Амајлиите се ѓаволска измислица, кога верувате во нив тогаш демоните влијаат на вас и најчесто луѓето имаат навидум „успех“ , но на крај последиците се катастрофални! Денес многу популарни личности, спортисти, пејачи носат амајлии но сето тоа е напразно кога ке завршат во пеколот ако не се покајат. Само верата во Исус Христос носи вистински успех во животот и на крај живот вечен!
Никогаш не сум имала амајлија, многу побитно ми е денот каков ми е, од тоа повеќе ми зависи успехот (повеќе сум во стил мисли убаво, убаво да ти се случи). Изминатиов семестар се сум положила, и на сите полагања одев со едно пенкало што ми го даде една другарка во септември. Се зафркавав дека до пенкалото е ми се потроши минатата недела, па и побарав ново, ми даде исто такво, ама пишува црно. Ако и сега положам се, дефинитивно е до пенкалата на другарка ми
Искрено кога ќе размислам и всушност сум немала ваков предмет, или пак да кажам едноставно не се сеќавам сега. Но сепак мислам, дека никогаш не сум се поврзувала со вакви предмети. А некако, убаво ми е...шознам за конкретна ствар и буди чувство на сигурност и тоа чувство дека се ќе е во ред, ипак ке ми донесе среќа, нели.
Добра тема и добар почеток на темата. Убаво е кога се верува во нешто и тоа не води. Колку и да не е амајлија, вербата во таа ситница предизвикува повеќе самодоверба и убеденост дека ќе победиш (условно кажано) во она по кое си тргнал. Барем тоа е моето мислење. Но нормално, секогаш ќе има вакви „испади“ Да не се сфатиме погрешно, во ред си е секој да си има свои размисли но ова е надвор од размисла Me интересира, според овој исказ, оние кои не се Христијани, што би требало да мислат. Бидејќи овде специфично е искажано за Исус Христос, но секој си има право да верува во тоа што сака. Што мислиш за оние кои не се Христијани? И според кое верување или религија го пишуваш ова бидејќи во самото Христијанство постојат амајлии и верувања во амајлии? Некои работи не одат едно со друго...
Си имам 2 амајлии кои нај нај нај најмногу си ги сакамм.. Едно крстче (како ланче) кое нон-стоп ми е на врат и никогаш не сум го тргнала, а нема ни да го тргнам.. И еден прстен син по боја, со 4 „дијаманти“ на него подредени во форма на дијамант И него никогаш не го вадам.. а и да сакам не можам. Само со сјај или сапун или тоа..
jas si imam amajlija edno zlatno lance so bogorodica..neznam zosto no bogorodica kako sekogas da e so mene i mi pomaga,pa zatoa taa amajlija mi drzi sreka hhehe^^
Јас во мојот паричник имам камче од реката Јордан од Израел.Секогаш кај и да одам го носам со себе.Подарено ми е да ми носи среќа и да ме чува од незгоди.
Имам плетени тие со крст за на рака.. Се надевам дека ме разбравте. Имам такви две. Розево и црно. Си ги носам постојано
Имам колба која сама си ја купив и е многу значајна за мене, кај и да одам си на носам и ми носи среќа
.. ..пред неколку години брат ми требаше да оди во Америка, а нели тоа е земја далечна,и ние сите дома некако бевме down,шо и како ќе помини на патот,жив и здрав да стигни и сл...случајно во еден неврзан муабет со пријателка,спомнав за тоа,и таа ми кажува,поклони му на брат ти амајлија за среќа... јас бев изненадена,се дотогаш на ум не ми паѓаше нештослично,ама ми кладе жената шубе и ја прашав шо и како и каде...и таа ми раскажа приказна од нејзината баба многу одамна кога машките глави од куќата оделе во војна,војска и сл,нели и тоа по многу години,им правела тоа...и ми објасни...значи во крпче,мало делче од кошула од митрополит се клава крвче од црква се зашива и се носи со себе си... .. ..уште утредента напрајв тоа за брат ми,си го кладе во новчаник,потоа за големиот син исто одеше на пат,па за малиот син,па за мене,и така со години си ги носиме со нас....не е многу ама заштитени сме од лошо,се е сепак во нашиот памет/подсвеста,значи ако веруваш во нешто,се држиш за тоа,ама има плус и некоја сила која помага во нашата верба.. ..
имав јас едно ко беџ со богородица и исус секаде си го носев со мене ама кога се фативме со дечкоми уште првите денови ми падна кај него вкола а јас не се сетив кога го нашол дечкоми праша дали е мое му реков дека е мое ама нешто како да ми велеше дека треба кај него да остани и го кладе вкола и до ден денешен стој тука од тогаш одиме 2 ипол години а здравје боже летово или есенва планираме да се земиме...
немам амајлија но имам едно среќно пенкало од сваровски и дефинитивно ми носи среќа без него не идев на тестови ниту на испрашувања.Шта ќеш....
Јас во секое ташниче си имам по една слика од Ексл,или од ГНР,а во новчаник си имам 3,па тие си ги рачувам како некаква амајлија