1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Американска програма за слабеење - Бејби клуб 17

Дискусија во 'Диети' започната од sunfemina, 13 септември 2012.

  1. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Денес во дневниот печат прочитав дека Весна Петрушевска отвара клуб за слабеење ' Бејби клуб 17 ' во кој ќе се слабее по американска програма на д-р Мајк Морено.
    Весна лично се уверила во делотворноста, па решила програмата да ја пренесе тука и гарантира 6 кг. минус за 17 дена.
    Целата програма се состои од 4 фази по 17 дена (забрзување, активирање, достигнување и пристигнување), со вклучен план за исхрана и 17 минутно вежбање на ден. Цената на една фаза ќе била 3000 ден.

    Дали некој претходно некаде ја сретнал и се информирал повеќе за оваа програма?
    И дали можеби некој би ја испробал или веќе се пријавил да ја проба? :)

    линк
    http://vest.com.mk/?ItemID=6BA376338B4FEC4A971218E97E4F409A
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.733
    Пол:
    Женски
    БејбиКлуб17

    Не знам дали сте слушнале разбрале за овој начин на слабеење. Се работи за новина, ја носи директно од Америке нашата легендарна Весна Бејби, за сите заинтересирани можете да ја контактирате на нејзиниот ФБ прифил или на bejbiklub17@gmail.com со испраќање на маил адреса и таа ќе ви објасни се. Слабеењево не е ефтинко, како што веќе и напишав и на самата Бејби, во моментов мојата финансиска состојба е во блага депресија предизвикана од топлотниот удар со кој се здоби на последното летување во Грчка, ама при првата финансиска инјекција започнувам. Мислам дека вреди да се проба за на долги стази. На темава можам да ви објаснам подетално за тоа што таа ми го објасни мене а и да споделуваме искуства со тие кои ќе започнат ;)
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.733
    Пол:
    Женски
    БејбиКлуб17

    Драга Ангел ,

    Ти благодарам што покажа интерес за "Бејби Клуб 17" и се надевам дека заедно ќе успееме да ги добиеме посакуваните резултати практикувајќи ја програмата направена од американскиот лекар Мајк Морено, со која јас одблиску се запознав при моето последно патување во САД. Одлучив таа програма да ја споделам овде во Македонија затоа што се уверив дека е функционална и пред се здрава и во неа нема никакви трикови за измама, туку секоја од вас после веќе неколку дена ќе може да се увери во нејзините резултати.

    Дозволи ми да те запознаам со тоа што сé вклучува програмата "17" и зошто всушност се нарекува така. Бројката 17 е значајна во целиот циклус затоа што програмата е базирана на 4 фази од по 17 дена, на крајот од секоја се губат по, отприлика, 6 килограми! Внатре во секоја фаза се изведуваат вежби кои исто така траат по 17 минути. Планот на исхрана и вежбање се следи многу лесно, никогаш нема да се чувствуваш гладна, ќе го изгубиш вишокот на килограми и фамозното "стомаче" и ќе го донесеш целиот организам во топ форма. Она што е исклучително значајно е дека планот на исхрана и вежбање "17" ќе ти го нормализира дигестивниот систем и ќе ти го научи телото како да се бори во иднина со вишокот на килограми. Не станува збор за однапред напишани диети на хартија или крути физички вежби кои се тешки за изведување, ниту пак налудничаво броење на калории кое на крајот на денот те остава да гладуваш и да се чувствуваш без енергија и неисполнето. Целиот план е направен да успееш да ја сфатиш исхраната и вежбањето како начин на живот.

    Суштински е важно да знаеш дека во сето ова нема да бидеш сама. Ќе работиме во групи во кои сите меѓусебно ќе си помагаме. Кога ќе ги следиш резултатите на другите и кога ќе разменуваш совети со другите ќе имаш многу повеќе мотивација да не се откажуваш. Овој систем на "спонзорство" е многу познат во американското секојдневие, а јас сметам дека е време да почнеме да го практикуваме и овде затоа што носи резултати. Затоа во текот на секоја од четирите фази, освен пријателките од групата, и јас ќе ти бидам достапна за разговор во секој момент кога ќе бидеш во искушение да отстапиш од диетата или да ја прекинеш. Заедно ќе постигнуваме резултати и ќе им се радуваме на истите! Сепак целта на крај е да бидеш здрава и среќна и затоа мораш да бидеш храбра и да веруваш во себе!

