За мене прекрасна книга која разбранува се во мене и ме натера да размислувам. Толку реална, толку длабока книга што боли. Ја препорачувам за сите оние кои сакаат класични романи во вистинска смисла на зборот. Мене ме остави без здив, двата дела ги прочитав буквално за 2 дена, не можев да престанам да читам се додека не стигнав до крајот, а таму Ја имате читано? Впечатоци за неа
Американска Трагедија ( Теодор Драјзер) Книгава Ја читав многу, многу одамна, ама се уште добро ја памтам. Плачев многу, се чудев на човечката природа, на суровоста, на злобата, на алчноста Клајд како лик е толку добро изграден и на крајот не знаете дали да го сожалувате или да го мразите од дното на душата. Книгава кој не ја прочитал не знае што пропуштил...
Американска Трагедија ( Теодор Драјзер) Брзо, брзо да ми кажете каде да ја купам!! Книгава ја имам дома, наследство од баба и дедо, заедно со другите познати класици. Јас сум љубител на класиците, ама ме кочи тоа што е на српски. Почнав да ја читам, ама се откажав кога сфатив дека ми треба двојно повеќе време за читање.... А знам дека е прекрасна! Иако ги читнав само првите 50-тина страници.
Американска Трагедија ( Теодор Драјзер) Книгава е неверојатна. Побуди секакви чувства во мене, многу ме потреси Многу реална, многу убаво го отсликува тогашното време, размислувањата, поделеноста на класи... Имав некаде коментирано за главниот лик на книгата, Клајд, не знам точно во која тема. Едит: го најдов и го пастирам овде за да не се повторувам: Главниот лик, Клајд, ми беше антипатичен од дното на душата, себичен, алчен, сака богатсво а не прави ништо да го заслужи тоа, туку се надева на помошта од чичко му. Кукавица тешка. Но сепак не можам да речам дека во него немаше ниту малку добрина. Сепак постоеше нешто добро во него, но алчноста и желбата за благосостојба го заслепија. Не знам повеќе што да кажам, освен дека книгава е феноменална и му ја препорачувам на секому кој е љубител на малку потешки теми, реални и сурови, а не им ја препорачувам на љубителите на лесни љубовни романчиња.
Американска Трагедија ( Теодор Драјзер) СЕСИИИИ ...јас мислев сама сум изгубена меѓу младината во љубовта кон Драјзер Нема да зборувам за книгава, затоа што имам само да кажам...кој може да ја прочита, без одлагање.... А на тие што ја прочитале, само ќе им препорачам топло, најтопло да ги прочитаат Финансиер, па Титан од овој писател...и тоа по овој редослед, Титан е продолжение на Финансиер, и убедливо е на првото место на мојата дооооооооолга листа прочитани книги.... Падовите и успоните на Ф.Копервуд, ќе ве мотивираат уште во истиот момент да преземете се` ( околу вашиот живот ) во ваши раце... ,,Најдоброто време да смените нешто во вашиот живот е сега,,-....според мене, лајтмотивот на неговите дела.....
Американска Трагедија ( Теодор Драјзер) Енца, мило ми е што ти се допадна темата, ама да не одиме офф овде пишуваме само за Американска Трегедија, а не за Драјзер Ако сакаш слободно можеш да отвориш тема за неговите други дела или општо за него Јас отворив тема и за Сестрата Кери, ако ти е читана, бујрум на неа
Американска Трагедија ( Теодор Драјзер) ^^^ О.К Сеси...една...низаедна...принципиелна (ама морав да го кажам и тоа де...нема веќе ) Ајм камминг.... извинете за офф...морав
Американска Трагедија ( Теодор Драјзер) Ми се допадна книгата,посебно неутралниот став на Драјзер кој во ниту еден миг не имплицира гледиште туку остава читателот да си избере дали ќе го осуди или ќе го сожали главниот лик.Многу реална книга,мислам дека и според вистински настан била напишана.Поттикнува на размислување,едноставно не те остава рамнодушен. Е сега ми падна во око една хронолошки несоодветна ситница на крајот.Се работи за следново,вонбрачното дете на Еста-Расел во моментот кога во весникот ја читаат веста дека Клајд е уапсен под сомнение за убиство,се вели дека има 3 или 4 години,а кога на крајот пак проповедаат по улиците,што значи после смртта на Клајд,имал 7 или 8 години.Логички прифатливо ако се земе во предвид дека судењето траело приближно 2 години и 2 години поминати во куќата на смртта,што наведува до заклучок дека уличното проповедање е непосредно по смртната казна на Клајд и станува збор за временски интервал од 4 години.Е сега,Сондра во моментот кога го апсат нема полни 18 години,а кога ги придружува семејството Грифитс на уличното проповедање има 27 или 28 години.Не можи за детето да поминале 4 години,а за неа 10. Исто имам забелешка во врска со преводот кој беше катастрофален,имаш нешто како расклатен,ускрати,половина книга беше со беКство а другата половина бегство,неговата ужас и незадоволство и сл. Крајот,може да се каже дека го очекував зашто евентуален хепи енд ќе расипеше се и на крај краева,самиот наслов навестува трагичен крај. Како и да е,Кнгата е одлична и вреди секоја минута што ќе ја потрошите читајќи ја.
