Американски и британски парчиња облека

Дискусија во 'Мода и стил' започната од Glossy-girl, 3 септември 2012.

  1. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Како што веќе ви е познато овој тренд се повеќе го гледаме низ македонските улици.
    Од блузи, шорцеви, бикини, ташни, фармерки до беџови и накит итн. Бутиците се преплавени со вакви парчиња, а скоро секој сега носи по нешто од ова.
    Дали ви се допаѓа овој „моден хит“, и дали имате нешто со амерички или британски принт?

    Немам ништо купено со ваков принт и не планирам да купам од проста причина што ја си сум Македонка и не ја претставувам Америка или Британија. Не сум видела никој до сега да носи Македонско знаме во Британија, освен иселениците, на пример.
    А и сите изнакупија, не е интересно, сакам нешто по креативно... на пример маички купаќи со македонско знаме, тоа ќе го носам со задоволство, ама вака не ми се прави меракот и сега секоја трета има сличен модел на блуза.
    Ова е само мое мислење. Што мислите вие, голем љубител сте на вакви парчиња облека?

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG][​IMG][​IMG]
     
  2. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Го делам истото мислење со тебе.И мене не ми се допаѓа овај актуелен моден хит да го наречам.Од истата причина како и ти.Како прво кај нас никој не носи алишта со македноско знаме а не пак некаде во странство.Освен тие од играорна.Не би купила и не би носела.
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Ако некој принт е грд тогаш тоа е со американското знаме. Ужасно ме нервира ова знаме, нема никогаш ништо на мене да ставам со тоа знаме. Гад блес америка, мрш!

    Додека за британското сум некако резервирана, ми се допаѓаат некои работи, посебно ако е поврзано со Лондон па тука да има некоја апликација со знамето ок или со некој нивен препознатлив британски симбол како такси, говорница, биг бен итн.
    Сакам јас принтови, ама неможам да го сварам знамето американско кажав.
    Инаку мразам марами со овие два принта од причина што ми личат како знаме заврзано околу врат. Значи би носела ако со знамето има и други деталчиња на принтот, знаменитости или што и да се. Чисто знаме не!

    Ми се допаѓаат посебно накитот
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Новчаничињава се да ги грабнеш и да бегаш
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Ми се допаѓа ташнулево каде во позадина само исцртани се линиите на знаменцето
    [​IMG]

    Блузава е убаа
    [​IMG]
    [​IMG]

    И ташнулево
    [​IMG]

    Чадоров :inlove:
    [​IMG]

    Наочаркиве 8)
    [​IMG]

    Јес да не е знаме принт ама да кажам дека фустанов е љубов!!! :inlove:
    [​IMG]
     
    На antonina, BlackSwan5, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  4. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Јас би, мислам, зошто да не?
    И онака не сум некој патриот па да се тупам во гради за земјава наша - ова го напоменувам од проста причина што во првите два поста сте се фатиле за патриотизмот, а мода и патриотизам ретко се меша, освен во Америка, секако. :)
    А, и боиве од нашево знаме ретко ги комбинирам заедно - не ми одат стилски.

    Би носела повеќе со британски принт, бидејќи повеќе ми се допаѓа како изгледа.
    Американското знаме не ми се допаѓа - со тие ѕвездите и ригите изгледа малце кловновски преработено во пар фармерки.

    Дефинитивно ми се допаѓаат паричниците кои ги постирала rossonerka, баш се да ги земеш и да бегаш!

    Како и да е, повеќе би носела аксесоари и чанти со принт, отколку маици и пантолони.

    Edit:

    Никој не останува рамнодушен на Alexander McQueen и неговите ремек дела.

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  5. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    ?

    Не ми се допаѓа воопшто овој `моден хит` :)
    Немам ни едно единствено парче со ваков принт.
    Воопшто не ми изгледа убаво.
    Зошто би носела облека/накит - со американско знаме !?
    Кој што сака нека си носи, јас немам купено а нема ни да купам во иднина.
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lemonade

    Lemonade Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    222
    Ова стана униформа |( Повеќе гледам со америчко знаме маици, обукви, накит итн итн отколку со македонски. Некој ситен детал пропратен со други џиџи миџи, можеби ќе го носам. Вака јок! :shake:
     
    На pamelche и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  7. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Не ми се допаѓаат принтовите и немам ниту едно парче облека од истиот.
    Се согласувам со членката над мене дека стана униформа па секоја трета носи нешто со британско или американско знаме.
     