    Како што претходно реков, планот се состои од 4 различни фази, секоја од нив трае по 17 дена и во себе содржи различен начин на хранење и вежбање. Секоја од фазите ќе ги поминуваме заедно, како планот на исхрана така и термините за вежбање кои ќе ги работиме сите заедно во групата. Постои и петта фаза таканаречена "ПМС Фаза" која се практикува во "критичните денови". Таа фаза е подарок од мене за секоја од вас и ќе ја практикувате по сопствениот календар.

    Првата фаза се нарекува "Забрзување" - во оваа фаза се прави значајно забрзување на метаболизмот со порции за рапидно намалување на килограмите со кои се чисти шекерот во крвта и масните наслаги.

    Втората фаза е "Активирање" - правиме рестартирање на метаболизмот за да се разгради масната наслага во него.

    Трета фаза "Достигнување" - ова е фаза во која ќе научиш како да ги контролираш порциите и ќе се запознаеш со нови фитнес рутини.

    Четвртата фаза "Пристигнување" - јасно означува и самото име дека е последната во чиклусот со која веќе сме стигнале до посакуваната цел. Во неа ги комбинираме првите три фази за да се задржат добрите навики. За време на викендите во неа можеш да ја јадеш својата омилена храна.

    Ова можеби звучи како мал план, но знам дека ќе прерасне во твој личен голем план. Без разлика дали ова е твој прв или 55 обид за слабеење, диета, вежбање, мораш да веруваш дека ова е вистинскиот и дека ќе ти помогне да го оствариш она што отсекогаш си го посакувала.

    Вклучувањето во клубот подразбира и месечна членарина во која се вклучени сите горенаведени активности: заеднично вежбање и план на вежбање, креирање на план на исхрана по програмата "17", советување од страна на специјален тим, постојана поддршка од мене и достапност во секое време на денот. Членарината за една фаза од 17 дена изнесува 3000 денари, со тоа што секоја фаза може поединечно да се уплати, затоа што сакам сама да видиш какви ќе бидат резултите од секоја завршена фаза и задоволно да продожиш со следната. Петтата "ПМС фаза" е бесплатна и се добива као бонус.

    Доколку се ова ти се допаѓа и се сложуваш со условите, те молам одговори на оваа е-маил адреса со тоа што ќе ги оставиш следниве генералии:

    - име и презиме;

    - година на раѓање;

    - телефонски број;

    - килограми кои ги имаш во моментов;

    - посакувани килограми;

    - дали имаш некаков здравствен проблем за кој треба да знам и сметаш дека би бил важен во целиот процес;

    - какви се твоите секојдневни обврски (распоред, слободно време, активности);

    - што најмногу сакаш да јадеш, што не сакаш;

    - дали до сега си практикувала некаква диета и какви биле резултатите од неа.

    Секој примен е-маил со пополнети полиња ќе го сметам за апликација.



    Имаме цел пред нас која треба да ја оствариме. Те поканувам да се приклучиш во "Бејби Клуб 17" и да почнеме да се "топиме". Здравјето и среќата се најбитни, а јас сум сигурна дека имам начин да ти помогнам да бидеш и здрава и среќна.



    Срдечно,

    Бејби
     
  4. Slatkarka94

    Slatkarka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    795
    Пол:
    Женски
    Кажете некоја апликација за фитнес да веж
    бам па нели за исхрана што има ама да биде на македонски јазик....или некоја апликација со превод на македонски јазик
     
  5. Slatkarka94

    Slatkarka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    795
    Пол:
    Женски
    Кажете ве молам