Ја имам прочитано, имаше страни кои ми беа ужасно досадни, потоа нешто ми стануваше интересно, па повторно досадно... и така варираше. Но сепак на крајот кога дојдов до поуката, и не била така лоша.
Јас ја сакам книгава зашто ми има некоја топла, туристичка атмосфера и ја препорачувам и покрај сиот хејт кон авторот. Дека не е Коелјо Достоевски или Балзак е јасно, ама не ни живее во нивно време.
Ја имам прочитано на Англиски пред 5 години од прилика, значи на 15-16 години. Ми стана омилена уште веднаш и бев ептен воодушевена од книгата. Сега имам заборавено некои детали и баш би сакала пак да ја прочитам, мислам дека уште подобро би ја доживеала поентата што се крие во книгата.
Книга прочитана у еден здив. Една вечер седнав да ја читам и не ја остаив се додека не ја завршив. И самите книги на Коелјо се јасни, не се книги што замараат додека ги читаш. Интересна приказна има.