1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Американизација на Македонија и Балканот

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Briar Rose, 4 јануари 2020.

?

Дали сметате дека значително се манифестира Американизација на однесувањето и културата во МК?

  1. Да

    50,0%
  2. Делумно

    41,9%
  3. Не

    5,4%
  4. Не знам

    2,7%
  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Поимот за "американизација" го означува влијанието на Американската култура и бизнис врз другите држави надвор од USA, вклучувајќи ги медиумите, кујната, бизнис практиките, поп културата, технологијата и/или политичките техники.
    Додека е разбирливо дека USA претставуваат светска сила, како последица на тоа, истите имаат големо влијание врз остатокот од светот на скоро сите сфери и области.

    Општопознат факт е дека Канада претставува нај-американизираната држава во светот, што е сосема очекувано со оглед на фактот дека, од демографски аспект, двете држави не се толку различни, се граничат меѓусебно, го зборуваат истиот јазик, имаат идентични традиции, празници, култура и вредности. Поради ова, јас не можам да ја забележам културолошката американизација во толку значителна мера како во останатите држави.

    Меѓутоа, бидејќи МК се смета за "Slavic" држава и според тоа што претходно сум го читала за неа, сум имала првична замисла дека МК претставува држава која има сосема различна култура, традиција и менталитет, што не е ни толку далеку од реалноста.
    Но, исто така се повеќе забележувам дека во МК, културолошкиот феномен на американизацијата станува доста застапен и во самото однесување, изразување и размислување на народот, особено меѓу младите.

    На пример, празниците како Halloween, Valentine's Day, Black Friday, etc. стануваат доста популарни и повеќе се преферирани, односно фаворизирани за славење во МК од луѓето, наместо традиционални празници од Словенско потекло.
    Додека можам да разберам дека ова се практикува примарно од комерцијални причини, навистина не гледам друга причина една Словенска држава да слави Англосаксонски празици без истото да има симболика или барем историска релевантност.

    Од друга страна, исто така сум се запознала и со луѓе од МК (најчесто повозрасни лица) кои манифестираат однесување кое ја поддржува анти-американизацијата и го презираат животниот стил кој е карактеристичен за Англосаксонските држави и најчесто ги обвинуваат истите, особено USA, за "губењето на Македонскиот идентитет", што и да значи тоа.

    Поради влијанието на овој глобално застапен културолошки феномен, заинтересирана сум да прочитам ваши мислења поврзани со оваа тема, односно дали вие како државјани на МК сметате дека се манифестира американизација во однос на културата и начинот на однесување, изразување и размислување.

    Како што порано велеше еден мој професор: "You don't always need an army to invade a country, sometimes all you need is McDonald's and Coca-Cola..."


    [​IMG]
     
    На Victorian, ilenaki, Peperutce1115 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Волшебникот

    Волшебникот Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2018
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Машки
    Америка е ционистичка земја. Денешниот систем е дело на ционистите кои владеат со Америка и цел свет.
    Во иднина, не само шо ќе се изгубат културите туку во светот нема да постои нација, ни вера, ни традиција, сето ќе биди измешано. До 2035 , 35% од германците ќе имаат странско потекло и останатите народи, земји.

    Твоиве мислења се поклопуваат до некаде со моите како шо прочитав: Да се зачува традицијата, нацијата, културата се што е поврзано за еден народ а не микс.
     
    Последна измена: 8 јануари 2020
  3. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.950
    Па, види, за хеловин ретко кое дете тропа на врата за да побара колачиња, а денеска пред сите цркви имаше редици од луѓе, а и на гробишта имало добра дружба и раздавање.
     
