1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Американски Богови (American Gods) [2017]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од MagsDestiny, 17 јули 2017.

  1. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    [​IMG]
    http://www.imdb.com/title/tt1898069/?ref_=nv_sr_1

    Серија направена според истоимениот роман од авторот Neil Gaiman.
    Американски Богови всушност ни претставува еден поинаков вид на борба во зачеток - за разлика од другите филмови/серии, во оваа се работи за борбата помеѓу Старите и Новите Богови.
    Традиционалните Стари Богови, со митолошки корени од целиот свет, се плашат од потиснување и заборав поради фактот што нивните верници во денешно време сѐ повеќе изумираат или се „заведени“ од страна на пари, технологија и слава кои им ги нудат Новите Богови.
    Шедоу Мун (Ricky Whittle), човек кој само сака мир и скромен живот, по сплет на несреќни настани завршува во затвор. При крајот на служењето на казната го пуштаат неколку дена порано бидејќи неговата сопруга загинува во сообраќајна несреќа. Во авионот, на пат кон дома, Шедоу запознава мистериозен човек кој себеси се нарекува господин Среда (Ian McShane). Г-дин Среда се чини дека знае сѐ за животот и минатото на Шедоу, и му нуди работа - да дојде со него, да му биде телохранител, да прави сѐ што тој ќе му каже и побара, и притоа да не поставува многу прашања.
    Шедоу, немајќи што повеќе да изгуби, ја прифаќа сомнителната понуда од г-дин Среда, и оттука почнува серија на бизарни случувања кои го оставаат Шедоу да се прашува со кого (и со што) точно си има работа.
    Всушност, г-дин Среда е моќно старо битие кое е на мисија да си обезбеди сопствена армија од полузаборавени Богови, како би си ја вратил назад својата стара загубена слава.
    Во серијата паралелно се одвиваат и неколку други настани, со неколку други ликови, кои кон крајот на сезоната почнуваат да се разјаснуваат и испреплетуваат меѓусебе.

    Засега има само една сезона од 8 епизоди кои траат по еден час, а се емитуваа на каналот Starz.
    Втора сезона од серијата е најавена за емитување во текот на 2018. година.

    Серијата изобилува со долги експлицитни сцени, и еротски, и крвави, и гнасни.
    Личното мислење околу серијава ми е многу поделено; не е налик на ниедна друга „мејнстрим“ серија. Самото дејствие е толку заплеткано и чудно, на моменти вџашувачко и по малку одвратно, што во добри 98% од времето не ти е јасно што точно гледаш, но самиот начин на кој е сето тоа претставено, умешно проткаено со сочен/црн хумор и сарказам, прави да е една од најдобрите (по мое скромно мислење) серии кои во последно време се емитуваат/емитувале било каде.
    Кинематографијата е извонредна, актерската екипа е доста солидна, обрнато е прилично големо внимание на деталите, како и на доловувањето на точни обичаи/навики/верувања/митологија, итн.

    Дали некој/а од вас ја гледа/ла серијава, и какво е вашето мислење за неа?
    Се надевам дека ќе има некој кој ќе сака да дискутираме тука за неа :)
     
    На Versace Btch 24, Bender Rodriguez, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.586
    Допаѓања:
    80.673
    Пол:
    Женски
    Јас ја изгледав првата сезона и исто така сум со поделено мислење.
    Приказната успеа да ми се протне под кожа уште на прва - обожавам фантазија и обожавам митологии, па секако сакав да и' дадам шанса.
    Не ми се допаѓа бруталноста во серијата - мислам, се изнагледавме крвови, распарани утроби, органи, „лемење“ екстремитети...:|
    Некои сцени беа одвај сварливи за мојот желудник, НО приказната ми е врв над врвовите. Немам сретнато некоја друга серија со ваква тематика, но воедно и толку контроверзна.

    Има многу метафора проткаена низ сите приказни, тоа многу ми се допаѓа, сакам да анализирам и да толкувам и не ми се допаѓа кога на гледачот сè му се сервира и нема простор за малку уклучување мозок и логика.

