Сега го гледав и јас и ми се виде интересен.Само,појаснете ми некои работи. Spoiler Слугинката,плавата жена (Констанс),Тејт,Тревис,тој без едното уво.Сите ли се тие духови? И дали живеат во куќата на семејството? Дали психологот и неговото семејство знаат дека се духови,затоа што Бен си разговараше најнормално со слугинката Само на мене ли ми е многу секси овој Бен .
Spoiler Да, духови се сите, и живеат во куќата освен Констанс-таа живее во соседната куќа. Сите што се убиени во куќата, остануваат тука како духови. Бен не знае, само Вивиен (жена му) почна да ги открива работите, ама ја пратија в лудница поради тоа. И мене ми е многу секси Бен Многу ми беше интересна епизодава, се изнервирав кога заврши Нека ја вратат Вивиен пак во куќата, поинтересно е со неа. И конечно Бен ја виде слугинката стара
Spoiler А што е финтата со таа слугинката.Кога на крајот зборуваше со неа ми се учина дека е онаа перверзната ама после кога ја дадоа во ликот,видов дека е друга стара жена .И сега детето на оваа Вивиен ќе биде нешто како демон. Едвај чекам следната епизода.Во недела ја даваа а во понеделник реприза така или обратно?
Spoiler Слугинката е стара, ама тој само ја гледа како млада. И сега бидејќи сфати дека жена му всушност била силувана, почна да ги разбира работите што се случуваат, и затоа и слугинката конечно ја виде како стара, нели и таа му рече нешто во смисла: Конечно почна да разбираш... Не знам дали ме сфати, го разбирам јас во себе ама не можам да го објаснам Во понеделник е новата епизода, недела е репризата
Spoiler Сфатив,сфатив значи ја гледал како млада и конечно почна да ги согледува работите и за прв пат ја виде како стара.Само уште ова прашање и не те замарам веќе.Значи тие се духови ама сепак другите можат да ги гледат како нормални луѓе нели? А пак на Бен нели му е чудно што оваа слугинката така забегано се понаша.Ама добро на филм се си бива.
Spoiler Да, другите ги гледаат како нормални луѓе, меѓутоа и не можат тие многу подалеку да одат од куќата. Сега ми текна дека за тој со изгореното лице не сум сигурна дали е дух И не ме замараш воопшто верувај, среќна сум кај што гледам уште некој да ја гледа серијава, да можеме да си дискутираме
Jaс не ја гледав целата дека гледав Декстер Ама закачив кога Констанс ја посети Вивиен...и ме интересира како заврши? Spoiler Инаку тој стариот и тој е дух
Spoiler Заврши кога таа една жена и кажа на Констанс дека дете кое е од човек и дух ќе биде извор на зло или нешто како демон.И овој Бенџамин за прв пат ја виде таа слугинката стара.
Ја гледавте вчера епизодата? Мене серијата ми станува се поинтересна и поинтересна. Spoiler Ау,ме изненади тоа со Вајолет,воопшто не го очекував.И сега демек и она е као дух во куќата.А зошто всушност овој без увото си призна за злосторство кое не го направил? Не ми се верува да е поради тоа што кажа ама ќе видеме.
Епизодата беше преинтересна Spoiler И јас воопшто не го очекував тоа со Вајолет И сега дефинитивно Констанс и тој со изгореното лице не се духови. Значи духовите не можат да излезат од куќата. Јас мислам дека призна за злосторството поради разговорот со жена му, поради тоа што таа му го рече. Сега да видиме што ќе се случи со Бен и Тејт бидејќи откри дека тој ја силувал жена му.
Јас пак гледав Декстер неможев да ја гледам серијата ама ветувам дека ке ја гледам на интернет или во Неделата реприза... Туку некој нека ми каже како дозна Бенџамин дека Spoiler Тејт ја силувал Вивиен Spoiler Што се случи со Вајолет?Од кај па сега Констанс и изгорениот не се духови?тогаш зошто се во куката?
Spoiler Тејт го нападна Бенџамин облечен во маската, бидејќи сакаше да ја испрати Вајолет да студира во интернат во Кина, и Бен успеа да му ја тргне маската и виде дека е Тејт. А Вајолет испадна дека е мртва, тогаш кога ги испи таблетите не преживела, и Тејт и го покажа нејзиното тело... А Констанс и изгорениот не се во куќата нели, живеат во близина, тие што се духови не можат да ја напуштат куќата. Гледај ја обавезно епизодата многу е интересна, ќе ти се разјаснат некои работи.
Spoiler Ама ако Констанс и тој без увото не се духови и нели поради тоа што не живеат во куќата тогаш која е нивната поврзаност во приказната . А сега не знам како Бенџамин ќе дознае дека ќерка му е уствари дух и дека не е жива.И дали ќе дознае воопшто.
Spoiler Па Констанс има синови во куќата кои се духови, и мислам дека порано живеела тука, се дури не ги убила мажот и љубовницата(слугинката), а и тој изгорениот тука живеел порано нели, кога подметнал пожар и изгореле жената и децата... Па после се поврза со Бен кога го предупредуваше да си одат од куќата, а и заљубен е во Констанс, затоа се врткаше околу куќата.
Spoiler Аха,значи тоа било работата а јас се чудам што има врска Констанс со куќата ако не е дух.Мислам дека натаму допрва ќе има заплети,сега дури е интересното. Само ми е жал што повеќе пати во неделата не ја дават серијата.Вака,многу во неизвесност не држат.
Mногу интересна почна да ми станува серијава, се повеќе ми се допаѓа Штета што не дават што ќе се случува во наредната епизода, да не чекаме цела недела да помине. Spoiler Не можам да разберам како можат луѓето во куќата да ги гледат духовите ??? Почна многу да ме нервира Тејт сака да манипулира со луѓето, што ако Вајолет, не сака повеќе да биде со него , многу се внесов во серијава. Се наежив кога дознав дека Вајолет е дух.
Баш сакам Вајолет и Тејт да завршат заедно, ама незнам како ќе му прости за тоа што ја силуваше Вивиен..А сега со бебето што ќе се случи?