Ах леле зошто ли го отворив спојлеров Нестрпливо ја чекам новата епизода, претходнава беше уште понепредвидлива Тејт ќе го земам за маж бе, се заљубив
Јас пак го гледав Декстер и не ја гледав оваа епизода.Само крајот го видов и многу ми се виде интересен и језив.Мора да ја гледам во недела репризата.Којзнае натаму што ќе се случува,ќе биде интересно во секој случај. И што сте се попалиле по тој Тејт,премногу е бејбифејс за мој вкус .Ама затоа Бенџамин .
Мислам дека тоа беше последната епизода, нема веќе што да се случува, заврши се. Сега да ја чекаме втората сезона, да се надеваме дека ќе ни ја пуштат и кај нас. Ми се допадна крајов, преинтересна епизода беше. Spoiler Жал ми е за Тејт и Валолет, ама сепак не е безнадежно дека ќе се смират Само не ми е јасно Spoiler Дали бебето е живо или не? Тоа на Вивиен и Бен.
Како последна? Ееее,кој ќе чека 2 сезона.А прашање е дали ќе ја даваат на ФоксЛајф. Баш ме интересира што ќе биде со детето кое го чува Констанс.
Е многу сакам да ја дават и 2та сезона, вчера ми беше многу интересна епизодата. Spoiler Ќе го најдат ли детето што го крие Констанс ? Зошто ја излажа полицијата дека не знае ништо за детето, се плашеше дека ќе и го земат или нешто друго беше во прашање ?
Spoiler Па да, тоа беше, полицијата не знаеше дека тој и е всушност внук, и сигурно ќе и го одземеше. А детето не верувам дека ќе го најдат, заврши приказнава, психопат ќе си биде... Во втората сезона ќе била нова приказна, мислам дека нема да се истите глумци, нова куќа (бидејќи нели пред некое време по нетов имаше оглас дека се продава куќава во која снимале), можно било некој да остане од глумциве ама не знам повеќе
Баш ми одговара Адам за серијава некако Битно Тејт ќе остане, одлично Се надевам дека ќе ја даваат на Фокс Лајф и втората сезона...
едно плус прашање ?! само за оние кои ја изгледаа цела 1ва сезона Spoiler Што мислите она 2рото бебУле дали е Живо или е духче??
http://kat.ph/american-horror-story-s02 ... 46213.html Еве линк јас овде ја гледав. Инаку вторава сезона е многу подобра, ептен ми се допаѓа. Кога излегува сега 2та епизода ?
Вторава сезона е многу подобра од првата. Интересна, мистериозна приказна и подобра глума. Јеssica Lange е феноменална, значи женава е совршена за улогава. Тејт е ми стана многу мил, поубав е со кратка коса. Досега четири епизоди изгледав во 1 здив,ах потполно се навлеков на серијава.
Колку ми е криво што не ја даваат повторно на Фокс Лајф, туку на Фокс Ќе мора и јас да почнам да ја следам на нет, не ми се пропушта ваква серија.
не е фер јас мислев дека во втората сезона ќе се продолжи приказната а не вака крај со крај не можам да сврзам само лудници...