Нова приказна е во втората сезона и секоја епизода е посветена на различна случка. Мене многу ми се допаѓа, далеку е подобра од првата.
Дали само на мене прва сезона ми беше поубава ? океј е 2ра сезона, до 5 епизода сум моментално и мислам дека станува се поинтересна,ама сепак 1ва беше подобра, според мене
Вторава сезона е многу, многу пострашна, ама некако повеќе се приврзав со ликовите од првата. Од вторава ми се допаѓа само Лана, Грејс на пример не можам да ја поднесам, а колку и да е совршен Кит не знам, не ми е толку добар лик како што беше Тејт.
Прв пат слушам за оваа серија по коментарите добра ми се увиде еве ја симнувам едвај чекам да почнам да ја гледам
Последната еп ми беше топ !! Само мислам дека требаа да го убијат Наочара докотор психо а не да го чуваат таму !!! лелеј тоа Сестрата(гавол) ми иде да ја задавам со голи раце !!! мнн ме нервира во фацата !! Како и да е ја чекам следната еп !!
Колку сезони има серијава и каде може да ја гледам онлајн или преку торент? Многу ми е интересна,но незнам кога ја дават на Фокс Крајм.Секогаш гледам една,па заборавам и се ми е смешано
^^^Моментално е 2ра сезона .. јас вчера ја изгледав 9тата епизода ... за оние кои гледаат Spoiler според мене малку беше од повеќе она пеењето !! Што мислите ке остане некој признак од опседнатата сестра? или Ѓаволо веке е во отецот!?
јас ја гледам на еден линк : vplay.ro каде ги има сите серии ама мора да се регистрираш на романски е ... но од дечко ми знам дека за МК не функционира линкот ... види евентуално на некоја др страна ... http://www.watchseries-online.eu/ незнам дали беше тој линк ама може ке се снајдеш
Се снајдов ама сакам од почеток да ја гледам.А овде ја нема првата епизода,дури ни сезона Од првата сезона има само 1,3,и 5 епизода а 3-та и 5-та немаат линкови од каде да се гледа. А од втората има Ама првата ми треба.Сакам да ја почнам од почеток.
Се снајдов и ја изгледав првата епизода.Многу интересна,но на моменти ме збунува. Spoiler Сфатив дека фамилијата се преселува во таа куќа,а таму близнаците умреле.Мажот ја изневерил жената со некоја тинејџерка и затоа се преселиле.Е сега не сфаќам ова детето што прави.Мажот е психолог и затоа кај него оди,ама многу ми е чудно кога го даат него.Исто и комшиката со нејзината внука мислам ми се многу сомлителни.Оваа девојката(ќерката) ќе се сплетка со оној така?Мене најнормална ми е сопругата.А психологот е доста чуден...Некако вечерта станува...Па таа старата ја замислува како млада.Не ги знам ликовите уште
многу ми се допаѓа серијава (на почеток не ми се веруваше дека ќе го кажам ова), а воопшто не сум фан на хорор филмови/серии.. не дека не ми се допаѓаат, туку голема плашливка сум.. и така првите епизоди од првата сезона ги гледав на дневна светлина и со покривање на очите на секои 5 минути потоа се навикнав малце и ја изгледав првата сезона, и сега ја почнувам втората.. првата како што гледам беше некако подобра,ликовите беа поприбрани, немаше многу страшни сцени, немаше секс на секои 5 минути.. ми се допадна се' во првата сезона, посебно крајот.. вторава изгледа дефинитивно пострашна ама сепак ќе продолжам да ја гледам.. oд прва сезона дефинитивно најмногу ми се допадна Тејт, на почетокот страв ми беше од него ама со тек на времето го засакав многу се израдував што го има и во втората сезона спојлер за прва сезона - Spoiler
пак јас ја изгледав и втора сезона и морам да кажам дека многу ми се допадна, на почетокот мислев дека нема да биди толку добра како првата ама супер беше, и мислам дека ако не беше делот со вонземјаните, сезоната ќе беше дури и подобра од првата крајот беше дефинитивно изненадувачки, ама ми се допадна третата сезона изгледа одлично, иако нема некој голем трејлер, само мала сцена - http://www.youtube.com/watch?v=BlSnhM-tIqA сепак едвај чекам да почни третата сезона, можеби и ќе биди најдобрата сезона Spoiler Мислам дека ќе биде повеќе тинејџерска сезонава, па и очекувано беше тоа од креаторите на Гли