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Не ми пречи ништо. Се славел валентајн, па супер. Се отворил mcdonalds па што, небаре малку странски брендови имаме по маркети, треба да се купува локално, да, но проблемот не е во амерички брендови, многу многу има странски.
    Овие што мразат промени за мене се истите луѓе што мислат дека жената е за дома, да готви чисти, а ќе биде како што мажот ќе каже. Простотилук. Од една страна имаме убави адети, од друга страна некои адети се многу шовинистички и ич нема да ми е гајле ако замрат. Само промената е константна
     
    На drugarka, lovestoneddd, Maša8 и 18 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Ќе пишев и јас пост, сличен на твојот, ама не толку речит :D
    Само ќе се потпишам на твојов.. ако? :lol:
     
    На drugarka, CameliaMiller, gjoker4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Lancier

    Lancier Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2019
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Машки
    Amerika imase hegemonija vrz kulturata pred 20 godini.Denes nivnoto vlijanie e opadnato drasticno a kako sto gledame sega drugi kulturi niv gi koloniziraat.Vo Makedonija skoro i ne postoi nekoja amerikanizacija osven filmovi no tie imaat daleku pomala gledanost od na primer turski i balkanski serii,realiti soua,muzicki programi,sport.

    Ke ti kazam i eden obraten proces.Interesen.Koga vo Makedonija pred 10 godini imase Badnikovi povorki?Nikade.Sega sekoja godina brojot na deca ucesnici se duplira vo sekoj grad.

     
  7. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    648
    За да бидеме Slavic држава со своја култура и менталитет, треба да живееме во изолација. Претпоставувам дека американизацијата започна постепено со телевизијата, холивуд и поп културата. Некои пораснавме со влијание од Aмерика, некои со влијание од Jугославија, најчесто комбиинација од двете.

    Повеќето луѓе кои ги знам попрво би јаделе азиска, арапска, медитеранска храна па дури и сарма, отколку бургер.

    Халуин го немаме прифатено скроз како некои други европски држави каде од пред 10тина години почнале со маскирани деца да одат по врати и да им делат слатки. Кај нас се уште се прават неколку забави во градот, па кој сака да се маскира нека повели. Си славиме и ние словенски халуин за Вевчанскиот карневал или маскирање за бадник во Тетово. Исто и славењето Валентајн е индивидуално. Блек фрајдеј не е празник.

    Американизацијата ни е на тацна бидејќи е најмаркетирана. Во светот има толку многу различни интересни култури, во ерата на интернетот се ни стана подостапно. Секој како индивидуа си има постојан но и привремен интерес за најразлични култури од сите котиненти. На сите повозрасни кои си ја сакаат Југославија и мразат се што е странско би им рекла: okay boomer.

    Би заклучила дека не сме целосно американизирани ниту пак славизирани. Константно еволуираме.
     
    На lovestoneddd, M.B., Lianna Anna и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    165.892
    Јас би се потпишала под постот на @faye ама ај и нешто свое да допишам.
    Да, американизирана е Македонија, веројатно и поширокиот регион. Не би рекла дека се колонизира со бургер, ама телевизиската продукција е дефинитивно најсилната колонизациска алатка, барем според мене (влијанието на вебот е друга приказна). Она што мене лично ми пречи е индоктринирањето на либералкапитализам во мајндсетот на популацијата, себичноста, идеологија од типот на Трамп и макијавелизмот. Површноста олицетворена во шупливи звезди ала Кардашијан.
    Не знам што е тоа словенска земја (ако постои таква класификација освен врз база на јазик - алал вера), и Хрватска и Русија се словенски во јазична смисла ама културолошки и идентитетски се различни. Тоа што мене ме мачи е како не се случи културолошка колонизација од Европа, од скандинавија на пример, па да имаме на пример хумано општеството и човечка социјална заштита, наместо ова што го имаме денес, здравство за богатите, легален грабеж на осиромашениот итн итн
     
    На Freyja, Роберт 7, Lianna Anna и 6 други им се допаѓа ова.
  9. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    Американизацијата силно ја истиснува англизацијата на светско ниво особено во земјите кои се англиско говорни подрачја и поранешните англиски колонии. И кај нас американизацијата зазема се поголем замав што се забележува по статистиките кои укажуваат дека малите деца попрво го учат англискиот јазик во однос на мајчиниот јазик. Сметам дека нема ништо лошо во запознавање на различни култури и инкорпорирање на некои нивни обичаи во нашите и обратно. Сакам да запознавам различни културолошки обичаи, ме интересира историски од кога датираат, сакам да ги посетам земјите во кои се изведуваат во временски периоди соодветни да се видат тие обичаи како дел од секојдневието на таа земја.
     