Американска Трагедија ( Теодор Драјзер) Рената, а од кое издание ја читаше книгата и дали корицата беше со тврд повез? Јас кога ја читав не наидов на некои такви грешки во преводот. Мене сеуште ми останува една од најомилените книги , тешко некоја да ја засени
Најдобрата книга што некогаш ја имам прочитано!!! Кога почнав да ја читам поради нејзината обемност мислев ќе се откажам бргу,ќе ми здосади,а јас ја прочитав за неколку дена..Премногу бргу ми леташе времето со неа.На почетокот чувствував сожалување за Клајд и неговото семејство поради сиромашниот живот кој го воделе,потоа тоа чувство се претвори во восхит бидејќи се случуваа настани кои го прикажуваа Клајд како зрел,вреден и амбициозен млад човек, тоа беше периодот кога започна да работи во хотелот или ресторан незнам што точно беше (одамна ја имам прочитано). Откако замина од неговиот град и отиде кај чичко му моето мислење се смени.Излегоа на површина сите негови лоши карактеристики, алчност,злоба,суровост.. И самата негова помисла да убие жена која што носи негово дете,крајно злобно!! Но и другите ликови имаат интересен опис,како тие се претставени. Препорачувам кој ја нема прочитано веднаш да се фати за работа
Лани на саемот на книги ја најдов првата книга. Сеуште ја немам прочитано и нема ни да почнам додека не го најдам и вториот дел. Не сакам да се нервирам додека ја барам да ми остани во мисла. Инаку јас ја најдов во оние книги што се стари и некој што ги имал одлучил да ги продаде, 50 денари беше, книгата е на српски, корицата е со тврд повез, 1950 година издадена, има 611 страници. Дали ја имам вистинската работа во раце или е сепак скратена? Сеси ако ги имаш книгите дома те молам кажи ми.
Прашај некого што купувал книги на метро на времето, за во регал- гарант ги имаат. Озбилна сум за ова инаку . Обиди се да ја најдеш на македонски, ја има со темно зелени корици и златни или сребрени букви, не се сеќавам убаво, и со црвени корици и црни букви напишан насловот на корицата. Јас тие две изданија од Драјзер ги имам среќавано на македонски. Прашај по роднини, по баби во маало, сигурно некој ги има така купено порано . А таа што ја имаш не верувам да е скратена, ама сепак не сум го видела тоа издание па да кажам со сигурност, иако мислам дека двете книги беа по околу 600 страни, така што, веројатно не е скратена туку ти фали втората книга.
Девојки благодарам. Сега уште да ја најдам втората книга и да се препуштам на уживањето. Инаку, Сеси ништо чудно да ја има кај баба ми книгата или низ дома да ја имам, мајка ми многу пакети со книги ги однесе во подрумот бидејќи нема место каде да се чуваат. Треба еден ден да слезам и се да проверам. Ако не ќе барам навистина по луѓето.
Леле книгава.. Многу бев мала кога ја читав можеби затоа не ми остави нешто многу добар впечаток. Памтам дека за прв пат во книгава се сретнав со фразата "change of heart", прв пат слушнав дека постоеле Packard автомобили и дека ми беше многу досадна ама не се откажав од читање Верувам сега кога би ја прочитала би имала поинакво мислење.