Аманет (Канал 5)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Majuv4ence13, 22 август 2014.

  1. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    785
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    Аманет" е нова семејна комедија која својата премиера надвор од Турција ќе ја има најпрвин во Македонија. Главните улоги во серијата ги толкуваат добропознати турски актери од други серии (Кога лисјата паѓаат, Имотот на дамата, Зет домазет), а музичката тема "Yadigar" ја изведува Yonca Lodi. Снимањето на серијата е планирано да заврши следната година. Овој период завршуваат турските серии "Една силна жена", "Приказната за девојката од планината" и "Страдалничка", па така освен "Аманет" очекувајте и други турски серии на Канал 5.

    [​IMG]

    Содржина:
    Јадиѓар е млада, убава, своеглава, бунтовна и силна девојка која живее во Антеп со сопругот и двете деца. Еден ден, таа дознава дека сопругот ја изневерува веќе подолго време и решава да го напушти и со дечињата да се врати во семејната куќа на својот татко. Нејзиниот татко ја убедува Јадиѓар да се врати кај мажот, иако таа не ни помислува да му прости. Во куќата на татко и, Јадиѓар наидува и на ладно однесување од нејзината маќеа, која не ја сака девојката во куќата.
    Но тогаш се случува нешто што го менува животот на младата хероина. Јадиѓар наоѓа писмо од нејзината покојна мајка која вели дека и оставила некаков аманет кај пријателката Хусне, аманет за нејзината ќерка која треба да го побара во тешки времиња.
    Па така, Јадиѓар заминува во Истанбул во куќата на Хусне да го побара наследството од мајка и. Тој аманет го менува не само животот на Јадиѓар, туку и животот на сите оние кои живеат и ќе живеат во таа голема куќа. Смешната Хусне живее среќно заедно со нејзиниот маж Бахатин, двете ќерки Арифе и Џејлан, двете братучетки Салиха и Елмас и слугинката Хаџик. Животот на Јадиѓар и веселото семејство станува уште покомплициран кога во куќата се враќа братот на Хусне, Џиван кој работел како готвач во Италија и сега доаѓа да живее во Истанбул. Тој се вљубува во Јадиѓар, а и таа во него. Но Хусне и Бахатин кријат една голема тајна од девојката, една тајна која е поврзана со аманетот од мајката и која се заканува дека ќе ги разгори пријателствата и семејните односи.

    Улоги: Gökçe Bahadır (Јадиѓар), Caner Cindoruk (Џиван), Uğur Yücel (Бахатин), Binnur Kaya (Хусне), Ayça Damgacı (Хаџик), Bilge Şen (Елмас) и др.
    [​IMG]
     
    На sara3 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Toprak

    Toprak Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    277
    Аманет(Канал 5)

    Пак грешка во превод на серијата.
    Серијата се вика “Aramızda Kalsın “ - во превод “ Помеѓу мене и тебе"

    https://www.youtube.com/watch?v=vIjnjmPbcTM
     
  3. Dream-Girl

    Dream-Girl Caffeine addict ☕ Член на тимот

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    11.153
    Допаѓања:
    123.950
    Пол:
    Женски
    Аманет(Канал 5)

    Ми се свиѓа серијава, а Хусне кој комичар е хахахаха. :D
    Ќе ја гледам интересна е. :rock:
     
  4. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    785
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    Аманет(Канал 5)

    Само останува мистерија кој е амантетот :rofl:
     
  5. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    700
    Допаѓања:
    1.451
    Пол:
    Женски
    Аманет(Канал 5)

    И во Зет Домазет и тука Назире/Хусне ми е смешна :D :rofl:
     
  6. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    3.983
    Допаѓања:
    45.807
    Пол:
    Женски
    Аманет(Канал 5)

    Како за почеток добар е филмот онака комичен, само имињата им се многу смешни на сите, не се некои познати имиња кои сме ги сретнувале во други серии :D Главната хероина Јадигар ми е многу убав пар со Џиван , пред некое време гледав нивна заедничка реклама..ајде нека се спојат и во реалниот живот ионака се сингл :lol: :lol: :lol: :lol: :lol:
     