  10. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Ционизмот, како идеологија и политичко движење, примарно се фокусира на креирањето на држава на Евреите и истата нема директна поврзаност со културолошкото влијание на USA во однос на светот.

    Концептот на ционизам главно се поврзува со културата преку т.н. "Cultural Zionism" каде при креирањето на Еврејска држава, треба да се вреднува Еврејската култура и историја, вклучувајќи го јазикот и историските корени.

    Од друга страна, Израел исто така подлежи на Американизација, а за тоа главно придонеле Еврејците кои се вратиле во Израел од дијаспората, особено од English-speaking countries.

    Тукушто опиша глобална верзија на монокултуролошката метафора "Melting pot" од аспект на навидум хомогено општество кое одбива да стане хетерогено поради прилив на странски културолошки и идеолошки елементи со цел истото да предизвика дисхармонија во рамките на претходната култура.

    Тоа не беше поентата на моето мислење во воведниот пост и дефинитивно не изразив ништо против мултикултурализмот, кој всушност, е неизбежен и присутен и во МК, а неговите елементи не потекнуваат од Западот. На пример, сум забележала како во МК се манифестира вид на културолошка асимилација карактеристична за Турција во поглед на размислувања, традиции, телевизиска продукција и јазични елементи. Претпоставувам дека истото е последица од долготрајното Турско ропство, но не можам да кажам дека целосно ми се допаѓа бидејќи имам впечаток дека неговата улога врз населението не е прогресивна.

    Напротив, направив компарација меѓу Англосаконските држави и Словенските држави, каде истакнав дека културолошката Американизација во мојата држава е скоро незабележлива бидејќи е идентична со USA, додека Словенските држави како МК драстично се разликуваат од нас во поглед на културата и менталитетот.

    Поради и тоа било каква манифестација на културолошка Американизација е значително позабележлива, што само по себе не значи дека е негативно, туку напротив, може да има мошне прогресивно и позитивно влијание, зависно за што станува збор.

    Ова не е целосно точно...

    Black Friday се дефинира како празник во официјална и неофицијална смисла, барем во Англосаксонските држави.

    Можеби Black Friday не претставува официјален празник за мнозинството стејтови и држави, меѓутоа познато е дека Калифорнија и други Американски стејтови го перцепираат како празник за вработените во нивните влади, и тоа често како замена на друг државен празник како Columbus Day.

    Освен тоа, скоро сите училишта и non-retail работници во Англосаксонските држави не работаат на Black Friday, при што истиот е перцепиран како "празник" на неформален начин.

    Меѓутоа, причината поради која го споменав Black Friday е поради фактот што истиот е следствен на еден од најзначајните Англосаксонски празници - "Thanksgiving Day" и поради тоа постои одредена разлика во симболиката на неговото славење во USA и останатите Англосаксонски држави од една страна, и останатите странски држави од друга страна.

    Оригиналната причина поради која се слави "Thanksgiving Day" е поради фактот што во 1621 година, новодоселениците од Англија ги поканиле домородците за да ја прослават родната жетва, додека примарниот настан во Американската историја за славењето на Black Friday бил т.н. "Panic of 1869" кога финансиерите Jay Gould и James Fisk ги искористиле нивните врски со Grant Administration во обид да го намалат gold market-от.

    Но, покрај историската релевантност, Black Friday во Англосаксонските држави се слави и од комерцијални причини, каде се оди на shopping;

    Разликата лежи во тоа што е интересно како славењето на Американски празници и обележителни денови, во одредена мера, се вметнуваат во социјалната психологија на странските држави.
    Причините за тоа е или поради фактот што USA претставуваат светска сила која е доволно моќна да има глобално културолошко влијание, или поради криза на идентитет на државно ниво, или бидејќи странските држави немаат доволно празници во кои се манифестира консумеризмот.

    Со други зборови, концептот за културолошки плурализам го помешувате со концептот за мултикултурализам, каде не е неопходно постоењето на една доминантна култура. Односно, за да се манифестира културолошкиот плурализам, потребно е да постои една доминантна култура, а во овој случај, тоа се USA, за кои нивните вредности и практики (вклучувајчи ги и празниците) се сметаат за прифатливи од страна на други држави, односно култури.
     
