Да почнам да ја гледам? Многу го фалат ова она интересен ваков таков.. Ја еден трејлер изгледав и се храбрев 5 дена да ја симнам првата епизода али страшливка голема сум.. хехе
Почни, воопшто не е страшна. Може само малку на некои сцени да се исплашиш ама нема многу(зборувам за првата сезона) а третата не е страшна.. За втората незнам зошто не ја гледав
Значи за 2 недели излага Фрик Шоу, и едвај чекам значи, се надевам дека ќе биде одлично! Значи да ја гледаш 2рата сезона, мене па баш таа сезона НАЈВЕЌЕ ми се допадна По мое мислење, седни и изгледај ја, баш приказната и беше топ Pepperка ми беше најјака, се враќа и во 4 сезона
Колку сезони има? Јас гледав некоја сезона на фокс и појма неам која беше.... П. С кај ги гледате, на која програма?
Првата сезона ми беше добра колку да ми задржи внимание, ама вторава.. Masterpiece. Последните епизоди ме удри и на психа, е до толку е добра. Третава ја маткам со денови. Океј е, ама што знам, некако веќе видено ми е. Паралелно се решив да ја гледам со четвртава кога ќе излегуваат нови епизоди. Е сега, за неа, мене искрено и не ми се допадна кој знае колку, ама се гледа дека ќе биде добра сезона, на ниво на втората би рекла, вака од претпоставка. Туку, Jessica Lange е царица! Во секоја сезона, омилен лик ми е токму нејзиниот. Констанс, Џуди, Фиона, па сега колку ме изненади со Елса, алал Во asylum на крајот ја засакав и Лана, ама кога ќе ми текне колку беше плашлива, плачлива и наивна на почетокот, коса ми се крева. Lily Rabe ми е антипатична уште од прва сезона, во втора дефинитивно ја замразив, во coven едвај ја варам, добро е што ја нема и во freak show. Премиерата на 4та сезона беше токму на 8ми месецов, што би му дошло пред неколку дена. Има три целосни сезони со по 12/ 13 епизоди, не се сеќавам точно колку. Ако си ја фатила онаа со куќата во која што живеат духови, тоа ти е прва сезона, murder house. Втората, според мене најдобрата, се случува во ментална болница, а во третата се работи за вештерки. Четвртава е лоцирана во циркус. Епизодите ги гледам на megashare.info не ми кочи воопшто, ама нема превод. Мене не ми е проблем, ама ако сакаш превод, српски оди на onlineserije.org Spoiler Како што кажав паралелно ги гледам трета и четврта. Кога сум кај трета, Nan ми прираснува за срце, а кучкава Медисон сакам да ја запалат, до толку е. Читам спојлери и другариве ми поткажуваат што ќе се случува, ама не се'. Знам дека сите ќе се борат за тоа која ќе биде суприм, или како и да се вика, знам и која ќе победи. Прашањево ми беше, навистина ќе ја убијат Nan?
Значи јас третата сезона сум ја гледала со вештерки хихихих. 4 ја има на фокс? Кои денови и од колку?
Soundtrackot за Freak show е прејак баш creepy https://www.youtube.com/watch?v=e7sEvJN6kPY Не ја гледам серијава, ама пејачката си ја следам од неодамна па така и дознав дека е саундтрак за новата сезона за ахс спрема трејлерот е доста интересна ама несакам хорор сцени, па незнам ни дали ќе ја почнам некогаш да ја гледам
Почна четврта сезона. Ја гледавте првата епизода? Супер беше, само да не забегаат понатака како што се случи во третата сезона. Добар почеток.
Ја гледав првата епизода од 4та сезона. Очекував нешто повеќе, ама ајде почеток е па неможам да се жалам сеуште. Колку и да е ''ретардирана'' серијава јас пак ќе си ја гледам Следната епизода мислам дека ќе биде подобра.
Дечки, прочитавте дека им одобрија и петта сезона, во октомври 2015? Некаде читав или другар ми кажа, точно и не се сеќавам- Џесика Ланг изјавила дека после четврта сезона се откажува од серијава и нема повеќе да снима со оваа екипа. Вистина е или има надеж? Ја изгледав и втората епизода од оваа сезона. Океј е, некако послаби се епизодиве за разлика од претходните сезони, барем јас така мислам. Имаат појезиви ликови, да; приказната почнува да се оформува, ама не ми е тоа- тоа. Чекам, веројатно ќе изненадат следната среда. И ова, да!
Девојки дали може да ставете линк од првата епизода на четвртата сезона? Не можам никако да ја најдам.
Δ Повели линк: https://kickass.to/american-horror-stor ... 47027.html. Не ми е по ќеиф четврта. Сеуште мислам дека нема да го надминат успехот од прва сезона. И каде има официјална информација дека серијата е обновена?
Мене па премногу ми се допаѓа новава сезона, бесмислено ми е да ја споредувам со претходни сезони кога добро знаеме дека секоја сезона, секоја приказна ќе биде различна, само глумењето си останува исто - на врвно ниво Ликовите во серијава ми се ептен посебни, значи уште од прва епизода во сите се заљубувам Фаворит ми е Џими и конечно нема некоја пореметена улога.. Исто и мајка му ми се допаѓа, во солзи бев кога помислив дека ќе умри Бет и Дот се посебна приказна, незнам која ја сакам повеќе Елса, како и останатите улоги на Џесика во серијава, ми е иста, ја обожавам Од фриковите најслатка ми е Ма Петит, посебно кога се заедно со Амазон Ив Твисти некако мислам дека ќе испадни има некоја срцепарителна приказна, знам дека веќе е излезена епизодата и дека во неа ќе ги има приказните и на Елса и на Твисти ама сеуште ја немам гледано, си ја оставам за вечер, "when the darkness moves in and speaks of mystery. The unknown. When logic loosens its vice grip and the imagination comes to play" Едвард Мордрејк ми е одлична едиција на сезонава и се надевам нема да замине после оваа епизода (и не, фактот што Wes Bentley со години ми е симпатија нема апсолутно никаква врска со тоа )... Најодвратни ми се Денди и мајка му (која е најверојатно најголемата причина зошто е таков) и Дел, и пошто знам дека во епизодава умре некој од фриковите се молам да е тој
Јас мислев ќе ја маткаат уште некое време, ама добро е што работите престанаа да тапкаат во место. Кој би рекол дека Dandy ќе покаже заби... Добра епизода. Делот со Elsa ми се допадна најмногу, конечно ја откри мистеријата. Едвај чекам да видам кои се всушност тајните на Stanley и Maggie. Spoiler Кловнот одвратен, едвај издржав гледајќи го како зборува. Мило ми е што го трнаа, се надевам само дека нема да го вратат некако. Освен секако, ако не се врати со Edward Mordrake. Минатонеделната изведба на Gods and Monsters, се' уште ми се врти низ глава. Прочитавте за Neil Patrick Harris, нели? И уште едно прашање? Што бара Dell тука? Освен тоа што е физички силен, не гледам некоја друга причина.
Сезонава кога почна имав многу слаб впечаток,но се повеќе и повеќе се подобрува и сум повеќе заинтересирана. Со Едвард епизодите им беа одличен начин да дознаеме нешто за ликовите,многу жал ми падна за кловнот. Мислам дека Џими ќе ја засака Меги,а Бет и Дот ќе бидат љубоморни па ќе ја убијат,а нив Елса ќе ги убедува да направат операција за разделување или пак ќе ги убедува да се убијат.