Во тек е 17тата сезона од Америка има талент, досега има излезено 4ри епизоди. Судии се Хајди Клум, Софија Вергара, Хауи Мендел и, секако, Сајмон Кауел. Водител е Тери Крус. Две епизоди изгледав, имаше некои добри настапи, ама ништо посебно не ми се издвои. Нема ништо посебно периодов да се гледа, па ова таман се најде, забавно е и добро за тепање време. Спојлер Првиот златен базер Пишете ако гледате кој ви се допаднал досега.
Омг омг омг Шо гледав?!?! Ептен јако, останав со отворена уста. ПРЕдобро Инаку, Сајмон ми е многу интересен, секогаш е сурово искрен, без влакна на јазикот.
AGT гледам одамна, уште од помала возраст така да и оваа сезона дефинитивно. За сега има некои настапи што ми се допаднаа и мислам дека ветува добра сезона ама има уште време.
Сара е одлична. Лани пееше на Детска Евровизија и заврши втора, а беше и победник на The Voice Kids Poland.
Јас имам гледано неколку епизоди на Јутуб, и преинтересни ми беа настапите.Еден пар знам правеа некои гимнастички акробации, они ми се допаднаа највеќе.А и Софија ја обожавам така што уште поинтересно ми е. А не гледам вака редовно.Треба да почнам