Аmerican Horror story (Американска Хорор Приказна) од вечерва на Фокс лајф со почеток од 23 :35 .Веке видена приказна за опседната кука но овде ке се случуваат повеке морничави работи.Кој е љубител на вакви хорор приказни може да ја изгледа. Погледнав дел од првата епизода на youtube и ми се виде интересна. На имдб е оценета со 8.5 Трае 60 минути и жанрот и е Хорор/драма/мистерија Дали некој знае повеке за серијава?Дали планирате да ја гледате?
Аmerican Horror story (Американска Хорор Приказна) Од толку серии што почнав да ги гледам периодов, за оваа ќе видиме дали сега ќе имам време.. инаку мислев ќе биде на Фокс Крајм, пошо на Лајф до сега вакви немало (освен ако ја земеме предвид Ghost Whisperer). Вечер ако не заборавам ќе ја гледам, пошто ја чекам The Walking Dead на Крајм.. во секој случај претежно сериите ги гледам на нет едно подруго неколку епизоди.
Гледаше некој? Мене многу ми се допадна, интересна е, многу морничава (дури едно време и зажалив што почнав да ја гледам ) и напнато беше цело време. Сепак, ќе продолжам да ја гледам, сега едвај ја чекам новата епизода. Штета што поинтересните серии ги даваат само еднаш неделно.
Jaс ја гледам и многу ми се допадна исто така.Ме плаши девојчето Ади(таа забеганата)и Тејт момчето. Spoiler Се си мислам дека момчето Тејт она кое оди на психолог во куката е поврзан со оваа плавушата,мајката на забеганата Ади Навистина штета што ја даваат еднаш неделно.Неможам да чекам до следниот Понеделник Spoiler и зошто мораше таа студентката на психијатарот да абортира?Да не го стореше тоа ке беше поинтересно понатаму
Прекрасна серија!! Неможев да дочекам па си ја симнав (иако само 6 епизоди има засега) и ги изгледав. Само се надевам дека нема да ја укинат и оваа серија како што обично прават со останатите серии. Инаку, засега најомилен лик ми е Тејт, многу ми е сладок Spoiler и покрај сите глупости што ги прави
Реприза нема.Што се случи?И јас ја гледав на интернет.Ама сецкаше. Spoiler Овој психологот доби повик од неговата студентка дека е трудна,па отиде во Бостон да абортира и да биде покрај нејзе.Оваа пореметената Ади што се појавува во куката како по обичај плука во храната и ја носи кај новите соседи. Другарката на керката на психологот и кажува што видела таа вечер кога Тејт ја преплаши.Тоа на кратко се случи и најважно.И на крај заврши како Вив-жената на психологот му кажа дека сака да ја продадат куката. Инаку серијата е на сезони била
Има реприза, недела во 22 мислам. Spoiler Да, Тејт е поврзан со таа плавата, јас мислам дека се духови сите, и тој, и плавата, и таа слугинката. Нели еднаш таа плавата на слугинката и рече: Ако.... (не знам точно што)... ќе те убијам ПАК. Инаку, не ми се верува да излезат од куќата, само што почна серијава, сигурно ќе ги спречи нешто.
Не не мислам дека си грешка.Во Неделата на Фокс Лајф има тој период Сексот и градот Spoiler за слугинката сигурно е дух,и јас го сфатив тоа кога го кажа тоа болдиранното...а и сега се сетив на едно нешто.Нели оваа плавата кажа на Вив сопругата на психологот дека имала само едно нормално дете покрај останатите кои се со даунов синдром...е можеби Тејт и е син на плавата а немој на крај да испадне дека оној со едното око кое се појавува на психологот кој му вика да ја напуштат куката е сопруг на оваа плавата па ги убил сите.Еден со друг ГАРАНТ се поврзани.
Ја даваа неделата реприза, и еве сега имаше реклама на фокс лајф за во недела во 23 дека ќе биде репризата. Еве баш и Алана имаше напишано во темата за фокс лајф неделата: film-i-tv/foks-lajf-fox-life-t7335/50.html Spoiler За тоа може да си во право, ме замисли сега Само не знам што им е целта
Супер штом има реприза. Spoiler А мислам дека на крај сите ке умрат зошто оваа Ади забеганата постојано им зборува дека ке умрат во куката.Девојчето знае нешто.Која им е целта?Да ги извадат од памет.
Серијата се повеке ме воодушевува БРАВО. Претпоставував дека Spoiler швалерката на Бенџамин не го абортирала детето ама што мораше Spoiler старецов да ја убие? Да не се случеше тоа ке беше поинтересно. И знаев дека Spoiler слугинката била во врска со мажот на плавушата ама не очекував дека била толку способна да стрела и да ја погоди директно во око Едвај ја чекам новата епизода.
Јас мислам дека Spoiler ја уби намерно за да му извлече пари на Бенџамин (така се викаше овој во главна улога нели?) И оваа слугинката сега дух е или не? Зошто Бенџамин ја гледа како млада жена? Ја погоди в око ама дали ја уби тогаш? Да не беше таа што ја пронајдоа закопана, зашто плачеше тогаш, а оваа плавава и рече: е сега засекогаш ќе останеш тука...?
Spoiler Мислам дека нема да му се исплака да го уценува бидејки и Бенџамин знае многу тајни за старецот така да цело време ке се уценуват и ништо нема да добијат ,да да така се вика.Слугинката е дух а Бенџамин го гледа она што го сака капираш? маж беееее да да убиена е и сега е дух ама мислам дека закопаното тело во гробот е мажот на таа плавата...ама и да е таа закопаната мислам дека студентката е поврзана нешто со слугинката па затоа и го рече тоа дека секогаш ке остане таму
Spoiler Не да го уценува, туку му требаа нели 1000 долари или фунти, како беше... А бидејќи Бенџамин не му даваше, овој си искористи прилика... Ќе видиме како ќе биде, многу сплетки има. Еве ако сакаш малку нешто за понатаму што ќе се случи: Spoiler Оваа во главна улога (заборавив ако се викаше ) ќе роди демонско бебе, бидејќи нели не забремени од маж и, туку од тој што дојде маскираниот, а таа не знае. Па после ќе сакале да ја уништат куќата, интересно ќе биде
Од вчера почнав да ја гледам. Ми изгледа доста интересна. Само во понеделник ке има? Јас очекував и вечерва нова епизода
Spoiler Па да ама колку ке му успее ке видиме Инаку Spoiler Претпоставував дека маскираниот тип не е Бенџамин зошто нели тој го фрли костимот а во тој момент кога маскираниот и правеше дете на Вивиен Бенџамин беше во кујната со плавата и разговараа.Ајде да видеме какво братче ке има Вајолет Инаку феминкааа да да,само во Понеделник игра
Пеликуна, гледаше? Само јас и ти гледаме редовно изгледа Сега веќе работиве ми станаа појасни Spoiler Изгледа дека секој што ќе загине во куќата, останува тука. Сега и љубовницата се појави, па ќе има сплетки. И испадна дека никој не е жив, дури и она девојчено има 30 години А тоа телото што го најдоа сепак е на слугинката, затоа остана сега заглавена во куќата. А тој маскираниот мислам дека е плавото дете (леле ама не памтам имиња ) и дека Вивиен има дете од него.
Вчера ја загледав само на почетокот но ништо не ми е јасно. Ќе може ли некој само во кратки црти да ми каже што се случува во серијата?
Женски дајте линк каде што можам да ги гледам со превод вчерашната епизода и таа пред тоа...или ќе морам да симнувам ?