    Кога се појави Лаура, мислев дури преку екран ја чувствувам реата на труло и скапано. :tmi: Гадости, гадости. :|
     
    На Versace Btch 24, 1209, Someday и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    Како студент на општа медицина се имам изнагледано и изнафаќано (8-|) толку и такви работи што ќе ми послужат за во наредните 8 животи да имам јак стомак :rofl: така да ништо не ми беше претерано гадно.
    Само не можев никако да го сфатам делот со
    госпожата, Божица или што и да е, што голташе луѓе со вагината ??? :^) :drunk:
    Ми се допадна ептен спојот на Боговите од сите делови на светот, и мислам дека една од најзабавните епизоди ми беше онаа со Чернобог и Зорите, си тераа домаќинлук како просечна македонска/словенска традиционална фамилија :D така што ептен автентично ми беа доловени :)

    Се надевам дека од цел форум не ја гледаме само ние серијава :o баш заслужува дискусија.
     
    На Versace Btch 24 и Mishela им се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.586
    Допаѓања:
    80.673
    Пол:
    Женски
    Тоа беше Африканска божица на плодноста - не памтам имиња, слаба страна ми се. :tmi:
    Мислам дека ќе биде главен негативец во вторава сезона, па да видиме. :D
    Уф, уште ми мириса на скапанко, нема правда. :rofl::worried:

    Хммм, не сум сигурна, но мислам дека и @DzingrlakaDzikica ја гледа, како да видов дека пишала во една од темите за предлог серии. :smirk:
     
    На DzingrlakaDzikica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Мене серијава ме потсеќа на некоја тешка драма. Што знам на периоди ми беше напорна за гледање да не речам досадна. Ама ајде ќе видиме вторава сезона како ќе биде.
     
    На MagsDestiny му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Versace Btch 24

    Versace Btch 24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    1.233
    Пол:
    Женски
    Предобра е серијава иако на некои сцени тотално се згрозував и немав храброст да ги гледам. Сите што се фанови на supernatural мислам дека ќе им се свиѓа серијата. Интересен концепт што скоро сите религии ги спомнаа, како ги спојуваат новите и старите богови ама најмногу ми се свиѓа што иако има толку нереални сцени и надвор од вообичаеното приказната главна се сведува на најобични нешта како изневерување, заљубување, смрт на блиски личности. И уште не можам да си разјаснам кој е антагонист а кој протагонист во целава приказна.

    Се разбира Shadow само знам дека е протагонист, многу ми е сладок колку е изгубен и не знае што да верува
     
    На MagsDestiny му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Guilty as charged! Не отворив тема оти право да ви кажам толку ми се бендиса што не сакав да ја споделувам. :lol:

    Она што мене првично ме привлече беше визуелниот аспект од серијата. Со душа ги чекав понеделниците за да гледам нова епизода. Книгата полека си ја дигустирам, во план ми е паралелно да читам со серијата ама ќе кажам дека ова е еден од ретките случаи кога телевизиската адаптација е подобра од самата книга. Забележав дека оние кои не ја бендисуваат American Gods главно имаат проблем со раскажувачкиот стил на Нил и не можам да ги обвинам. Баш е специфичен.

    Сексот меѓу Салим и Џинот е прогласен за најексплицитен геј момент во историјата на телевизиски серии. :party:
    (прочитав некаде дека си биле другари во приватниот живот, оии)

    Туку, ајде да ја коментираме Лора Мун. За неа најмногу прашина се крена, одвратен лик а сепак е една меѓу главните која успеа да добие и самостојна епизода на самиот почеток.​
     
