1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Американскиот убиец "Зодијак"

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Dulceee, 23 јули 2012.

  1. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    900
    Допаѓања:
    1.960
    Пол:
    Женски
    Зодијак е псевдоним на американски сериски убиец кој е еден од најпознатите неоткриени сериски убијци во Америка. Бил најактивен во 60тите години на минатиот век. Познат е по своите шифри, писма и познатиот симбол: [​IMG]. Иако имало неколку осомничени, идентитетот на убиецот сеуште не е познат и случајот се води како отворен.

    И покрај тоа што Зодијак во своите писма тврди дека убил 37 луѓе, докажани се само 5 убиства, а две од жртвите преживеале.
    [​IMG]

    Првото убиство го сторил на 20 декември 1968 година, кај езерото Херман, со што започнува серијата на страшни и морбидни убиства кои предизвикале паника и страв кај жителите на Сан Франциско. Убиени се двајца средношколци, David Arthur Faraday и Betty Lou Jensen, но сеуште не бил познат сторителот.

    Вториот пат, на 4 јули 1969 година повторно нападнал пар, Michael Renault Mageau и Darlene Elizabeth Ferrin. Дарлин умрела на пат кон болницата, а Мајкл преживеал. Веднаш по овој настан, убиецот се јавил во полиција и го пријавил убиството, кажувајќи ја точната локација. Нагласил и дека тој го сторил убиството минатата година. Тогаш полицијата започнува по негова потрага.
    Следното убиство се случило на местото кое денеска е познато под името Островот на Зодијак на 27 септември, 1969 година. До сега, жртвите биле убиени со огнено оружје, но третото убиство го сторил на подруг начин. Младиот пар, Bryan Calvin Hartnell и Cecelia Ann Shepard биле покрај езерото. Сесилија забележала дека некој човек, кој бил облечен во црно бил скриен позади дрво и ги наблидувал. Брајан не обрнувал многу внимание на тоа, но кога Зодијак се доближил до нив, со пиштол во рацете, двајцата уплашени му нуделе пари, но тој им рекол дека сака само да ги убие. Овој пат носел маска. Извадил нож и ги нападнал. Брајан се здобил со 6 убоди, но за среќа преживеал, а Сесилија умрела два дена подоцна во болница. По описот на Брајан, вака изгледал Зодијак дента кога ги нападнал:
    [​IMG]

    Петтото убиство го сторил на 11 октомври, 1969 година. Овој пат, жртва бил таксист кој го превезувал убиецот. Кога пристигнале на местото, Зодијак со пиштол го убил таксистот и притоа исекол дел од неговата кошула. Парчето го испратил со писмо во дневните весници, како доказ дека тој е сторител на убиството. Очевидците, деца кои од прозорот на својот дом го виделе убиството, веднаш пријавиле во полиција.

    Ова се жртвите:
    [​IMG]

    Зодијак, паралелно со убиствата, испраќал шифрирани писма на одредени дневни весници, на кои им се заканувал да ги објават доколку не сакаат да се случи уште едно убиство. Но и покрај тоа што секое негово писмо било објавувано во весниците, Зодијак продолжувал со своите убиства. Ова се дел неговите писма:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    И покрај многуте осомничени, полицијата не успеала да докаже ништо. Во 2007 година, новите траги упатуваат на Jack Tarrance, кој во 60-тите бил еден од главните осомничени. Но сепак, случајот останува неразјаснет.

    Пред неколку дена, на Investigation Discovery гледав емисија за него, а го имам гледано и филмот од 2007 година.
    Се издвојува од другите сериски убијци. Освен тоа што сеуште останува мистерија и случајот е неразјаснет, ќе остане познат по шифрираните писма и обидот по секоја цена да и стане познат на јавноста.
    Мислам дека нема слична тема, ако има, нормално клуч.

    Еве го филмот:
    http://www.imdb.com/title/tt0443706/
    Има уште неколку постари.

    Емисијата ја нема на јутјуб. Инаку е True Crimes with Aphrodite Jones
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Diamondkiss

    Diamondkiss Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    38
    Малку чудно што и самово име Зодијак е нели и на хороскопскиве знаци “ Зодијак сајнс“ ...дали има врска или не, не знам...