немам амајлија..но би сакала да имам-да верувам во нешто дека ми носи среќа и ме чува од незгоди -да ме охрабрува
Немам амајлија, но има еден пример една другарка носи постојано со себе една амајлија и лани на мојот роденден ја извади и веднаш и се случи несреќа и од тогаш не ја вади
Spoiler прашање од другарка: ви правел ли некој амајлија за да ти оди во училиште...да полагате се од прва итн..
Нека си научи она и сите ќе си ги положи од амајлии правење аир нема. Немам некоја амајлија и неверувам дека било кој предмет може среќа да ми донесе.
Најголема глупост ми се амајлиите... Кога се стретнав со другарка од друштво видов нешто носи на раката и ја прашав што и е тоа она кажа: -„А, тоа ми е со Уан Дајрекшн да ми носи среќа. Види ги... Колку се само најубави!!!“ И јас бев „ “ Никогаш нема да ги разберам, а најмалку да се обидам да го разберам тие со амајлиите...
Амајлија една моја другарка отиде кај една гатачка за среќата да и ја отвори и и рече да преиспие сол,шеќер и потоа праеше некои церемонии и после во едно марамче и завитка нешто кафено како конеч,слично танко како влакно беше и и рече секогаш да го носи со себе и да не го водени и да си замисли желба и дека ќе и се оствари за неколку месечи и после друга желба и.т. Дали некој имал вакви искуства и ако имал да го каже дали тоа е амајлија или некоја глупост и дали ви се остварила желбата
Амајлија Истото мислење го делам и јас никогаш не сум верувала во овие чуда,а најголема глупост ми е кога ке видам некое бебенце или така помалечко детенце ,му обесиле бела топка од партали направена санки ѕвонец на алиштата згора со шпенигла,ко ке прашам што е ова-аа тоа е амајлија за срека Повекепати го имам ова нешто сретнато.
Обично нараквците, ланчето што си ги носам ми носат среќа. Ќе ја издвојам нараквицата со моето име (од панаѓур си ја купив ) и на неа си закачив осветено крстче.
Немам амајлија..би сакала да имам..но дека носат среќа баш и не верувам..ако си со среќа роден ќе имаш ако не здравје!
Јас имав едно ланче со крст кое го купив од манастирот свети Јован Бигорски. Кога и да го носев ми носеше среќа за се.
Подарените ланчиња се амајлии за среќа и љубов. Е сега, ако сакаш за успех, смелост, добивање ќе си изгравираш крокодил, ако е за љубов, срце цветче нешто нежно, за друштво и фамилија бубамара... Јас имав тиркиз со крокодил, сама си го чистев во морска сол, го полнев на сонце за енергија, ама ми ја украде другарка на сестра ми. Оттогаш се и се сврте наопаку и секој кој е со неа го следи таква среќа. Стварно било тоа дека колне тоа ако украдеш амајлија.
немам ништо што ми носи несреќа или среќа. прилично сум скептик од таа страна, но носам ствари чисто од спомен ако ја сакам личноста бидејќи сум доста сентиментална. Знам да спијам во маица од сопругот или да ставам негов парфем, и стално сум со прстенот од мојата покојна мајка, си го носам како симбол, како нешто од неа. Исто и нејзината бунда од младоста, ме топли симата зошто обично палто не ме топли, вечно ми е студено
До сега не сум имала . Еднаш си купив алка со драгоцен камен тиркиз ( според хороскопскиот знак , тој ми припаѓа ) , ја носев неколку месеци и ми се искина ... А за амајлии , сум слушала , но никогаш не сум користела , така што не знам дали носат среќа . Обично за се се потпирам на интуицијата