    Последна измена: 8 јануари 2020
    На BoneMachine му/ѝ се допаѓа ова.
  11. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    648
    Ok празник е, nobody cares, nobody knows
     
  12. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Мојата намера не беше стриктно да докажам дали Black Friday претставува празник или не, туку на каков начин истиот служи како елемент при културолошката Американизација на глобално ниво.
    Односно, примарната мотивација за преземањето на денот Black Friday е зголемување на консумеризмот во државите, а не одбележување на одреден историски настан.

    Но како што сум забележала досега, некои држави се обидуваат да копираат наши обичаи и празници, без првенствено да знаат што истите означуваат.

    By the way, изреката по правило гласи: "Nobody knows, nobody cares"...
     
    На ane.bella и BoneMachine им се допаѓа ова.
  13. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.588
    Допаѓања:
    34.118
    Па глеј, ние како народи сме многу блиски у менталитетот, неписмени, националисти и малограѓани у глобала.
     
    На theowndemon, Sejfullai, Amellie13 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Ко прво ни Америка не е американизирана не па на други да продава некои вредности. До пред 60 години ги бесеа црнците по бандери а да не зборуваме за етничкото чистење врз индијанците. Америка е една бајка која благодарение на Холивуд и на парите е тоа што е.
     
    На Amellie13, Lianna Anna, oblace1 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. ilenaki

    ilenaki Популарен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    1.297
    Пол:
    Женски
    Супер тема и баш сум изненадена што некој воопшто има став и е реален дека тоа се случува.
    Јас мислам дека зема многу голем замав и сум против тоа. Исто сум свесна дека повеќето не се и го поддржуваат тоа. Сите постови на фејсбук се пишуваат на англиски, многу македонски зборови се исфрлуваат и заменуваат со англиски, се даваат американски имиња на децата, а младите поготово мислам дека веќе се скроз американизирани. Нема да се изненадам наредните генерации воошто да не го користат нашиот јазик, а за кирилицата и да не збориме. Имаше една тема баш на форумов и се разочарав само читајќи колку мислат дека Божиќ треба да се слави на 25ти декември. Зошто побогу ние да славиме на друга дата, зошто да се потчинуваме и да се прилагодуваме на другите и зошто да не го почитуваме православниот календар? За мене нема смисла ама разочаварувачки е бројот на оние кои мислат дека баш така треба. Веројатно истите и мислат дека треба да се откажеме од православната вера и да станеме католици. На крај краева што ќе ни се и наши празници, ај да се откажеме и од славење куќни слави, имендени, да не фрламе крст за Водици. Наместо тоа ќе си славиме ноќ на вештерките и решен проблем.

    Напредок за мене лично претставува нешто друго, нешто што луѓе мешаат со култура. На пример, сум слушнала коментари од типот како во времето на Југославија било назадно зашто на пример некој пат или автопат не бил изграден или некоја зграда била изградена во некаков лош стил. Според мене тоа не е некое мерило, секогаш ќе се градат нови патишта, автопати и глупава е споредба во стилот тогаш тој пат го немаше (што и да значи тоа!). Исто како да се каже дека тогаш се беше назадно затоа што немаше мобилни телефони. Нови производи секогаш ќе се појавуваат на пазарот (така првенствено било и со телевизорте па компјутерите), технологијата ќе оди напред и нормално така и ние.

    Позитивен пример треба и може да се земе од различни култури и нации. Можеби некоја држава воспоставила прекрасен систем за наводнување или се користи одреден материјал во градежништвото. Такви некои примери за нешто што е корисно и што помагаат во целокупниот развој.
    Културата е нешто сосем друго и сум против тоа да се зема од некој друг. Јас сум горда на нашата култура, горда што сме дел од словенската култура ама денес скоро никој не се гордее со тоа. Не ми е јасно што е толку лошо во словенската култура и која е таа желба да се негира истата и презира.

