Да, мора некако да се истакнеш, зошто не почнеш со учење на некој монолог од веќе постоечка драма, па потоа да се снимиш и да то постираш видеото на youtube?
Zdravo i mene me interesira glumata pa bi prasala dali znae nekoj da mi kaze nekoi amaterski grupi filmski grupi kade bi mozela da se zaclenam
Здраво до сите идни глумци/глумици,режисери, љубители на театарот и уметноста. Морав да прокоментирам на оваа тема, затоа и се зачленив иако последниот коментар е од 2017, сепак можеби ке можам да и помогнам на оние кои барале одговор до сега, на оние кои прва љубов им е театарот и на оние кои планираат во иднина да се занимаваат. Фактот дека цели 10 години се занимавам со аматерски театар и како актер и како режисер зборува многу . Најпрво сакам да ги прашам сите оние кои имаат коментар од типот: ИМАМ ТАЛЕНТ, НО НЕМА АМАТЕРСКИ ТЕАТАР КАКО ДА СЕ ПОКАЖАМ. Зошто чекате се да ви падне од небо бе луѓе, секој е способен да најде барем уште 3ца од неговиот град со истиот ентузијазам и истата љубов и да создадат аматерска театарска група. Потребно е само да се пронајде добар текдт и еден мал простор за вежбање, без разлика дали ќе биде парк, гаража а доколку во дозволат може и во театар или дом на култура. Верувајте луѓе желбата е најважна, по распаѓањето на сите амаѕерски групи кои беа предводени од режисери решив дека сум доволно способна да креирам своја и ете ме денес со побеќе од 10 претстави изиграно. ПОЕНТАТА МИ БЕШЕ ДА ИМ ДАДАМ ПОДРШКА НА СИТЕ МЛАДИ КОИ ГО ИМААТ ЖАРЧЕТО ВО СЕБЕ ДА ГО РАЗГОРАТ ВО ВИСТИНСКИ ПЛАМЕН И ДА НЕ ЧЕКААТ СЕ НА ГОТОВО. СИТЕ СТЕ СПОСОБНИ ДА СОЗДАДЕТЕ НЕШТО СВОЕ СО КОЕ КЕ БИДЕТЕ ГОРДИ ЦЕЛ ЖИВОТ(па макар и само аматерски). И дајте да ја оживееме темата бар ние кои го делиме истото мислење дека уметноста треба да биде ценета како и природните науки, а верувам ве има многу.