1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Аматерски театар

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од honorthyself, 18 јуни 2012.

  1. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Дали некогаш сте учестувавале во аматерска драмска претстава?
    Коментар за продукцијата, организираноста и заинтересираноста за учевство во аметерски театар, пристапот на актерите кон ликовите, на режисерот кон учесниците?
    Дали во вашиот град има активна драмска аматерска група?
    Која е иднината на аматерскиот театар?

    Ја отварам темава бидејќи не сретнав ништо слично, а во глобала младите кај нас покажуваат сосема мал интерес кон уметноста, а „губење“ време со аматерски театар најверојатно моментално не е „ин“.
    Јас сум редовен учесник во аматерски претстави и сето тоа си го сфаќам доста сериозно, но за жал повеќето од моите врсници не се заинтересирани за никакви воннаставни активности, т.е не ги интерсира ништо што не вклучува губење на часови (зборувам за претстави во училишна продукција.) Исто така дојдов до заклучок дека ретки се професорите кои навистина се посветуваат во создавање на нешто што би се нарекло одлична претстава. Важно е да се направи нешто, не е важно како.
    Во врска со локалните аматерски групи, дали такви сеуште постојат?!
    Споделете ги вашите искуства и мислења! :)
     
    На BojanaLegija му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Едно најголемо БРАВО за темава. :rock: :rock:
    -Активно учествувам во аматерски драмски представи веќе скоро 2 години :) Значи веќе 2 години членувам во аматерскиот драмски театар во нашиот град. :) А и предходно додека учев во основно,учествував во драмската секција и во уште многу драми :)
    -Заинтересеираноста можам да кажам дека не е ни толку баш голема,а ни најмалце кај моите врсници.Ретко од членовите кои си ја сваќа сериозно работата,има членови кои членуваат некаде околу 10 години,и тие се што ја сфаќат сериозно работата, бидејќи се бааѓи повосрасни,и јас а таму сум најмала :$ А другите се' им е ура-ура.За сегашниот режисер можам да кажам дека е срцка бидејќи премногу ни дава слобода,пробите поминуваат онака кежуал,а додека пак некој ден пред премиера покажува заби али поминува,грми ама не врни што би се рекло.
    -Има аматерски драмски театар,паузираме само на лето :$ Одмор имаме де :rofl:
    -Иднината па незнам,јас го сфатив доста сериозно,па здравје Боже и во иднина планирам да професионално да се занимавам со актерството.Ќе испадни дека се фалам,али еден доста добар актер ми кажа дека сум имала доста голем талент за глумење :D :$
     
    На honorthyself му/ѝ се допаѓа ова.
  3. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Дали можеби учествувате на ДАФ? Порано, кога имаше тука аматерска група на локално ниво отидовме со една претстава на ДАФ и прекрасно си поминавме. Преубаво искуство. Исто и јас добивам слични коментари, но за жал не можев да продолжам на драмски уметности, не сеуште се занимавам со актерство. Многу ме нервира тоа што тука никој сериозно не сака да направи добра претстава, па си најдов текст, си го преведов, си земав улога, си ја режирав претставата и нормално не беше совршена, но беше забележително подобра од сите претходни. :)
    Јас мислам дека треба да се формираат такви групи во сите градови. Нормално, не го влече секој актерството, но и покрај се ова не е професионално, доста е опуштено и има дружење и е навистина забавно. А, којзнае, можеби ќе излезе некој талент од сето тоа!
    Во странство повеќето актери уште од мали се занимаваат со актерство, а во нашава држава дури и да имаш желба и талент за нешто тешко дека ќе можеш да откриеш за што станува збор. А, дури и да откриеш, (нормално сама) се си бара труд, вежбање и посветеност.. итн.
    Исто мислам дека кога ќе дојде време за понатамошно образование, нашите родители не гледаат како би можеле да егзистираме од мизерна плата на уметник, па не насочуваат кон нешто друго. Свака част на оние родители кои си ги поштуваат желбите на децата, но тие најверојатно се и самите уметници, или навистина (не)размумни луѓе. :D
    Сепак, мило ми е што барем во некои делови од државава работат аматерски групи!
     