    На Lemonade и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    41.158
    Пол:
    Женски
    Meне британскиот ми се допаѓа, ама американскиот од толку што е актуелен ми се повраќа од него.Инаку не би ги носела на мене ни тој ни тој, може некој детаљ со британски, ама парче облека, нема шанси.
    Не го сакам, не ради патриотизам, зошто не сум патриот, туку онака ми е многу шаблонско парче облека.
     
  9. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    826
    Допаѓања:
    602
    Воопшто не ми се допаѓа.
     
  10. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Воопшто не ми се допаѓа...
    Освен накитот што го постави rossonerka :)
     
  11. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Мене ова со американското знаме ич не ми се допаѓа :puke:. Многу грдо ми делува, штознам, дали оти не го сакам американското знаме а и општо САД како држава. Можеби смешно звучи ама многу грдо ми изгледа кога ќе видам блуза или било што со американски принт.

    Додека пак со британско напротив обожавам. Многу поубаво некако делува, а и чинам не е толку популарно. Вака, сите со американски знамиња униформирани.
    Да, би носела со британското знаме, штета што не си купив летото ама којзнае другото можеби. И така, не сакам да ги купувам парчињата кога ама БАШ сите ги носат.

    Секако дека се за пролет/лето. Смешно ми е за во зима. ако воопшто некој ги носи тогаш.
     
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.222
    Допаѓања:
    283.911
    Имам.
    Квалитетот на парчето а и неговата уникатност си го прави своето. Префинетоста во изработката и врвниот квалитет на еден светски бренд и некој фушарски кинески обид да се копира истото не е исто.

    Од принт до принт, а и од фармерки со принт до фармерки со принт има разлика.
    На жалост фушарските се подостапни на пазарот. А и други фактори кои се поврзани со самата држава чие знаме е (конкретно УСА) влијаат за финалната пресудба.

    Сигурно 70% од гардеробата на малиот мој е од Англискиот бренд Хацкетт, па се шета секојдневно со знаменце на него.
    Ги обожава парчињата, исто и јас, воопшто не ми пречи.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Јас па немам воопшто проблем ни со едниот ни со другиот.
    Слични ми се зашто е истата комбинција на бои, добро британското е пооригинално, америчково е малку преѕвездесто и за мој вкус.
    Но немам проблем со ни едното ни другото, може да излезат штосни комбинации ако внимателно се комбинира.
    Накитот со бритиш мотови го има претежно во аксесорис, си имам замено и од говорницата и од знамето и од бигбенот. Како аксесорис не е лошо и го носам.
    Имам една марама баш во амеркански стил, т.е знам како помала ја имам искинато од носење.
    И баш штосно беше со црвени фармерчиња и некое бело маиче.
    Сега стилот ми е тотално различен и не ми се вклопува во мојата замисла али затоа добра е за на глава на одмор кога одам да не добијам сунчаница.
    Се е убаво додека не се претера со него, според мене.
    Во одредни комбинации ми се свија многу, во некои ми е нападно, зависи.
    За накит сум секогаш ЗА, зашто сакам откачен накит.
    Ако е за така јас си имам и маица со знамето на Бразил, баш ми е колоритна секогаш кога ја носам ми иде да заиграм 8)
    И со наше знаме имам, немам проблем што се тиче знамиња во некоја кежуал или летна комбинација.
     
  14. jagotka123

    jagotka123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    1.754
    Допаѓања:
    305
    Пол:
    Женски
    Немам досега ништо купено со ваков принт.
     
  15. NewYorker

    NewYorker Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    95
    Имам маичка-туника со британско знаме,и мн ја сакам.Не ја купив заради мода,туку бидејќи ми се допаѓаше. :lol:
    Иначе летово ја изнаносев,со се стои-шорцеви,фармерки,хеланки..дури и на плажа со купаќи ја носев. :$
     
  16. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Имам :D
    Имам ланче, алка,блузичка, и шарпа(марама) за на плажа
    Со Британско знаме :l: