1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Амбиција

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Peanut Butter, 23 јуни 2021.

  1. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    1.712
    Пол:
    Женски
    Не најдов ваква тема, а ме инспирираше @WildMk бидејќи рече дека амбицијата не мора да е нешто позитивно. Колку сте амбициозни? Колку сте жртвувале за да успеете? Колку ви значи професионалниот успех во споредба со приватниот? Мене лично ми значи финансискиот успех, не толку некаква си слава, но од друга страна, сметам дека е корисно да се надоградувам дури и ако финансиски тоа ништо не значи. Мнооооогу сум жртвувала за професијата и ми е жал што не сум жртвувала уште повеќе оти навистина уживам да учам, некако тоа ми е многу поголем high отколку случувањата во приватниот живот. How about you?
     
    На MarijaMi90, GrimTheReaper и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    7.199
    Амбицијата е добра работа, но негативна е ако некој гази преку се за да си го реализира замисленото. Без амбиција што би биле ние луѓето? Ми значи успехот на професионално поле. Сакам да се издвојам од толпата, но на чесен и фер начин. Некогаш и јас си велам требаше да се вложам повеќе, но сепак сум човек и ми треба оддишка.
     
    На cresa-jagoda, Frosty!, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    26.830
    Допаѓања:
    208.985
    Не секогаш.

    Пример:
    Може да си сериски убиец и да имаш амбиција да убиеш повеќе луѓе, од било кој сериски убиец до тогаш.
     
    На cresa-jagoda, Осе, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    26.830
    Допаѓања:
    208.985
    амбиција.png
     
    На cresa-jagoda, Snowflake97 и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  5. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    1.712
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека не мора да значи дека амбициозноста е позитивна работа, ама исто така тешко е да се дефинира до каде се границите, кога станува негативна. Јас сметам дека ако нашата амбиција некому штети, тогаш тоа е црвено знаме дека сме ја преминале границата.
     
    На cresa-jagoda, Осе и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    7.199
    Тоа се крајности, и нормално не мислев на такви случаеви. Секој човек има амбиции. Амбициите не движат. Но, никако не сум за газење преку други луѓе и на туѓа штета. Мене амбицијата ме асоцира на убави нешта.
     
    На cresa-jagoda и Naked Gun им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    26.830
    Допаѓања:
    208.985
    Епа и тие крајности спаѓаат во амбиција.
    Затоа велам: Не е амбицијата позитивна особина, по дифолт.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    4.837
    Допаѓања:
    7.199
    Да, но ете повеќето за среќа имаат амбиција да си купат стан, да изградат куќа, да завршат факултет, да имаат кариера, да создадат семејство, да патуваат итн.
     
    На cresa-jagoda, Frosty!, Naked Gun и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    1.543
    Пол:
    Женски
    Имав амбиција да завршам тежок факултет, компјутерско инженерство. Жртвував ноќи без спиење, излегувања и журки, пари и нерви плус. И што добив, дипломиран инженер сум си седам дома.
    ( имам желба да продолжам магистерски студии но немам финансиски средства ни работа, тоа ме дотепува)
     
    На MarijaMi90 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    1.712
    Пол:
    Женски
    Ако имаш квалитет не се откажувај, пробувај секаде, за жал системот е таков, ама земај пример од луѓе што не се откажале. When there's a will, there's a way.
     
    На SnowWhite8 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. 999

    999 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    120
    Пол:
    Женски
    ja ne sum ambiciozna
     
    На MarijaMi90 и WildMk им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    13.510
    Допаѓања:
    301.838
    И претерано голема позитивна амбиција ( пример, да станеш директор, да бидеш главен во општеството, да станеш познат доктор, да бидеш најдобар во своја професија....), не е на арно.
    Пре-амбициозните личности кога ќе се соочат со пречка во остварувањето на стремежот, и бељи знаат да прават.
     
    На cresa-jagoda, mira.mira, MarijaMi90 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    26.830
    Допаѓања:
    208.985
    Само што така е организиран системот и на цена се социопатски и психопатски карактеристики (недостаток на емпатија), оти само тие можат да ти помогнат да го изодиш патот до врвот, кој обавезно вклучува газење преку лешеви.

    1 in 5 business leaders may have psychopathic tendencies—here’s why, according to a psychology professor
     
    На MarijaMi90 и referentka им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    13.510
    Допаѓања:
    301.838
    Не џабе рекле - за да му осамне на некого, треба да му се стемни на друг.

    Во последните 10-15 години , јас лично не ни познавам друг начин за да се дојде до врвот.
     
    На cresa-jagoda, Tanjamm и WildMk им се допаѓа ова.
  15. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    5.880
    Stremezot kon slava I uspeh e dobra osobina za pravenje na kariera no ne treba da se zrtvuva zdravje,ljubov, privaten zivot,semejstvo,deca...
    Otkazuvanje od formiranje na dom I semejstvo ne moze da donese lichna sreka kaj karieristot.Niedna kariera ne e vredna da se zrtvuva lichnata sreka I ljubov.
    Egoto se bilda so kariera I uspeh,a dushata se polni samo so ljubov.
     
    На Tanjamm и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  16. MarijaMi90

    MarijaMi90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    9.805
    Пол:
    Женски
    Амбиција кога тоа значи да придонесам за опшеството, не знам, пример да учам деца, да лечам луѓе, да направам апликација што ќе го олесни животот на другите итн., да.

    Амбиција за да сум шеф на оддел во банка и крвта да ми ја испијат не. Да сум директор, пратеник, политичар кој под влијание на партијата ќе мора да носи одлуки кои не се во согласност со чесно работење или со моите вредности, не.

    Токму вториве се синоним за успешност најчесто.

    И затоа повеќе им се дивам на тие што си нашле начин како помалку да се оптоварени од работа, кои си имаат повеќе слободно време, а сепак доволно за убав живот.

    Успешен во работа и успешен во животот за мене не е исто. Успех е да си задоволен и среќен. Да, да се движиш напред, да создаваш, но тоа не е секогаш повисока позиција.

    Најчесто луѓето се најамбициозни додека се помлади, кога ќе завршат факс, во 20тите. Понатаму, повеќето сфаќаат дека подобро е да ти е мирна глава и повеќе слобода да се има, отколку да се оставиш некаде кадешто утре без око да им трепне ќе ти најдат замена.

    Од друга страна, секогаш сум за учење и надоградување на себеси, ако тоа ја исполнува личноста.
     
    На Tanjamm и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  17. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    875
    Пол:
    Женски
    Ете јас мислам дека амбициозноста е најдобро нешто бидејќи ќе го постигнеш она што сакаш, животот ќе ти биде исполнет и ќе бидеш задоволен/задоволна од себе, а што може да биде подобро од тоа? Секако бара жртвување, но се знае до кои граници треба да се оди ... Замислете колку би било убаво сите млади луѓе да се амбициозни наместо да се флегматични, немотивирани. Не можам да ги сфатам младите кога викаат еј добра ми е платата, не е сјајна ама па што некој и таа не ја зема :puke: Па млад/а си, здрав/а, прав/а зошто не се потрудиш да постигнеш повеќе и да си задоволен со платата наместо да се споредуваш со други(highfive)
     
    На Tanjamm и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  18. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    1.712
    Пол:
    Женски
    Да бидеш најдобар во својата професија за мене е здрава амбиција, тие останатите наведени не. Понездраво е да сакаш да си просечен, како тогаш ќе го оствариш својот потенцијал? Секој од нас може утре да умре, затоа треба да го користиме секој момент за себеспознавање, надоградба, нови и нови искуства. Секој кој живее за да пие кафиња и да ужива по цел ден, лично, сметам дека живее бесцелно. Светот нон-стоп се менува, луѓето низ што не поминуваат, а на некој единствена грижа му е што не му одговарале чевлите со фустанот или Интер изгубил од Рома. Тоа за мене се тотално изгубени луѓе.
     
    На Tanjamm и Ivanna23. им се допаѓа ова.
  19. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    875
    Пол:
    Женски
    Баш ова сакав да го споменам, не ги сфаќам луѓето на кои целта му е да земат плата и да одат по кафичи,ресторани,забави,одмори...Како може да работиш само за тоа? Јас не би можела да работам нешто само заради плата туку морам да си ја сакам работата и да ја работам со пасија. Исто мислам како тебе тоа се луѓе кои живеат бесцелно. Мислам дека тие шт бараат само висока плата, а не кариета немаат амбиција туку алчност.
    Можеби со ова отидов во друга насока али многу мислат дека амбиција е само богатство и луксуз.
     
    На Tanjamm, MarijaMi90 и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    13.510
    Допаѓања:
    301.838
    Тоа се ХЕДОНИСТИ.
    Само уживање вреди за нив.
    ..иначе трошка хедонизам не е на одмет.
     
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.