    На BojanaLegija му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    4.879
    Пол:
    Женски
    Вака сега бидејќи кажав дека глумам само 2 години,ќе ти кажам дека и лани и годинава бевме на ДАФ :) И супер си поминавме,награда не зедовме,ама битно публиката ја освоивме,посебно годинава :) Ама викаат за на ДАФ да победиш треба да фрлиш некое денарче :) Лани памтам го дадов и мојот прв автограм :$
    А и предходно значи во нашиот град аматерски театар мислам дека има околу 60тина години,а можеби и помалку.И во тие години учествувале и порано на ДАФ мислам декаа имаат и неколку пати земано и прво место и така...:D
    Ако те интересират уште нешто слободно пиши ми во инбокс,ќе поразговараме :D
     
  5. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Само така продолжи! Ти пишав јас во инбокс ама не знам дали е до мене или на сите бавно им оди испраќањево на пораките. Дури по еден ден ми пишува дека стигнала. Како и да е, кога ќе стигне, тогаш. :D
     
    На Anna-Banana му/ѝ се допаѓа ова.
  6. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Дали знаете некое драмско студио кое за Хуманитарна Акција би дошло во Радовиш? Немора да биде толку професионално, бараме да се изглуми некоја бајка за децата од градинките и училиштата до 4-то одделение. :|
     
  7. lilybeth

    lilybeth Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Не знам кој кажал такво нешто, но нашата група кога учеврствуваше на ДАФ зеде 80% од наградите , не само прво место туку и голем дел од останатите, а нити сме фрлиле денарче , нити сме имале протекции , она што го покажавме таму беше резултат на огромен труд и сериозно сфатена работа и голема пожртвуваност и на слободното време и на проби во огромен студ , ни рекоа дека со години не виделе толку добра рупа и претстава и да не доагјаме веќе пошто сите награди сме им ги собрале , ни ја пофалија енергијата на сцената , а секако имаше одлични актери меѓу нас , дел од нив веке се запишаа на ФДУ и во иднина професионално ке се занимаваат со актерство .
     
  8. alek.s

    alek.s Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Дечки, можете ли да ми кажете дали постои аматерски театар во Скопје? Со години барам :)
     
  9. AgirlA

    AgirlA Активен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Глума, училиште за театар, обука

    Вака сакав да ве прашам Скопјани но и сите кои се запознати, знаеме колку е тешко да се влезе на факултетот за драмски...дознав дека во Ск е отворено УЧИЛИШТЕ ЗА ТЕАТАР насловено од игра до претстава и не е само за деца туку третата група е за средношколци и поголеми од нив, значи за сите возрасти, дали има некој што оди и да каже како е да сподели искуство, мн ме интересира, бидејки мн сум по актерството и имам мн искуства, но секако потребно е образование и обука...дали има вакво нешто и во другите градови, некој курс, драмска, некоја обука, ваква школа, или прв пат се отвора во Македонија...мн ви благодарам...
     
  10. Cecyska

    Cecyska Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Глума, училиште за театар, обука

    zdravo, i jas sum mnogu po akterstvoto, neznam dali ima nesto takvo ne sum sigurna no mislam deka ima mladinsko dramsko studio vo Skopje .
     
  11. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Значи читањето книги и театарот ми се опсесија во вистинска смисла на зборот.
    Секој ден нешто ново измислувам,бидејки паузираме моментално во драмското студио поради сеуште необработен текст јас гледам се почесто на одам во МНТ,Драмски театар и тука кај мене во Домот на културата кога ќе налетам на некоја.
    Еве денес сакав да одам во Штип,ама не успеав.
    А во понеделник обавезно одам на една со слободен влез тука кај мене во Дом на култура.Се работи за Јустинијан Први.
    Инаку еве се зачленувам во ТММ и сум пресреќна!
    Имам кратко искуство со една одиграна претстава со повеќе репризи,секако во аматерски театар.
    Си ги сакам нашиве актери и последен пат бев во Драмски на Генетика на кучињата и беше ТОП! :)


    Да,има.Има училиште за актер,режисер итн.
    Пред некој ден им ја лајкнав ФБ страницата,сам сега неможам да ја најдам,но штом ја најдам ќе ти дадам линк :)
    Поздрав,не се откажувај!