    Реалноста сепак е таа, искрено на Македонците едноставно е сервирана американската (англосаксонска) култура и ништо подалеку. Колку познати руски глумци знае некој, а колку Американски? Колку такви филмови, емисии, брендови било што? Луѓето гледаат само тоа, никој нема интерес да види нешто друго и убеден е дека така треба. Жално за сите Словени ама борба да се задржи словенството веќе и не постои, сите би да бидат про Американизирани и ништо повеќе.

    И за крај уште еден политички пример што мене не ми се допадна. Имаше некаков инцидент со труење во Велика Британија на некоја Русинка па за тоа цел свет се сврте против Русија затоа што Велика Британија тврдеше дека Русија стои позади тоа. Дали е точно или не е сосема друга тема. Мене што не ми се допадна е што ние први се јавивме против Русија. Зашто? Што имаме да се свртиме против Русија? Зошто да застанеме на страната на Велика Британија, кога таа земја застанала на наша страна, а колку пати против нас? Толку ли не се можеше да останиме неутрални. Малце оф топик ама очигледно е дека ние сме Американизирани 100% и ќе бидеме и повеќе.
     
    На Matea^_^ и Angie1432 им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    8.451
    Допаѓања:
    81.991
    Пол:
    Женски
    Не сум против луѓе да слават тоа што ги весели и ги прави среќни,но сметам дека славењето на американски комерцијални празници е кај нас намален, Halloween, Valentine's Day...,никој не ги слави тука наместо христијански празници кои традиционално се слават,заедно со паганските обичаи кои ги има во изобилство.

    Добро напиша членката погоре ,кај нас има карневали каде се преправаат многу одамна и сеуште се живи тие традиции,кај хрватите постојат машкаре на денот на сите Свети,не е ништо тоа нешто ново на овие простори..

    Halloween тука единствено може да се поврзе со конзумеризмот и комерцијала и со ништо друго, додека обичаите поврзани со нашите празници имаат сентиментално значење.

    Валентајн исто,се продаваат срцулести глупоштини и тоа е единствената вредност на тој празник кај нас.
    Thanksgiving day па и никој не слави кај нас.Така да увезени се празници кои се чиста комерцијализација.
    Е сега да, импортиран е Baby shower от благодарение на тв,социјални мрежи но како и на многу други работи ке му помине модата.
     
    Последна измена: 8 јануари 2020
  17. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    648
    Не цитирав изрека, си кажав свое мислење на англиски за да разбереш. Не сме сите опседнати со цитати.
     
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.971
    Допаѓања:
    260.978
    Интересна споредба, Халоуин со бадникова поворка :)

    Дај реално, бајбл белт си имаат америте, ама ни нивна религија, ни традиционална македонска не прифаќам.

    "Славам" се' живо и ок, бирам што ќе славам. Ми е гајле дали е автохтоно наше или не. Ако не ми се допаѓа... колку сака нека е "домашно".

    Ако збориме за "амерички вредности", кои не се "амерички" во суштина, а тоа е либералност, прифаќање - да, I'm in. Само што секоја "западна" вредност се меша со америчка, погрешно.

    Моето лично искуство со САД е - пак би одела како турист, никогаш не би живеела.

    Не ми се допаѓа скоро ништо од начинот на живеење, барем Мидвест не.

    Патем, ако треба рак да добијам, подобро овде да го добијам него во САД.
    Џабе ми се најдобри доктори, најдобра опрема, ако не можам да си ја дозволам нели.
    Страшна работа им е здравството, тоа никогаш нека не доаѓа навака.
     
    На drugarka, Gosh, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.971
    Допаѓања:
    260.978
    А што е Косми проблем во увезените празници?
    Јас ништо вистински не празнувам, се' ми е забава.
    Не треба да се забавувам?

    Ништо сентиментално не гледам во еден тон наши шовинистички адети, обичаи, традиции.
    Башка па Вевчански, каде слободно шетаа со куче наденато, НИКОГАШ нема да го поддржам, дур сум жива.
     
    На theowndemon, Gosh, Sejfullai и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Сентиментални биле нашите празници ахахахахахаах добра шега
    Иначе овој обидов да глумите верници додека ги ругате халовин и валентајн ви е пресмешен пошо тие се католички празници :D