1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Американски метеж (American Hustle) [2013]

Дискусија во 'Филмови' започната од Elena69221, 24 јануари 2014.

  1. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Со десет номинации за Оскар меѓу кои за најдобро сценарио, монтажа, режија, филм, машка и женска споредна и главна улога овој филм може да се нарече еден од најуспешните од изминатата година.

    Филмот е инспириран според вистинска приказна и станува збор за измамник кој заедно со својата партнерка е присилен (бидејќи во спротивно ќе оди во затвор) да соработува со ФБИ агент за да го внесе во светот на мафијата и моќните политичари во доцните 70тите години.

    Ирвинг Розенфилд (Кристијан Бејл) е човек кој што имал тешко детство и не се откажал на било каков начин себеси да си обезбеди задоволителен живот; тој е врвен измамник кој си го знае местото и има нова измамничка идеја која сака да ја реализира. Иако е нечесен човек, Ирвинг е многу емоционален и совесен кој пробува да ги заштитити и да им помогне на оние кои ги сака и цени во својот живот (ги нема многу). Ирвинг не е атрактивна личност, но има харизма и самоувереност која што ќе ја привлече сексипилната Сидни Просер (Ејми Адамс), која има слично минато како Ирвинг и голема креативна логика и придонес кон неговата идеја. Тие се вљубуваат надополнувајќи се приватно и службено, но нивниот финансиски и емотивен рај има две црни дамки. Првата е жената на Ирвинг, Розалин Розенфилд (Џенифер Лоренс), која е ментално нестабилна пасивно-агресивна млада девојка, несигурна и опасна за Ирвинг со мало дете кое го користи да го задржи Ирвинг. Втората е Ричи ДеМасо (Бредли Купер), болно амбициозен ФБИ агент со нарцисоиден, себичен и проблематичен карактер.

    Од мене има чиста 10ка! :)

    http://www.youtube.com/watch?v=ST7a1aK_lG0

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
    не сум баш сигурна за буквалниов превод на насловот, ако е поинаку кажете, ќе го сменам
     
    На 1209 и boomsleng им се допаѓа ова.
  2. BV87

    BV87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    81
    Mene licno ovoj film mi bese prosecen i dosaden i stvarno ne mi e jasno kako tolku mnogu nominacii za oskar, spored mene daleku podobri se Dallas buyers club i The Wolf of wall street.
    Od mene 4/10.
     
  3. boomsleng

    boomsleng Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    653
    Филмот моментално се води под името Американски Измамници но и овој превод кој си го ставила е соодветен, не е погрешен
    Инаку филмот е одличен, топла препорака до сите да го гледаат
    Мој фаворит за оскар во повеќе категории и тоа најдобар филм, режија, главна машка, главна женска улога - посакувам Ејми Адамс да го освои оскарот затоа што со својата маестрална улога тоа го заслужи, и докажа дека е една од најдобрите актерки во Холивуд моментално, Џенифер Лоренс исто така доста убедливо, уверливо моќно ја донесе улогата која најверојатно ќе и го донесе вториот оскар последователно по минатогонишниот кој го освои за најдобра актерка за филмот Во добро и во лошо на истиот режисер Дејвид О Расел
     
  4. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    И мене Ејми Адамс ми остави силен впечаток. Сосема заслужено ќе биде ако го добие оскарот.

    Јас обично гледам филмови без превод ама за овој филм стварно ви препорачувам да пуштите за да го сфатите полесно. :)