    Јас сум член во нашево.Но,сега ќе се спремаме за натпревар па незнам дали ќе имаме и средства за посети.Ќе пренесам на надлежните,во секој случај.Баш би сакала да помогнеме :)

    Има,има локални аматерски групи.И да,комплетно се сложувам со тебе во врска со нашиве врсници.Кај мене малку поинаку.Првенствено,повеќето не се заинтересирани,но има некои што се со мене во аматерската група а се толку несериозни што на финалната претстава направија брука од драмава.Почнаа да се смејат као будали и уништија се.Но што е тука е,не сум јас тука да ги обвинувам,сепак,сите грешиме. :)
     
    На alek.s и honorthyself им се допаѓа ова.
  12. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Ќе добијам некој позитивен одговор на ова, или тешко? :worried:
     
  13. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Опа, гледам дека се развила дискусија на темава и навистина ми е мило. :)
    Јас бидејќи сум сега на факултет, а до лани учествував во претстави во мојот град, решив да барам аматерски театар во Скопје и најдов еден, ако не се лажам „Чекори“ се викаше во Автокоманда и примаат нови членови, но се уште се немам зачленето поради обврски.

    Знам дека лани ФДУ нудеше курс кој беше 9000 за актери, такви какви што во странство земаат речиси сите актери, бидејќи како што ви е познато, таму не мора да завршиш соодветен факултет за да бидеш актер. Ако има оваа година пак и ако има некој информации нека остави на темата. Исто повици за кастинзи, статисти, аудиции или било што. Ќе ви бидам многу благодарна!

    Во врска со прашањето за гостување на некое студио и тоа за хуманитарни цели мислам дека би било тешко изводливо, барем некое професионално студио - нема шанси. Ако имате таму аматерска драмска група може да ја поканите, а исто може да се распрашам и јас дали аматерска група ќе сака да дојде од тука, ако обезбеди училиштето средства, бидејќи работи како драмска секција. :)
     
  14. alek.s

    alek.s Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Фала на одговор, ептен се израдував :).
    Инаку, во кое драмско студио членуваш/те, спремна сум и да патувам ако е надвор од Скопје :D. Не ми е јасно зошто во Скопје не можам да најдам..
    Поздрав!
     
  15. Kristina.R

    Kristina.R Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    317
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    Школо за глума/актерство

    Имам желба а и талент би сакала да идам на некоа аудиција дали знаете?
     
  16. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Јас се запишав на училиштето за театар во Скопје. 1200 е месечно. :)
     
  17. marijaz

    marijaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    Школо за глума/актерство

    сакаш да одиш во Школо за глума/актерство, или онака со твојот талент да идеш на некоја аудиција!? дообјаснисе. јас мислам дека те разбрав. :D во македонја нема средно школо има само факултет. македонија мисли дека нема потреба да се прави шлоло зо глума, демек немало деца со талент.. хаха :D јас сум средно школо и јас сакав да идам во такво школо ама нема.. и се запишав медицина хохо :lol: иначе онака за аудиција да идеш некаде распрашај се.. јас сум била во драмски студија, имам долго познавање од глумата цели 6 години. ама факултет на драмски да идам некако незнам. би ти кажала да се распрашаш, барем некој режисер може има потреба од глумица!
    колку год. си? почни да идеш на драмски студија,истакнисе со нешто, стани позната и така ќе те бараат за глума во реклама,филм и сл. :D :D дома да си седиш а да имаш талент не иде!!
     
    На BojanaLegija му/ѝ се допаѓа ова.
  18. marijaz

    marijaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    има ли некоја организација каде може група средношколци да снимаат филм? како што e тоа массум ако знаете, значи натпревар помеѓу филмови направени од средношколци, јас сум од штип и моето школо нема слушнато за некој следен натпревар само за массум знаеме - а тоа помина и бараме некој следен сличен натпревар :D и ако може да не оди преку школо, туку онака деца со талент да снимаат филм :) ако знаете одговорете ми :*
     
  19. BojanaLegija

    BojanaLegija Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    66
    Уф, љубов ми е актерството :) Доколку некој знае дали има нешто како курс за театар, за актерскто и случно ВО БИТОЛА нека ме информира. :)
     
  20. BojanaLegija

    BojanaLegija Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    66
    Да, бидејќи живеам во Битола, ретко можеш да најдеш негде каде што можеш да се вклучиш во некоја театарска група и мислам дека го имам талентот, а неможам да го искористам... :) Инаку обавезно објавувајте кога ќе има кастинзи, аудиции, потреба од статисти пишете! ♥