    На Mishela, MagsDestiny и Versace Btch 24 им се допаѓа ова.
  8. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    @DzingrlakaDzikica искрено, кинематографијата е запрепастувачки добра како за ТВ серија, но стилот е таков да е толку проткаен со метафори и паралели и не знам, еноставно толку збунувачки и по малку одвратни моменти што по првата епизода се мислев дали да ја продолжам, иако обично сакам вакви серии кои те тераат да мислиш. На крај ја продолжив само поради Ricky Whittle, слабост ми е типот :wasntme: и да ти кажам не се покајав. Феноменална е, на многу нетипичен начин.
    Ставам спојлери за ако некој сака да почне да ја гледа да не го спојламе со коментариве:
    Лора ми е пример за типично денешно неизживеано суштество, егоцентрично, материјалистичко, по малку депресивно, повеќе меланхолично, и не знам уште какво. Мисли дека целиот свет треба да се врти само околу неа.
    Огорчена од дотогашниот живот и од тоа што буквално и е куча-посо-куча и ништо друго, откако ќе го најде Шедоу и ќе сфати колку љубовта го прави заслепен и наивен, решава и со него да си поигрува, правејќи си го сопствениот живот малку позабавен, бидејќи воопшто не го сака. Затоа и го струпа в затвор, затоа и го изневери.
    Од сите богови, и стари и нови, и сите други негативци измеѓу, таа ми е најголемиот негативец, само поради кретенскиот карактер (кој за жал пречесто може да се сретне и in real life), па ич немаше да ми биде жал ако Лепреконот си ја земеше паричката по сообраќајката и си заминеше, оставајќи ја таква, полураспадната на сред пат.
    И што ќејф ми се направи на сценана кога го праша Шедоу „are you my puppy“, и овој така ладно ја пресече „no“, а потоа и прстенот и го остави, абе скокав и навивав за него јер заслужува многу подобро од нејзе.

    @Versace Btch 24 мислам дека од некој аспект, серијава остава на секој гледач индивидуално да реши за себе, кој според него треба да е протагонист, а кој антагонист. Сите гледаме со различни очи, сите имаме различни мислења, желби и потреби, па картите се отворени за да се приклучиш кон кој бог сакаш :)
    Освен секако Шедоу, тој е да го завиткаш во ќебенце ко бурито, да му дадеш топло какао со маршмелоус и да не дозволиш никој никогаш да не го повреди, душичка напатена и загубена е :hug:
     
    На Someday, Versace Btch 24 и DzingrlakaDzikica им се допаѓа ова.
  9. Versace Btch 24

    Versace Btch 24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    1.233
    Пол:
    Женски
    Еден од најдобрите женски ликови од сите серии според мене. На почетокот пред да се дознае како умрела и дека го изневерила Shadow мислев дека ќе биде како светица претставена, пошто нели верно го чека мажот од затвор, му припрема забава и за жал умира ден пред он да се врати. И после тоа следи пресвртница гледаме дека Лора уствари била неверна, го изманипулирала Shadow. Очигледно никогаш не му враќала на љубовта и чувствата целосно туку го држела до себе заради корист. По нејзината смрт и враќање назад ко зомби ги користи и злоупотребува сите да ја има неговата љубов и да е до него за да може да остане "жива". Не е карактер за сожалување ама некако ти ствара чувство на емпатија заради депресијата, обидите да се убие и слично. Реков дека ми е еден од најдобрите женски ликови бидејќи нејзината улога (да не сакаш да ја гледаш да е антипатична- како Џофри во Game of Thrones ) е секогаш играна од машки многу ретко е ваков тип на улога да дадат на жена и веројатно заради тоа посветија цела епизода на неа. Ако не ме разбравте пошто филозофирам многу, Лора е лоша и антагонист ама начинот на кој ни се дава да ја гледаме приказната и што збори нараторот не кочи и не тера да покажеме некој вид емпатија спрема неа и да разбереме некои нејизни постапки.
     