Одамна знаев за серијава, ама по насловот не ми се допаѓаше нешто многу (не сум голем љубител на хорори), а не бев прочитала никакви мислења за истата никаде, така што тек вчера, од пуста досада, решив да ја пуштам баш неа (за сите оние кои сакаат да ја гледаат оваа или која било серија, или филм, со ПРЕбрзо полнење и без сецкање, но и без превод - овде: http://www.free-tv-video-online.me/ - лево пишете си го насловот и одете на search, и тоа е тоа). Вчера изгледав 3 епизоди од првата сезона, а денес ја догледав цела, и се навлеков. Серијата едноставно беше предобра, толку извртена, до краен момент непредвидлива, понекогаш ептен езива (најавната шпица никогаш нема да ја заборавам, со мелодијата и сликите), сите ликови беа толку мрачни и комплицирани со длабоко психолошко и психијатриско минато, но сето тоа беше склопено во една совршена целина, неверојатно! И плус, секако, сите глумци беа одлично избрани (посебно Evan Peters - Тејт ). Сега почнувам со втора сезона, и ептен ми е мило што иако приказната е сосема различна, глумците се истите од првата сезона, и верувам дека ќе биде оваа исто толку добра, ако не и подобра од предходната. Spoiler 1. Единствено нешто за што можам да го оправдам Тејт, е моментот кога го запали дечкото на мајка си, поради тоа што овој нели му го уби брат му. 2. Нормално дека Вајолет не би можела да му прости за тоа што ја силуваше и забремени мајка и, но сепак си посакував да останеше заедно со Тејт, прекрасни ми беа, и плус, Вајолет беше единствената личност поради која тој сакаше и успеа да се промени, и стана толку добар и заштитнички настроен. 3. Како може човек да не ги обожава:
Промо за третата сезона, поточно за првата епизода - http://www.youtube.com/watch?v=6wSoVf8nVa8 Уште 11 дена, едвај чекам
линк од епизодата - http://putlockertvshows.me/watch/americ ... 03e01.html конечно!! Spoiler Интересен почеток на сезонава, одлична приказна и добра мистерија.. ама изгледа сум заборавила колку неизвесно завршуваат епизодите од серијава Мило ми е што пак се врати Таиса (Вајолет, сега Зои) и што пак ќе ги имаме Тејт и Вајолет Тејт (Кајл, ама Тејт ќе си го викам ) ми е како и секогаш, пресладок, и баш е добар, ама тоа што му се случи не ме натажи баш бидејќи очигледно е дека ќе го вратат.. Фиона е како и останатите ликови на Џесика Ланг во серијава, навидум силна жена а всушност многу нестабилна некако ми се смачи Џесика да ја гледам само така Корделија и Мисти не ги покажаа баш многу, се надевам ќе имаат некоја важна улога.. Медисон и Квини прават некоја непотребна драма, и Нан изгледа е навистина најпаметна од нив Е сега негативецот, Мадам ЛаЛаури Дефинитивно си е болна во умот, се израдував кога кажаа што и се случило ама крајот многу ме зачуди Не ми е јасно зошто Фиона ја врати од мртвите, и што ќе прави со неа ??
кај сте бе, сама ќе си коментирам ?? нова епизода.. http://putlockertvshows.me/watch/americ ... 03e02.html вчера ја гледав епизодата и сега ме мрзи да пишувам на долго и на широко, само ќе кажам дека не сетив кога поминаа 40 минути Преинтересно беше, многу работи кои ги пропуштив во првата епизода, ги дознав во оваа, а и се откри повеќе за ликовите (Квини, Медисон, Мисти, Maри).. А како што гледам и наредниве епизоди ќе бидат интересни - Spoiler Ла Лаури ќе биде слугинка на Квини, а понатаму ќе се појават духови од нејзиното минато, Корделија и Зои ќе добијат нови моќи...
Епизодава беше ненормално добра Spoiler Мадам Делфин иако не ја поднесувам, не можам а да не се изнасмеам - а и со Квини ми беше пресмешна, кога и правеше јадење ама потоа она со минотаурот, поточно Квини со минотаурот.. А Медисон и Фиона.. Малку чудно ми падна тоа што Фиона толку многу сакаше да ја научи Медисон, и што беше толку добра со неа, ама воопшто не помислив дека ќе ја убие и прво мислев дека случајно ја уби, ама крајот - за наредната епизода - https://www.youtube.com/watch?v=59baP9fkwbU shit just got serious..