Дали амбицијата на родителите да надокнадат се она што они пропуштиле во животот, може позитивно или негатино да влијае врз детето. Јас на пример имам соседи кои малиот уште на кој ти спорт не го однесоа, почнаа со пливање, карате, кошарка..... Абе еден куп пари дадоа само за бензин, а од авион се гледа дека малиов не е роден за спорт. ако јас се прашувам јас би донела закон за заштита на децата чии родители сакаат да надокнадат преку нив се она што пропуштиле во животот. Како е вашето мислење на оваа тема?
Амбициозни родители. Би сакала моето дете еден ден да има некое ´хоби, дал ке иде на балет, пливање или сл ќе биде нејзин избор. Не планирам да ја форсирам, ако гледам дека нема желба за нешто нема ни да инсистирам Мене би ми било глупо да седи по цел ден дома и да не знае што да направи од досада Има кај нас во местово, гимнастика за деца од 4 години, ке иде да се истрча да ја истроши негде енергијата и така ...
Амбициозни родители. Нема ништо лошо во тоа родителите да се трудат да нивното дете биде подобро од нив во одредени работи. Да не е само опсесивна таа нивна желба па да се трудат да ја остварат по секоја цена и против очигледната незаинтересираност кај детето за одредена област...Понекогаш љубовта кон нешто не се раѓа сама од себе туку треба да ја поттикнеш. Затоа се тие активности, дури и да не се баш добри во таа активност барем ќе знаеш дека пробале, се потрудиле и знаат на што се.
Амбициозни родители. Не е работа дали е или не е за спорт туку дали сака. Знаеш дека 5% е талент а 95% труд во било кој спорт. Амбициозноста е во ред додека не премине во опсесија и лечење на лични фрустрации. Во ред е да го насочуваш детето и даваш подршка за нешто што сака да го прави, но ако не сака ти можеш да бидеш колку сакаш амбициозен ама не правиш ништо. Амбициозноста може да биде позитивна и негативна особина. Меѓу другото можеш да добиеш и контра ефект. Да прави нешто детето што не сака и да биде незадоволно или пак во крајна линија да го направиш 100% зависно од тебе да утре едноставно лута низ животот. Од друга страна пак учи од тебе дека треба да биде амбициозен, упорен и да вложува труд....
Амбициозни родители. Osamena-Srna мислам дека не си во право. Дали е родено за спорт или не е, или дали ќе стане успешен спортист од него не е важно. Доколку детето сака да оди, треба ти како родител да го носиш. Значи ако нема желба тогаш стварно е како ти што викаш, родителиве си надокнадуваат нешто што тие пропуштиле. Но доколку сака, без разлика колку не го бива, треба да му се даде шанса. Од друга страна неможеш да знаеш колку детето го бива. Ако ништо друго спортувањето е добро за правилниот развој на детето, па штом сака, баш убаво. И онака децава се по цели денови на компјутер. Ке ти кажам за внучето мое. Сака кошарка од некој си 8-9 год. А детето воопшто не беше спортски тип, она што викаш не родено за спорт. Тромаво и буце, незнаеше да подрипне, незнаеше со топка да се снајде. Но еве го сега е 13 и уште оди, и да го видиш сега каков е . Нема ни трага од тромавоста. Убаво телце има направено, извишен е , со убаво оформени рамена и стомаче. Најмалку ни е важно дали ќе стане кошаркар, чудо големо. Ама знаеме дека оди со мерак, не му е мака после втора смена на училиште да оди на тренинг, си има стекнато другарчиња, оди на камп секое лето, им организираат натпреварии меѓу нив, па му се развива и тој натпреварувачки дух и желба за победа, научи и со поразот да се носи, и најважно телесно правилно се развива. Тоа е придобивката од неговото спортување и редовното носење.
Амбициозни родители-префорсирани деца. Нема ништо лошо во посета на активности надвор од градинка/училиште, ама претерано ми е секој ден да има ангажман. Мислам дека на децата им го скратуваме детството со претерано ангажирање во разни активности.
Jas pisav moeto ide na gluma sepak ete e od tie so dve Levi noze pa pocnavme na gluma ama zatoa tekstovi i pesni uci Tata mata. Moite ambicii nemozam da gi stavam pred zelbite na deteto. Sepak ima 5 godini i osven gradinka dovolno mu e ednas nedelno gluma. Slobodnoto vreme setame igrame se zabavuvame
Според мене секоја личност си е личност за себе пример родителите да не се амбициозни детето може да е многу амбициозно или обратно. Повекето успешни луѓе што ги гледам се деца на не толку амбициозни родители..
Никогаш нема да го форсирам за ништо. Не е до амбицијата на родителите секогаш, до нивниот памет т.е блијанието на средината врз нив. Прост пример. Комшија детето 3 години запнал точак да го учи без помошни. Оно нејќе ,фрла точак,страв му е он не мора. Викам шо го форсираш. Ааа па како, на Петкана Петко (врсници се) вози , а овој да не знае. Така да, ги форсираат децата без врска и им ствараат притисок и фрустрации. Им се чудам на паметот. До мене ова не допира ,мене ми се смешни тие работи. Први ми се неговите желби .