    На MagsDestiny му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Versace Btch 24

    Versace Btch 24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    1.233
    Пол:
    Женски
    сега приметив Laura сум пишала место Lora (facepalm)(facepalm)(facepalm):lol:
     
  11. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    Па така и треба да е пишано. Ене и во воведниот пост, сликата што ја имам ставено од сите ликови, им ги пишува и имињата, кај нејзе си пишува Laura Moon. На англиски така се спелува нејзиното име :)
    Инаку, во врска со другото што си го пишала во спојлерот:
    Те сфаќам што сакаш да кажеш, и да, точно е дека ретко се гледаат вакви ликови на ТВ, без разлика дали се машки или женски, и тоа е она кое ми се допаѓа - ова е реален карактер, затоа и имаше толку реални сцени и дијалози вметнати во нереалноста на живиот мртовец, пример онаа сцена кај што седна на шолја да се празни :rofl: токму тие детали уште повеќе ја доловуваа таа суштинска човечност.
    Но, ништо од тоа на ниеден начин не можеше да направи да сочувствувам со нејзе, токму поради тоа што немаше зошто да сочувствувам. Таа не сакаше стварно да се самоубие, само беше меланхолична и жедна за внимание, а бидејќи немаше кој да и го даде вниманието, си правеше такви експерименти за да има што да прави со себе. Затоа и престана со тоа кога го сретна Шедоу, но после одредено време и тој и стана досаден, па затоа го обмисли сиот тој план околу грабежот на казиното, а сите знаеме како заврши тоа.
    Едноставно е таква, размазена, себезаљубена, несочувствителна материјалистка, какви што денес ги има многу, и затоа и е интересен лик, бидејќи е реална, но не е некој за кого треба да ти е жал :)
     
    На Versace Btch 24 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Versace Btch 24

    Versace Btch 24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    1.233
    Пол:
    Женски
    Ја па мислев Lora се пишува на англиски, збунка сум имала :D
    Не знам можеби сите различно ги доживуваме карактерите, секој се води според своите чувства и слично, мене ми ствара емпатија на некои моменти иако си во право дека е крајно размазена, себична и нарцис. Емотивецот во мене секогаш се бори да ги оправда другите луѓе можеби затоа. Инаку ја имаш гледано Scandal? Ако да овој лик ми е сличен со Olivia Pope, треба сите да ја мразиме бидејќи во фундаментот прави грешни и нечовечни работи ама сепак имаме разбирање до негде.
    Мислам дека слично направија со Леприконот, на почеток беше типичен asshole ама кога покажаа тоа со сцените од минатото ми се смени малку мислењето.
    Сепак Леприконот ми има најдобар хумор од сите во серијава :clap:
     
    На MagsDestiny му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    Да, во право си за тоа дека сите различно ги доживуваме нештата.
    Според мене за Лора нема оправдување, ниту искупување.
    Уште од моментот кога го натера Шедоу да оди да краде за нејзе да и биде поинтересно при што го зглави в затвор, па до тоа што ем варајќи го Шедоу всушност и заби нож во грб и на другарка си бидејќи го стори тоа со мажот и, па уште кога оживеа очекуваше другарка и да замижи пред тоа што се случи, и да ја третира како ништо да не се десило.
    А затоа и другарка и ме изнервира што фати ем да ја шие, па уште и да ја развозува до кај што и треба.
    Глупости.

    Инаку, Лепреконот ми имаше опасно ѕверски забавен карактер од почеток до крај. Толку саркастичен, искрен, по малку (ок многу :D) забеган, голем дел од времето пијан, абе талент невиден.
    И многу ми падна жал за тоа низ што сѐ поминал, но баш преку тоа и се виде дека токму минатото го направило да биде ваков, по малку огорчен лик, кој сепак длабоко во себе сѐ уште има емоции. Емоциите и човечниот аспект од него се видоа кога после толку пекање за паричката, имаше шанса да си ја земе и да замине, но тој сепак одлучи да ја врати во Лора и да продолжи да патува со нејзе.

