Амајлии, предмети кои ви носат среќа

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од creshicka, 4 септември 2012.

  1. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    5.697
    Пол:
    Женски
    Дали имате амајлии односно предмети кои сте приметиле дека ви носат среќа. Дали верувате во вакви работи? Без разлика дали се работи за некој предмет со верска основа или нешто сосема рандом.

    Јас имам еднo привезоче мало со Богородица на него. Дадено ми е од калугерките во Католичката црква. На него пишува на латински Regina sine labe originali concepta O.P.N.

    Ова не го приметив најпрво но побарав на Гугл и пишува дека во превод е Кралица зачната без грев.
    А она О.Р.N. значи Ora pro nobis, односно Моли се за нас.

    Позади на привезокот ја има буквата М која воедно е почетната буква на моето име, но во овој случај значи Miraculous Medal (чудесен медаљон). Над буквата има крст и 12 ѕвезди кои ги претставуваат 12-те Апостоли. Исто така има и две срценца кои ја претставувале љубовта на Исус и Марија кон нас.

    Си го носам насекаде со мене закачено ми е на златна алка и тоа самото е позлатено. Еве најдов и слика од него потполно исто е.

    [​IMG]

    Темава мислам дека не е дупла, има тема за Бројаници но ова нема блага веза со нив.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  2. 1DeeDee1

    1DeeDee1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    57
    Немам некоја послебна амајлија, ама имам едно пенкалце што секогаш си го носам на испит и ми носи среќа :)
     
  3. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    358
    Пол:
    Женски
    Верувам во амјлии, а ги имам неколку. Една монета од 2 денара ( :D ) таа ми стои на дното од мојот новчаник секогаш. Мое то златно ланче, со котва (што претставува пловидба, поточно надвладување на проблемите како морнарите со невремето, и ми се подарок од баба за мојот 1 роденден), и двата прстена кои ми ги даде мама... 8) :*
     
  4. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    617
    Пол:
    Женски
    Nosam edinstveno crna pletena alka kupena od manastir,osvetena.Isto taka vo cantata si nosam mala ikonka od Bogorodicna,a vo paricnikot krste koe mi go dade pop koga krstese voda za Veligden.
     
  5. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.932
    Имам една амајлија која ми ја даде тетин ми кога отиде во странство, од работа.Сега си ја чувам и ми носи среќа :)
     
  6. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.393
    Допаѓања:
    1.955
    Па не знам колку е амајлија, али јас веќе 2 години не вадам од рака едно тенко, црно стегаче. Од овие пазарските е, 10 денари, али така си се навикнав и од рака не го вадам.
    Колку ми носи среќа, тоа не знам :D, али сега ко дел од мене е.
     
  7. kis.ki.ck.a

    kis.ki.ck.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    2
    Општи прашања

    има те ли некоја амајлија што постојано ја носите со себе? :)
     
  8. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.932
    Општи прашања

    Имам, и многу ми е значајна и важна. :!: Секогаш во новчаник ако носам со мене и во ранец ја носам со мене. Ми ја даде тетин ми пред да оди во Авганистан, и ако некогаш ја изгубам од 5-ти спрат се џиткам. :tmi:
     
  9. OneHeart

    OneHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    33
    Па имам еден привезок со Captain Morgan пијалок и има како некоја ламбичка доле кога свети се појавува неговиот лик верувам дека исполнува желби и секогаш кога го носам со мене сум среќна и исполнета со позитивна енергија :)
     
  10. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    947
    еј да ви кажам имав една белегзија,со камчиња беше ко демек за хороскопски знак бик.. јас сум јарец си ја носев и ств. ми носеше премногу среќа,ја скинав пред некој ден.. несакајќи ..штета :worried:
     
  11. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.253
    Пол:
    Женски
    привезокот со був кој ми го даде таткоми ко бев мала :D
     
  12. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.384
    Амајлии

    Јас кога бев мала имав многу кошмари и баба ми ми даде амајлија од некоја жена што ги прави да ја носам и да спијам со неа....
    Тоа беше страшно уште полошо ми беше
    потоа другата баба од црква ми подари ланче со богородица кое беше пеано од поп и стоено 40 дена во црква е дури тогаш престанаа кошмарите и навистина ме следеше среќа,амајлија веќе никогаш не би допрела а камо ли бог да чува да спијам или носам со себе
     
  13. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    550
    Верувам во амајлии и си имам едно мече и стварно среќа ми носи... :$ :$ :$
     
  14. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.888
    Да,имам..Ланче од црвен јаспис,го носев на мене,го вадев само кога се бањам и за спиење,а и не давав никој да ми го допре,а ако сака да го види,строго од моја рака само,и нонстоп под блуза ми стоеше.Исто,и го миев секој ден,поточно,секоја вечер и во мојата соба имам еден лебед ,така,средно годем,од оникс и секоја вечер ланчето на вратот на лебедот го ставав.Ама вчера,незнам како можеше,ми го снема,а толку бев приврзана за ланчето..Абе цела куќа ја претресов,под кревет кај мене,во салонот,на другиот спрат и никаде го немаше.Неможев да функционирам без него.Го немаше цел ден,па брарај,барај...Денес отидов да гупан ново од трговски,дека видов и кај нас има.И океј,го купив,го изив,си го ставив,и гледам татко ми доаѓа на врата.Ми вика,Дала,ова ли беше ланчето?Го гледам го нашол.Абе од кревет скокнав,толку се израдував што...Ух,сега ќе си бидам нераделна со лането мое најмило :inlove:
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.253
    Допаѓања:
    14.952
    Пол:
    Женски
    2010 година кога тргнав на пат, најдов една иконка со богородица...и од тогаш на било каков подолг/пократок (небитно) пат кога ќе тргнам обавезно си ја носам.

    Иако искрено мислам дека за одредени други предмети за кои луѓето се сврзуваат е само потребата од додатна сила/мотив .... односно сето тоа е психа.
     
  16. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.235
    Допаѓања:
    1.310
    Додека тренирав и редовно одев на натпревари ,секогаш со мене си носев едно гумено желче ,ми носеше многу среќа и златни медали :)
     
  17. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.884
    Пол:
    Женски
    Од Мајка ми добив златно ланче со преврзок срце постојано го носам и го сметам како моја амајлија.
    Иако и не верувам многу јас во тоа, сепак ако Господ не те чува џабе е и ланче и икона и прстен или што и да е, ако Господ сака нешто да се случи, ќе се случи без разлика на се.
     
  18. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.613
    Мојот мозок ми е амајлија,се што ке посакам од душа и срце,целиот универзум работи на тоа да ми се оствари све што ке си посакам,поголема амајлија од тоа здравје.
     
  19. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.698
    Допаѓања:
    4.688
    Пол:
    Женски
    Незнам колку можам да го наречам амајлиа.Но мислам дека за мене е амајлиа.Тоа е едно ланче кое го купив од манастирот Св.Богородица во Калишта.Ланчето е со дрвен крст.Го носам веќе едно 5 години сигурно,а може и повеќе незнам.Никогаш не го вадам.Освен кога ќе излагам,па сакам да ставам некое друго ланче.Мислам дека мене ми носи среќа,па што знам.Чуствувам некоја приврзаност кон тоа ланче :)
     
  20. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    192
    Имам неколку предмети што ги носам секогаш со мене и што си верувам во нив дека ми носат среќа.
    Крстенце од Ерусалим,една иконка и ланчето од сварофски што ми о подари мајка ми.Секогаш ги носам со мене и верувам во нив.