Женцки да ја активираме темата на 5ти септеври ќе има нова сезона т.е тогаш почнува Култ Планирате ли да ја гледате Јас ќе и дадам шанса иако се разочарав од последните сезони
da definitivno ke ja gledam najmnogu poradi politickite momenti sega ama i da nemase politika pak ke.ja glrdav zosto edna od omilenite mi e a najomileni sezoni mi se murder house coven i hotel roanoke samo ne bese nisi special
Ги имам гледано првите три сезони од AHS од кои убедливо Asylum ми беше најинтересна па прекинав. Ќе дадам шанса на новата сезона, ме заинтригира ова со изборите иако не сум баш hyped околу идејата со кловнови. Ја гледав првата епизода и засега имам измешани впечатоци. Прочитав некаде дека Lena Dunham ќе се појави една епизода во улога на радикалната феминистка Валери Соланас. Сакам да видам што има да понуди ако издржам до тогаш... Смееме овде да пишуваме слободно за веќе помината епизода? Spoiler: Спојлер Сара повторно ли ќе ја пратат во лудница?
Првите 3 сезони на AHS ми се допаднаа (омилена ми е 3-та, иако нема шокирачки сцени како 2-рата, сепак заплетите и приказната општо повеќе ми се допаѓаат); 4-тата и 5-тата ми беа катастрофа, за да ми се вратат назад со 6-тата (изненадувачки за мене е колку лоши критики има 6-та сезона, искрено доста уникатна е приказната и успеаа на многу наврати да ме шокираат со некои сцени). Како и секогаш, и' давам шанса на секоја сезона на AHS. Искрено, не ми се допадна нешто баш првава епизода. Spoiler Прво, Американциве се претерано опседнати со Трамп и не ми се верува дека до тој степен драматизираат, не само што ставаат акцент на него во сезонава (очигледно), туку што воопшто се решиле да го вметнат. Искрено, ме нервира тоа. Ме заболе за Трамп и чувствата на Американците. Сакам да гледам хорор. Второ, едно 10 пати се запрашав себе си "што по ѓаволите гледам?!". Многу е нејасно дејствието и осеќам дека ќе го завлекуваат ептен долго. Да, сакам мистериозни заплети, но не сакам ако го форсираат до степен да не сфаќаш ни што е поентата. Но, сепак ова е старт, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите понатаму.
и мене ме нервира тоа што му даваат преголем акцент ...т.е поточно драмата.Демек од 1 избор почнуваат фобии да се развиваат нз шо таму
Прочитав дека рејтинзите за оваа сезона паднале 24% од лани. Најслаба прва епизода од 2012. Spoiler: S07E02 Не разбирам зошто дадилката е сеуште со нив после она од минатата епизода. Па згора на сѐ ја унапредуваат во full-time бејбиситер?! Wait, what? Сцената со кадата нема ни да ја коментирам. Ми немаше логика тоа што Али дозволи оваа да ја пипка иако од километар се познава дека е тежок психопат. Ајви дефинитивно е вмешана во култот, сето ова што се случува околу Али е наместено. Да се кладиме дека Каи е донорот на сперма и дека Оз му е син? Моментот со комшијата: Lesbians! We're under attack!
Одлична 6та епизода иако си искубав коса при крајот Никогаш ништо не е онака како што изгледа во серијава, уште колку ли заплети ќе има?
Може некој да ми објасни за киј по ред беа сезоните? Не го имам гледено одамна Лудница , кука , циркуз ..?
Значи 5.хотел и 6. Реалити шоу тие сезони ми останаа да ги гледам Интересни се или ? Мене 2.лудница ми беше највозбудлива а најдосадна 4.циркуз
Мене лично, 4-тата со циркузот и 5-тата со хотелот ми беа предосадни, додека пак 6-тата со реалиту шоуто ми беше топ.
Луѓе, ја пратите ли новата сезона уште две епизоди до крај Мене ми се допадна повеќе од 4 5 и 6 сезона