    И кога сме кај добар хумор, Шедоу и г-дин Среда ми имаа незаменливи дијалози.
    На сред сета таа напнатост, или не знаеш што точно се случува, или крвишта летаат на сите страни, и овие двајца само ќе одвалат некоја зелена па да се тркалаш од смеење, а сирот Шедоу во 99% од времето единствена мисла му е wtf is this wtf is that wtf is everything wtf did Wednesday say/did :rofl:

    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
    [​IMG] [​IMG]
    :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Mishela и Versace Btch 24 им се допаѓа ова.
  14. Versace Btch 24

    Versace Btch 24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    1.233
    Пол:
    Женски
    A leprechaun, gay muslim and a dead wife walk into a bar
    hF3yPQ3RgGkbXGGmEqei_Screen Shot 2017-06-05 at 12.19.53 AM.png :rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На MagsDestiny му/ѝ се допаѓа ова.
  15. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Машки
    Изгледана првата епизода. Малку испомешано, чудно, ама забавно :) Ќе ја изгледам и втората епизода дефинитивно. Главниот лик е еден од главните ликови во The 100 ако не се лажам. Што се однесува до ефектите и крвиштата, тие што го гледале Spartacus сигурно ги препознаа истите ефекти кои се и тоа како претерани (искрено малку ми пречи не затоа што е грозно (иако и тоа е до некаде причината) туку затоа што е ептен нереално, на крај на првата епизода во последната сцена имаше едно 50 литри крв).
     
  16. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.353
    Пол:
    Женски
    Too much blood.
    Сега само што ја изгледав првата епизода. Искрено ништо не сфатив.
    Ама ќе продолжам да гледам, иако многу језиви и грозни сцени има.
     
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.586
    Допаѓања:
    80.673
    Пол:
    Женски
    Прочитав дека втора сезона ќе има (конечно) во март 2019, ама сè си мислам да не се некои гласини зашто неодамна читав како ситуацијата со серијата била средно-жалосна. :^)

    Би ја гледала можеби, зашто и онака не гледам никаква друга серија во моментов, ама уште од сега се напнувам кога ќе ми текне на моментот со сите оние мозгања кој-како-што-зошто, оти во последно време ич не ми се гледаат такви серии.
    Оваа ми остави убав впечаток (обожавам приказни со секакви божества), па да видиме, има време до март.

    @MagsDestiny, да не имаш ти некое инфо за серијава? :?:
     
    На Ginger^ и MagsDestiny им се допаѓа ова.
  18. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    Иии, само што си ме тагнала тука, на инстаграм ми излегува ова:
    Screenshot_20181205-184818_Instagram.jpg
    :dance:

    Она е патем, официјалниот профил на Ricky Whittle, што значи дека тоа е конечната дата за премиера.

    Вторава сезона одамна ја завршија со снимање, ама долго седеше во продукција бидејќи имаа проблеми со Starz, каналот кој првично ја емитуваше првата сезона - нешто околу тоа дека некој го откупил каналот па сакал да го затвори, па дека ќе го укинат емитувањето, па петиции потпишуваа друг канал да ги откупи правата на серијава итн., и еве сега испадна дека сепак Starz ќе ја емитува и оваа сезона.

    Како и да е, едвај чекам! (fingers)
    Ова е една од ретките серии за кои трпеливо исчекував наредна сезона зошто е единствена во приказната и развојот на ликовите, па баш ме интересира што ќе се случува понатаму по епската последна сцена од првата сезона :wasntme:
     
    На theowndemon и Mishela им се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.586
    Допаѓања:
    80.673
    Пол:
    Женски
    Епа добро е тогаш, значи не биле гласини. :D
    Не го следам златниот, ама ги читав „гужвите“ околу емитувањето и телевизијата, па дека едно време беше скроз штама околу нова сезона и општо штама со серијата, си реков ја укинаа и оваа...

    Мене само што ми испадна вест од некој чкљ портал, па пак ми текна на серијата и си велам чекај да потпрашам таман да се преброиме колку сме. :D

    Мислам дека @DzingrlakaDzikica ја читаше книгата. Ја меркам одамна и ја маткам по кошнички на разни сајтови, само не знам што да очекувам па некако ја заобиколувам. Интересна ли е за читање?
     
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.810
    Пол:
    Женски
    Баш ми стигна нотификација пред нелој ден.
    IMG_20181206_083858.jpg

    Јас не бев импресионирана од серијата прва сезона, ама не беше толку лоша за да ја прекинам. Си викам. Дај кажете да не пропуштив некој голем мајтап. :|