  7. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    543
    Мене едно не ми е јасно, нели ги спојуваат оваа Јадигар и Џиван, а велат дека Џиван е брат на Хусне а мајка и на Јадигар сестра на Хусне.. По некоја логика овој и доаѓа вујко на Јадигар :^)
     
  8. sexymama

    sexymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    78
    i mene ova ne mi bese jasno ama pogore vo tekstot pisuva "kako sestra" za Husne i majkata na Jadigar
    Amanetot e dukanot izgleda
     
  9. lovemme

    lovemme Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.355
    Допаѓања:
    60.421
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека е дуканот аманетот кој го кријат ... мн интересен филм ид јас го гледам..
     
  10. sara3

    sara3 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    383
    Исто и јас мислам деκа аманетот е дуќанот, нели во вчеρашната епизода тој бρојот од мапата бил дуќанот.
     
  11. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    543
    Или изгледа плацот бил нејзин па тие го искористиле, што е полошо :lol:
    Она девојчето, не знам како се вика глумеше во Величествениот како Михримах, многу е слатка :inlove:
    На Џиван не можам да му се изнагледам, па и кога ќе се насмее :inlove: :inlove: :inlove:
     
  12. blosson

    blosson Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    249
    Пол:
    Женски
    Серијата е од оние ретките (турски) што ги гледам и многу ми е интерсна, смешна а и Џиван е срцка..насмевката му вреди милиони ^_^
     
    На nati44 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    785
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    Најјаки ми се Хусне и малиот дефинитивно... :rofl: :rofl: Се изнасмеав кога на веридбата од Џејлан едната од тетките облече кафтан за да била како Хурем султан :rofl: :rofl: Исто и со меленото месо :rofl: Оние двата па секој ден во исти тренерки како договорени!

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  14. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    31.080
    Пол:
    Женски
    Секој ден ја гледам серијава...ептен е смешна хехеххе....Посебно Хусне...само нешто јаде, само прави некакви глупости....преска во сауната ем не може ем тера инат нејќе да излезе, па слугинката кога прави некои фаци при зборење ..хахаххахахха Ептен е смешна сега за сега серијава :D :D :D
     
  15. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    4.628
    Допаѓања:
    5.342
    Колку епизоди е филмов?
    Што че се случи понатаму???


    https://scontent-b-fra.xx.fbcdn.net/hph ... 5662_o.jpg

    тренерките ќе имаат струја-бакнежи

    хусне ќе е бремена

    слугинката ќее со тој

    што ќе биде со онаа што се откажа веридбата?
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.197
    Допаѓања:
    41.028
    Од Турски серии СКРОЗ се откачив, ама серијава знам да ја заглеам чат-пат ради Назира/Хусне.
    Јака актерка е, права комичарка нема што :D
     
  17. bim00

    bim00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    93
    Го има ли филмов со превод да го гледам, на пример на natabanu, не можам да го најдам?
     
  18. love.a7x

    love.a7x Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    112
    Јадигар во врска со вујко и Џиван :tmi:
     
  19. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    785
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    Кај Турците тоа не претставува никаков проблем :)
     
  20. Toprak

    Toprak Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2012
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    277

    Хусне е пријателка на мајка и на Јадигар.Наследтвото е во градот каде мајка и на Јадигар е родена а потоа се омажила во друг град каде што живееше Јадигар со мажот и и каде што живееше и татко и со маќеата. Јадигар била мала кога мајка и се разболела и свесна дека мажот и (таткото на Јадигар) ке се прежени наследството од градот каде била родена го остава на пријателката Хусне да се грижи за дуќанот се до пололетството на Јадигар.Јадигар живеела со маќеата и таткото се до незината мажачка а Хусне и Џиван ги познавала додека била мала и додека мајка и била жива и ја носела на гости.Така да Џиван не и е вујко на Јадигар.
    Инаку Јадигар е Лејла од “Лисјата паѓаат“ а Џиван е Кемал од “Имотот на дамата“ само со поинаков имиџ од Кемал кој беше селанец.

    Кемал

    [​IMG]

    Џиван

    [​IMG]
     
    На tace73 му/ѝ се допаѓа ова.