна.Книгата е прекрасна и додека ја читаш те тера да размислуваш за подлабоки теми.Имаше и многу добри цитати од кои најмногу ми остави впечаток :
    "Соништата стануваат неостварливи само поради една работа : стравот од неуспех."