Судии во Американскиот идол годинава се Randy Jackson, Steven Tyler, Jennifer Lopez. Морам да кажам дека прекрасно се надополнуваат, му даваат на шоуто невидена енергија, посебно Стивен Кандидатите се неверојатно отворени, не се срамат да покажат емоции, да врискаат како луди кога ќе поминат во наредниот круг, или да плачат како мали деца ако добијат не за одговор. Прекрасни, трогателни приказни се раскажани во ова шоу, приказни што доведуваат до солзи, јас си пуштив некоја солза на оваа приказна... http://www.youtube.com/watch?v=VI_TDh3AvJY Па ајде, доколку има некој што го прати, нека пише импресии
Американски Идол (Аmerican Idol) [2011] Ќе излажам ако кажам дека го пратам континуирано,така да нема многу да обесувам. Она што го кажав и претходно,ќе го спомнам тука од пред некој половина час си најдов мој фаворит и сакам да ги растури ...Крис Медина,ме воодушевува од секоја гледна точка. Која магија ја носи човеков во него,просто те тера да се заљубиш во љубовта Мојот идол е токму он ...нормално дека пее прекрасно
Американски Идол (Аmerican Idol) [2011] Оваа девојка разбуди големи емоции во мене. Пред некој ден го видов видеото постирано овде на форумов и од тогаш секој ден барем по еднаш го излгедувам целото и секогаш ми ги буди истите чуства со ист интензитет. Додека го гледам како раскажува за ќеркичката цела сум во солзи. Толку е силна и храбра за тоа девојче. На таквите луѓе може само да им се завидува. Многу девојки би се откажале од своето не родено дете само поради тоа што доктор не препорачува да се роди. Да речеме која девојка во нашата држава во вакви услови би се согласила да одгледува ментално дете. Да се вратам на Американскиот идол. Не го следам континуирано но гледам некои трогателни приказни како овие. Навистина добар избор за жири. На место се луѓето, знаат и да ги советуваат и правилно да им ги оценат способностите, а не како нашиот идол само мајтап и смешки си прават. А и навистина се пријавуваат луѓе што знаат да пеат а не само колку да идат да ги видат жирито. Исто така и оваа приказна возбуди многу емоции во мене. http://www.youtube.com/watch?v=IVG-ViWP14g&feature доказ дека вистинска љубов постои и вреди да се бори за неа, а и Медина прекрасно пее па верувам дека ќе успее. (знам една приказна како еден дечко тинејџер направил сообраќајка со својата девојка бидејки бил пијан. Тој успеал да се извлече, но девојката горела исвесен период а огнот тотално ја унакажал, не личеше на човек. И сето тоа за на крај на дечкото само ептен да му биде жал)
Американски Идол (Аmerican Idol) [2011] Ми се допаѓаат сите,прекрасни изведувачи,ете тоа е идол,а не ова нашево... За жирито немам коментар,професионално сфатена работа,се сожувуваат со животните приказни на пријавените едноставно ме оставија без зборови...Прекрасно
Американски Идол (Аmerican Idol) [2011] И јас не го гледам редовно, чат пат кога ќе прочитам негде дека некој убаво пее. Крис Медина го отворив и иако ретко плачам на филмови, или на вакви реални шоуа, неможев да се соземам. Момчево е, не знам како да го наречам, се што ќе кажам ќе делува премалку. Некои викаат дека не можеш да судиш за човек од прв поглед, но за Крис сум 102% сигурна дека е прекрасно момче и кога камерата ќе се изгасне. Коментарот на Стивен беше навистина прекрасен кога му рече знам дека е добар пејач затоа што ти пее тебе. Исто и момчево ми остави впечаток http://www.youtube.com/watch?v=vInx2aJzziY Ова Американциве се ненормален народ, но има одични поединци, нема што.
Американски Идол (Аmerican Idol) [2011] го гледам редовно, од 1ва до последна епизода....од 7ма сезона па наваму.....али ваков талент тештко се раѓа http://www.youtube.com/watch?v=w0onZKtisfg
Американски Идол (Аmerican Idol) [2011] Хахаха леле оваа крај беше А девојчево ептен ги растресе http://www.youtube.com/watch?v=moby0ageeCE
Американски Идол (Аmerican Idol) [2011] има "таленти" ќути ..... како и да е, после е многу подобро, кога се сваќа серизоно, од кога ќе ги одберат тие 24
Американски Идол (Аmerican Idol) [2011] http://www.youtube.com/watch?v=Q9ArsEYAjQ8 А девојчево е многу слатко и симпатично на еден иритирачки начин А не можам да го најдам на јутјуб делот од аудицијата во Висконсин, еден кандидат кај што прави демек салта и рипа директно врз камерманот и камерата
Американски Идол (Аmerican Idol) [2011] Не е од 2011, ама сепак кога го гледам клипчево се смеам после тоа уште еден добар саат http://www.youtube.com/watch?v=tNvePbYfeiw 1.20 ПРАЈСЛЕС!
Американски Идол (Аmerican Idol) [2011] И јас баш пред една недела го гледав ова видео, третото типче ми е нема што, ептен ме изнасмеа. малку идиотски ми изгледа.
Американски Идол (Аmerican Idol) [2011] Втората типка е од Косово. Се преселила кога се распадна Југославија, баш имаше снимки од војната. Убаво пее http://www.youtube.com/watch?v=F_VtwyrmXvo
Американски Идол (Аmerican Idol) [2011] Девојчето од Косово исто прекрасно пееше. А приметете во 5.27 пишува Црвен крст на Македонија
Американски Идол (Аmerican Idol) [2011] http://www.youtube.com/watch?v=mquyp21atn8 Ме остави без зборови девојчево Инаку се наѕира шемата во идолов. Секоја трогателна приказна ја оставаат за на крај на аудицијата и кандидатот пее ненормално добро. На крај треба да останат само овие последниве и така се најдобри
Американски Идол (Аmerican Idol) [2011] Да бидам искрена - не пратам Идол, но налетувам на по некое популарно видео од победниците или од кандидати што оставиле впечаток. Го гледав и Крис Медина. Несекојдневна и тажна приказна, не ме остави рамнодушна, но сепак... Многу извештачено ми делуваат. Секоја година пласираат и форсираат вакви кандидати, се’ си мислам дека намерно ги бараат за шоуто да добие на популарност. И жирито го прашува како да не знаат: женет ли си, ова она... за да ја каже приказната. Не ми е природно, колку и да ме погоди тажната судбина на дечково. Неправедни судбини, вечна љубов, бегалци од војна = поголема популарност и пари, факт е дека се користат во комерцијални цели.
Американски Идол (Аmerican Idol) [2011] Многу подобаро да се гледа овој отколку Македонскиот, овде има емоции, драма, прекрасни гласови... Па секако се работи за Америка, друго е да си пеач во Америка (а кога си таму си во цел свет), а друго е во Македонија, така да нема како да се споредува... Инаку најмногу ме потресе приказната на Крис, колку убаво девојчето било а сега...
Американски Идол (Аmerican Idol) [2011] На секоја епизода морам да пуштам по некоја солза, толку се соживувам, па плачам или се смеам со натпреварувачите http://www.youtube.com/watch?v=2OoEaj65d2k А на ова си се посмеав http://www.youtube.com/watch?v=YOe_V4bIv3c Who's gonna drive me home?... Луди американци
Американски Идол (Аmerican Idol) [2011] А впечатоци? Мене како фаворити ми се издвоија http://www.youtube.com/watch?v=sQB3tAjDsCc А и дечкото, каубоецот со ептен длабок глас ми е исто многу симпатичен